Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
Ја мислам 2026та втора половина Март ќе влеземе во ЕУ.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Oва е опасна теза. Вика дека може да се испере криминал со избори и како таква гледам дека успешно се продава. Ако може криминал да се испере преку избори, а мнозинството гласа за криминалците, тогаш или на мнозинството не му е гајле за тој криминал, не го засега, или па изборите се механизам на санкционирање криминал.
А не се. Исто како што старчето, дедо Љубе мислам дека беше, ТРЕБА да биде осуден и да одлежи некој ден во затвор, иако мнозинството преку петиции и иницијативи бараше да биде ослободен затоа што само си го бранел домот и бабата, така и криминалците во власта треба да бидат судени иако мнозинството ги гласало да бидат на власт.
Ова дека избори стануваат акламација на една апсолутна власт е сериозен проблем. Тоа дека "народот ќе одлучи" оди во спротивност со суштината на постоењето на судската власт. Таа судска власт (треба да) постои баш за да ги заштити ранливите категории од властите, маргинализираните и обесправените индивидуалци од тиранијата на масите, да го заштити човекот од "народот". Таа судска власт не (треба да) ја интересира мнозинството, резултатите на изборите, кој е власт, а кој опозиција.
Таа судска власт денес е покриена со "народот ќе одлучи".

Не смееме да прифатиме "народот ќе одлучи". Тоа е апсолутистички, диктаторски речник и не гледам некој сериозно да го наметне како проблем. Народот ќе одлучи во превод значи дека постои една власт во државата, законодавната и сите други се ефективно укинати и постојат само како декор.

До пред некое време бев против СЈО затоа што е неуставно и како такво опасен преседан. Сега мислам дека не е проблемот во СЈО, туку во самиот компромитиран Устав. СЈО, како привремено решение треба да постои се додека не се создадат услови за нов Устав, распуштање на денешниот состав на уставни судии, менување на критериуми за тоа кој може да стане уставен судија, продолжување на мандатот за да се избегнат уцени и давање дополнителни ингеренции на Уставниот суд за да може да се заштити од законодавната власт. Ова мораме да го направиме, ама искрено не знам дали било кој од денешниве фактори во политиката е спремен или има капацитет за такво нешто.
Изборите немаат никаква поврзаност со СЈО и со судските процеси. Тој што пробува да ги поврзе тие две работи е СДСМ. Со тези од типот не треба да одиме на избори, додека СЈО не си ја заврши работата.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.689
Поени од реакции
23.373
не се плашам имам јас дипломатски имунитет али има притисоци насекаде околу, на работа мажот и е примен со договор, секој контрамитинг или митинг има таа и тој имаат обврска да се појават во автобус и бидат штиклирани и да одат со транспарент (нема да му дадат решение и нема да му продолжат договор инаку), со партиски списоци праќани работници за договор на дело, детето е за вработување, таткото и мајката одат на митинзи (шо да прајме мораме)
Да не се праиме на удрени, знаеме како функционира животот во МК
Приказни за мали деца. Ако народот е решен ќе ги смени, остај ти закани глупости. Како сакаш врти го народот не е спремен, на повеќето им одговара вака
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Мислам дека Србија за 6 години највеќе ќе биде дел од ЕУ. На еден или друг начин ќе го истргуваат Косово. И самите се свесни дека е изгубена борба ама за добри пари ќе го продадат.
ЕУ нема да се шири до 2025та, па макар и САД аплицирале за членство. Имаат доволно проблеми, не им треба увоз на нови. И никој не е будала да им плати за нешто што не е нивно. Продаваат да продаваат финти, и пак ќе ги заебаат, ко милион пати досега.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Изборите немаат никаква поврзаност со СЈО и со судските процеси. Тој што пробува да ги поврзе тие две работи е СДСМ. Со тези од типот не треба да одиме на избори, додека СЈО не си ја заврши работата.
Tвоите одвај два реда од пост стојат наспроти цела планина од пропаганда на владини телевизии кај што СЈО се презентира како политички противник на ДПМНЕ, а Ката како главен опозиционер, со поентирање во делот "вие, народот, на избори треба да ги замолчите СЈО". Не ги ни гледам од таа планина твоите два реда од пост. Се губат. :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Tвоите одвај два реда од пост стојат наспроти цела планина од пропаганда на владини телевизии кај што СЈО се презентира како политички противник на ДПМНЕ, а Ката како главен опозиционер, со поентирање во делот "вие, народот, на избори треба да ги замолчите СЈО". Не ги ни гледам од таа планина твоите два реда од пост. Се губат. :D
Па СЈО е политички противник на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО е исто селективно, и на 90% од неговите припадници пеколот ќе им изгледа како пријатно место, кога ќе дојде време за тоа. Ама повторно, тоа е дел од политичката понуда и реторика на партијата, и нема никаква врска со правото.

Случаите што СЈО ќе ги отвори, ќе се процесираат на суд. И тоа не е никако поврзано ниту со изборите, ниту со тоа дали некој го почитува или не го почитува СЈО.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387

Кога ќе победите на избори значи?
А ја па мислев дека ВМРО е на власт...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Кога ќе победите на избори значи?
А ја па мислев дека ВМРО е на власт...
Не, кога ќе дојде време за тоа. Пред на противникот да му ја скршиш силата, му го кршиш духот. Паметен човек бил Дрангов. :)
 
Супер, само пазете да не се повредите додека чекате.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Приказни за мали деца. Ако народот е решен ќе ги смени, остај ти закани глупости. Како сакаш врти го народот не е спремен, на повеќето им одговара вака
Мал си не разбираш. народо треба да јаде и пие, и во турско не се крена 500.000 македонци на востание туку 5.000 најхрабри, останатите викаа “седи бе не скокај против агите, јади корка леб и држи глата наведната..:“
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
4.271
Поени од реакции
12.975
Кога ќе победите на избори значи?
А ја па мислев дека ВМРО е на власт...
Се додека имаме ваква опозиција ВМРО ќе победуе на избори...
Ах, да и највише мразам коа ќе ги наречат комунисти, тоа не се комунисти. Во СФРЈ таквите биле праќани на превоспитување на голи оток...
 
D

deli

Гостин
Овие зборови можат да се напишат ама за друго време, и тоа буквално. Имено на времето кога директор на БЈБ беше Бранко Бојчески ,сопственик на агенцијата за обезбедување -ОСА, некогашниот Генерал на МВР Горан Стојков, а сегашен политички противник на Грујо, беше дома брутално уапсен пред неговите деца и жена во ноќните часови на спиење со кршење на врата и влечење за коса, но не од припадниците на МВр туку од обезбедувачите на ОСА

па сега ти кажувај дека ова или она било приватна агенција за обезбедување

Да го спомнеме малку и одбивањето на Рада-Ада-јахта за давање на одговори околу приватизацијата на ЕСМ и територијалната организација (која мое Кичево најдобро ја осети и ја осетува сеуште) кога грмеа дека некои прашања не заслужуваат одговор
Слон во соба неможе да се игнора ние бевме на раб на војна цела чета терористи со еден куп оружје се инфилтрира во нашата земја три пати беше гранатирана зградата на владата,два пати нападната караула но поради некакви причини убк,министерство за внатрешни,министерство за одбрана,центар за кризи и остала безбедноста структура не превзедоа никакви мерки да ги елиминираат можните ескалации иако имаа информации најмалку 6 месеци наназат дека вооружена група од косово илегално се инфилтрира во Македонија ова јавно го кажа Хорхе така да која е причината за не превземање на акции со кои оваа група би се спречила да дојде до населено место е јасна.

Двете најсвети нешта на граганите безбедноста и приватност беа нарушени.

Народот беше изигран од дпмне не е тешко за разбирање нели,луксузот кој си го дозволи дпмне да си игра политички игри на сметка со нашата безбедност ке им се врати мегу рогови.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Не, кога ќе дојде време за тоа. Пред на противникот да му ја скршиш силата, му го кршиш духот. Паметен човек бил Дрангов. :)
Најјак виц во нацистичка германија на почеток на 1945 беше “на чекор сме да ја добиеме војната“
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Најјак виц во нацистичка германија на почеток на 1945 беше “на чекор сме да ја добиеме војната“
Баш така. Како што денес некои луѓе во очај слават дводневни притвори. Не треба многу, само врати се на темава неколку страни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom