Димитар Талев - кражба и фалсификат

Оправдувате ли кражбата и фалсификатот на Димитар Талев?


  • Вкупно гласачи
    28
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Според бугарите од 1941 до 1944 година во царството Бугарија се водела граѓанска војна.
Комунистите од Македонија биле против царистите. Кога Црвената Армија стаса кај Дунав, царистите наеднаш станаа поголеми комунисти од црвените ѕвезди на Кремљ.

Значи бугарската војска и полиција носела не-царисти од Софија и ги стрела ладнокрвно кај Перник, исто како што носела "бугари" од Прилеп за да ги стрела кај Дабница.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ние го пцуехме за то шо ви праеше вами, како подршка за вас, од жал и грев
Може, може, ти ке ни лажеш, ние ке се правиме дека ти веруваме :)[DOUBLEPOST=1459430042][/DOUBLEPOST]
Според бугарите од 1941 до 1944 година во царството Бугарија се водела граѓанска војна.
Комунистите од Македонија биле против царистите. Кога Црвената Армија стаса кај Дунав, царистите наеднаш станаа поголеми комунисти од црвените ѕвезди на Кремљ.

Значи бугарската војска и полиција носела не-царисти од Софија и ги стрела ладнокрвно кај Перник, исто како што носела "бугари" од Прилеп за да ги стрела кај Дабница.
Не само комунистите во Македониja, комунистите бeха и во царството насекаде. Ако сакаш да си припамтим един от атентатите во Софиja врз црквата Св. Крал беше извршен от комунистите. :) Затоа некоj да се проба да покаже,дека само во Македониja имало комунисти е повеке от смешно.
Царистите останаха циристи и беха избиени,ако не го знаеше...повели, но не знам како тоа корелира со темава... забегавте во историja.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Не само комунистите во Македониja, комунистите бeха и во царството насекаде. Ако сакаш да си припамтим един от атентатите во Софиja врз црквата Св. Крал беше извршен от комунистите. :) Затоа некоj да се проба да покаже,дека само во Македониja имало комунисти е повеке от смешно.
Царистите останаха циристи и беха избиени,ако не го знаеше...повели, но не знам како тоа корелира со темава... забегавте во историja.
Да бе да, само комунистите во Македонија беа обезглавувани, евреите од Македонија беа праќани во Треблинка.
Не верувам Талев да не го знаел тоа па го прескокнал во книгата.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Во Прилеп имало Власи-гркомани и за тоа има и грчка црква (од 1871), основана патем со бугарски пари.
Само ова сакав да го потенцирам: грчката црква во Прилеп ја посетуваат само гркомани, т.е. погрчени не-Грци, но во бугарската црква сите се Бугари. Јасно, продолжете со дискусија.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да бе да, само комунистите во Македонија беа обезглавувани, евреите од Македонија беа праќани во Треблинка.
Не верувам Талев да не го знаел тоа па го прескокнал во книгата.
Умеша баби и жаби во едно. Комунистите беха несакаде, а не само во териториите на Македониja.
Каде са македонските комунисти и каде е Талев...
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.307
Поени од реакции
3.696
Според бугарите од 1941 до 1944 година во царството Бугарија се водела граѓанска војна.
Комунистите од Македонија биле против царистите. Кога Црвената Армија стаса кај Дунав, царистите наеднаш станаа поголеми комунисти од црвените ѕвезди на Кремљ.

Значи бугарската војска и полиција носела не-царисти од Софија и ги стрела ладнокрвно кај Перник, исто како што носела "бугари" од Прилеп за да ги стрела кај Дабница.
За бугарската љубов кон бугарските прилепчани.

http://www.oldprilep.com/vojna-mir/dabnichkiot-kolezh.html

Масакрот кај Дабница

Сведоштвото на Петко Велкоски, роден во 1914 година во село Прилепец, кој заедно со Тоде Ристески – Келешот од село Дабница се единствените преживеани во колежот кај Дабница, ноќта на 19 септември 1942 година:

„Во петокот вечерта, влегоа во стражарницата Куцаров (Иван Драганов Куцаров, шеф на Разузнавателното одделение на 13-от артилериски полк во Прилеп) и неколку агенти и војници. Ни наредија да легнеме помешечки и ни ги покрија главите со шинели. Не беше тешко да разбереме: во затворот од мавање беше умрел Сотир Дамески од Дабница.
На носила го изнесуваа неговото тело. По некое време пак ни рекоа да легнеме и пак ни ги покрија главите со шинели. Го изнесуваа Рампо Левката – беше пред умирање. Го однесоа некаде во касарната…
Таму и го убиле – и ден-денес не се знае каде е закопан.

Во саботата претпладнето одделија една група од 13 дабничани и 6 прилепчани и не пренесоа во затворот, а сите што беа во затворот пред тоа ги однесоа во стражарницата и коњушарницата. На сите ни беше јасно дека ќе бидеме ликвидирани.

Веќе се беше стемнило кога не изведоа низ една мала врата на касарната. Ноќта беше топла и блага, ама без месечина, речиси, темна. Ја поминавме Дабничката Река, во чие корито, во тоа време, од годината никогаш немаше вода, и излеговме на патот од Прилеп за Дабница. Одевме бавно, зашто ги придружувавме претепаните другари – тие одвај можеа да одат. Се влечкаа потпрени на нас. Не придружуваа триесет војници: пет напред, пет назад и по десет од нашата лева и десна страна. Ги водеше, се знае – Куцаров. Кога излеговме на патот, овој крвник ни рече:

- Знаеме дека има шумкари. Ако не нападнат, сите ќе ја слушате мојата команда!

Тргнавме по патот. Кога изминавме околу два километра од касарната, кај местото Завој, пукна една, па уште една, па уште една пушка. Куцаров нареди да легнеме. Првин легнаа, речиси паднаа, другарите што беа претепани кои не повлекоа и нас. Лежевме на сред пат. Куцаров издаде наредба до обезбедувањето да не остават и да тргнат неколку чекори напред. Сите тргнаа и не оставија сами и легнати по што издаде нова наредба:

- Нишани!

Па веднаш потоа:

- Пукај!

Беа триесет души и секој имаше пушка. Во текот на една или две минути на нас беа испукани сто и педесет куршуми. Грмеше наоколу како да се отвори небото. Некои другари беа смртно погодени и веднаш умреа. Некои беа полесно и потешко повредени. Јас бев сосема лесно ранет: само еден куршум ми ја издраска кожата на вратот.

Јас, лесно ранет, при полна свест, слушав се што можеше да се чуе, гледав се што можеше да се види во темнината. Двајцата другари врзани пред мене беа тешко ранети. Орде Кабацо, со кого бевме врзани за рацете, умираше веднаш до мене, тешко дишејќи и испуштајќи некој пискав глас. Крвта што околу мене клокотеше како мало поточе, беше негова крв.

Слушнав дека некој од оние што пукаа падна во несвест. Го фати крвта, како што велат старите. Тресна на земјата како вреќа. Куцаров побара вода од војниците. Побара матарка. Му одговорија дека никој нема. Поручникот почна да ги пцуе:

- Какви мажи сте кога не можете да издржите ликвидирање на бандити, кои работат против бугарското царство и против царот!

Реков веќе дека имаше другари што даваа знаци на живот. Куцаров оддели една тројка, им нареди да ги стават бајонетите на пушките и да ги доубијат преживеаните.

Почна бодењето…
Првин го избодеа Добрета Јовановски, кој беше пред мене. Додека го бодеа, преку неговото тело, во вратот ме закачи еден удар на бајонет. Ножот ми влезе можеби и цел сантиметар во вратните мускули. Се згрчив и молчев. Знаев: не смеам да давам знак на живот. Почувствував крв. До Добре беше врзан Сотир Џигиџик. Почнаа и него да го бодат. И пак се случи истото: го бодеа, пак преку неговото тело, и пак во вратот, ме закачи еден бајонет. Ми влезе длабоко во вратот. Почувствував како крвта наеднаш плисна и како почна да ми слегува по телото, да ме влажи со својата леплива топлина.

Го избодеа и Сотир. Ја пресекоа ортомата меѓу нив двајца и ги повлекоа неколку метри напред, влечејќи ги за рацете и за нозете.
Се вратија назад. Сега јас бев на ред. Кабацо во меѓувреме умре. Кога дојдоа до мене престанав да дишам. Претпоставувам дека ја видоа крвта што ми течеше од вратот и секако помислија: Готов е! Ја пресекоа ортомата меѓу мене и Кабацо, двајца ме фатија за рацете и почнаа да ме влечат. Главата ми удираше во тврдата правлива земја на патот, но молчев. Ме фрлија над Добре и Џигиџик. Бодењето продолжуваше. Одвреме-навреме ќе довлечкаа нечие мртво тело и ќе го фрлеа на купот, што се повеќе растеше. Тоа значи ќе го фрлеа преку мене. Така сите осумнаесет души. Крв течеше од мене, ама и од раните на телата на моите другари. Почна да ме притиска тежината на мртвите тела што почнаа да студенеат веќе, немав воздух, почнав и здивот да го губам. Толку бев натопен со крв што ми се стори како да сум во казан со врела вода. Тогаш запамтив засекогаш: крвта никако не мириса. Леплива е и тешка, но не мириса.

Кога бодењето заврши, еден од војниците му рапортира на џелатот Куцаров дека ликвидирањето е готово. Јас не гледав ништо, ама се слушав. А и како не ќе слушам кога сето тоа се случуваше на неколку чекори од мене. Свеста ми беше чиста како солза. Куцаров на петмина војници им нареди да останат на стража, крај купот од дваесетина човечки тела, а тој со другите војници тргна назад во касарната – да донесе нова група за стрелање.

Знаев дека не смеам да останам вака: можеби ќе дојдат и ќе ме закопаат жив! Почнав да правам план за бегство. Онаа притаена далечна надеж дека ќе се спасам почна се повеќе да се разгорува во мене. Користејќи ја темнината, со движење на телото, рацете и нозете, почнав да се измолкнувам од купот. Внимателно се ослободив од телата на другарите. Се ослободив – можев да ја кренам главата! Пред мене беа војниците, зад мене касарната, лево од мене ридот, а десно сувото корито на Дабничка Река. Почнав да се влечам кон коритото. Знаев дека не смеам да станам, само се влечкав. Дојдов до работ од патот – долу, на четири-пет метри длабочина беше коритото на реката. Наоколу имаше суво трње. Се фатив за него, тоа под мојата тежина попушти и јас со шум паднав долу. Се открив…

Месечината почна да се најавува со некоја слаба светлина. Војниците почнаа да пукаат по мене, а јас трчав по сувото корито на Дабничка Река и имав само една цел: да влезам во една од браздите што пролетните порои ги избраздиле и бев сигурен дека тогаш ќе се спасам. Тие пукаа по мене, а јас ќе потрчав па ќе легнев, божем сум погоден. Така три-четири пати. На неколку чекори од мене се наоѓаше една голема бразда што водеше на другата страна на брегот. Тоа беа последните неколку чекори што требаше да ги направам. Почнав да ползам – не сакав ништо да ризикувам. Кога влегов во браздата знаев дека сум спасен. Излегов на другата страна на брегот во еден тутун. Трчав, и трчав, и трчав, а устата се повеќе ми се собираше од сувотија. Дојдов до местото Кукул и оттаму, преку Баба Планина, дојдов во Прилеп. Се прибрав во куќата на Павле Павлески и побарав врска со Комитетот. Дојде Борка Ордановски и нему му раскажав се.
На патот меѓу Прилеп и Дабница останаа убиени: Добре Јовановски, Сотка Сотироски, Орде Паноски, Андон Слабејкоски, Киро Ќососки, Адем Адемоски, Димко Мрчески, син му Аце Мрчески, Андон Нунески, Ордан Кузманоски, Алекса Шаламаноски, Андон Нунески, Атанас Нунески, Орде Велкоски, Душан Бешироски, Алекса Бешироски и Тоде Кремчески. Седумнаесетмина подло убиени. Велам: седумнаесетмина, зашто Тоде Ристески – Келешот се спасил.

Вели дека кога припукале, некој куршум му ја скинал ортомата и тој во таа општа пукотница успеал да избега преку ритчето. Можеби е така, не знам…“

Куцаров планирал жртвите од Дабничкиот масакар да ги закопа во песокот покрај Дабничка река но во последен момент се премислил поради можноста телата лесно да бидат откриени и откопани од диви животни…
Изутрината Куцаров заминал со мотор да бара нова локација каде што ќе бидат закопани жртвите…
Локацијата ја нашол во близина на воените магацини кај Црвени Брегови а за да нема сведоци помеѓу стражарите, истите биле заменети со негови доверливи луѓе.
Телата на убиените откако цел ден лежеле на патот, вечерта биле натоварени во камион и закопани во близина на оградата од магацините.
Бугарскиот полицаец Иван Стефанов Неделчев учесник во дабничкиот масакар згрозен од овој чин ја пишува песната со наслов „На хероите во Дабница“

 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.307
Поени од реакции
3.696
Убиени Прилепчани и Дабничани:

Андон Нунески, роден е во 1904 гaдинa во село Дабницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца; член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Ордан Ѓорев Кузманоски роден е 1905 година во село Дaбница.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца, член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Гога Нунески, роден е во 1898 година, во село Дaбница, а живеел воПрилеп.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца. Народноослободителната борба ја помага материјално и морално, а особено се истакнува со пpeнecyвање на прехранбени и други артикли од градот во селото Дабница за потребите на Партизанскиот одред „Димитар Влахов. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Душан Перев Бешироски е рoден во 1909 година во село Дaбница.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на две деца. За време на окупaциjaтa активно ja помага Народноослободителната борба и е еден од наjактивнитe во помошта на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Аце Димов Мрчески е роден 1925 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; ученик, неженет, член на СKOЈ во Прилепската гимнaзиja. Бил секретар на Воениот комитет во селото и курир на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Димко Тошев Мечески е роден 1894 година во во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на пет деца. Како кметски намесник ги извршува одлуките на партиската ќелија и на воениот комитет, а наредбите на окупаторот ги саботира или не ги извршува. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патотПрилеп – Дабница.

Атанас Нунески е роден е во 1912 година во во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца. Активно ja помага Народноослободителната борба. Бил кандидат за член на КПЈ. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Алексо Стеванов Шаламанов е роден 1913 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на едно дете. Бил член на КП] и претседател на Воениот комитет во селото. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Добре Цанев Јованоски е роден 1915 година во Пpилeп.
По занимање бил дипломиран правник. Во антифашистичкото движење работел од 1938 година. Пред војнатa станал член на КПЈ. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Алекса Миланов Бешироски – Ставре е роден во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на едно дете. Бил секретар на партиската ќелија во селото, член на Воениот комитет и комесар за снабдување на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Ордан Иванов Велкоски роден е во 1912 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца; член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Киро Ѓорев Ќососки е рoден во 1919 гoдинa во Пpилeп.
По занимање бил шивач. Како активист во Народноослободителната борба бил ловеќепати затворан и интерниран. Последен лат е затворен од страна на бугарската окупаторска фашистичка пoлициja. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Тоде Орданов Кремчески е роден 1919 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца. Бил заменик на секретарот на Воениoт комитет во селoтo. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Ордан Димков Паноски – Кабецот е роден 1922 година во Прилеп.
По занимање бил кондураџија. Бил член во работничкото движење уште пред вojнaта. Бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење воПрилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Андон Миланов Слабејкоски е роден во 1917 година во Прилеп.
По занимање бил бербер. Активно работел за Народноослободителната борба од 1941 година, во септември 1942 година бил откриен и затвoрен од страна на бугарската окупаторска фашистичка пoлициja во прилепските касарни. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патотПрилеп – Дабница.

Сотка Ѓорев Сотироски – Џигиџик е роден 1919 година во Прилеп.
По занимање бил работник. Како активист во Народноослободителната борба, во септември 1942 година, бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Адем Мамут Адемоски е роден 1923 година во Прилеп.
По занимање бил опинчар. Рано се приклучил кон Народноослободителната борба. Во неговата куќа била сместена партиската техника за пeчaтење на летоци. Бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.

Сотир Дамески е роден 1894 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на седум деца. Бил член на Воениот комитет и помошник комесар по снaбдyвaње (на маало). Уапсен е на 14 септември 1942 година.
По неколкудневно садистичко мaчeње во прилепските касарни маченички починал во попладневните часови на 17 септември 1942 година

Рампо Левков – Левката е роден 1909 година во Прилеп.
По зaнимањe бил адвокат. Пoтекнува од сиpoмашно, занаетчиско ceмejcтвo. Во антифашистичкото движeњe работел уште за време на стара Jyгocлaвијa. Поради неговата активност во борбата против фашизмот, бил откриен и затворен во Прилепските касарни од бугарската фашистичка пoлициja на 15 септември 1942 година,. По неколкудневно садистичко мaчeње e убиен на 19 септември 1942 година. Прогласен е за народен xepoj на 5 jyли 1951 година.

Петко Велкоски, кој ја имаше среќата во ноќта на 19 септември 1942 година, при стрелањето да го погоди само еден куршум, а при бодењето да биде двапати несмртоносно боден, лежејќи ранет под мртвите тела на своите другари. Со натчовечки напори успева да се извлече, и се спасува за да биде жив сведок на овој морничав настан.
Слава им!
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Постоењето на бугарската нација е една огромна историска лага. Самите списи тоа и го кажуваат. Порано зборот бугар значел селанец. Значи сите кои што живееле на село ги нарекувале бугари, дали било тоа македонско, српско, грчко, босанско, хрватско село, секаде зборот селанец бил синоним за бугар.
Што направиле ,,бугарите"? Ги земале овие списи и утрдиле дека секој селанец е бугар. Значи тие за да го оправдааат своето потекло требале да лажат дека поимот бугар е синоним за национална припадност, што нема врска.
Според бугарските изопачени толкувања на историјата сега треба да заклучиме дека и во Хрватска и во Босна, Словенија, Грција и Македонија живеат бугари.
Но, затоа што Грција и Србија имале свои држави, единствено им останало да се фокусираат на Македонците. Така немајќи своја историја тие ја преземаат целата наша историја и со потплаќања и манипулации на сиромашниот народ сакаат да докажат нешто што се коси со секаква логика.
Затоа на бугарите отсекогаш трн во око им било постоењето на Македонската нација и држава, затоа што доколку постои Македонија и постојат македонци нивната историја се сведува на едно огромно ништо.
 
Член од
29 јуни 2012
Мислења
118
Поени од реакции
38
Постоењето на бугарската нација е една огромна историска лага. Самите списи тоа и го кажуваат. Порано зборот бугар значел селанец. Значи сите кои што живееле на село ги нарекувале бугари, дали било тоа македонско, српско, грчко, босанско, хрватско село, секаде зборот селанец бил синоним за бугар.
Што направиле ,,бугарите"? Ги земале овие списи и утрдиле дека секој селанец е бугар. Значи тие за да го оправдааат своето потекло требале да лажат дека поимот бугар е синоним за национална припадност, што нема врска.
Според бугарските изопачени толкувања на историјата сега треба да заклучиме дека и во Хрватска и во Босна, Словенија, Грција и Македонија живеат бугари.
Но, затоа што Грција и Србија имале свои држави, единствено им останало да се фокусираат на Македонците. Така немајќи своја историја тие ја преземаат целата наша историја и со потплаќања и манипулации на сиромашниот народ сакаат да докажат нешто што се коси со секаква логика.
Затоа на бугарите отсекогаш трн во око им било постоењето на Македонската нација и држава, затоа што доколку постои Македонија и постојат македонци нивната историја се сведува на едно огромно ништо.
Ти дете да имаш 10 години возраст бидејќи не можам да мислам дека возрасен човек би напишал такви глупости -Значи селаци .... е арно -Тогаш армијата која ја водел "вашиот":D цар Самоил била од селаци, зашто и "вашиот" :confused:македонски император бил наречен -убиец на селаци -по твојата логика !!!:pos:
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.666
Поени од реакции
736
Само ова сакав да го потенцирам: грчката црква во Прилеп ја посетуваат само гркомани, т.е. погрчени не-Грци, но во бугарската црква сите се Бугари. Јасно, продолжете со дискусија.
Сосема нормално е поради фактот дека според сите извори Грци во Прилеп немало, а Бугарите биле мнозинство.
Изворите се грчки, турски, германски и бугарски.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.307
Поени од реакции
3.696
Сосема нормално е поради фактот дека според сите извори Грци во Прилеп немало, а Бугарите биле мнозинство.
Изворите се грчки, турски, германски и бугарски.
Значи по твое постоеле слободни бугарски прилепчани кои биле окупирани од бугарските фашисти за да на крај бидат ослободени од бугарските ослободителни сили?

Куцаров што бугарин бил?

Ти дете да имаш 10 години возраст бидејќи не можам да мислам дека возрасен човек би напишал такви глупости -Значи селаци .... е арно -Тогаш армијата која ја водел "вашиот":D цар Самоил била од селаци, зашто и "вашиот" :confused:македонски император бил наречен -убиец на селаци -по твојата логика !!!:pos:
Да не случајно војниците биле од Париз па да ги нарекле парижани. Од село = селани
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
топа некој е нај квалитетнијат автор што се родил на македонски простори и тоа ,,некое дело'' треба да го знае на сон секој македонец таму е опишана душата на лугето што живеели во македонија
Кој е бе овој, па уште најквалитетен да биде? Како првпат слушам за него?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ти дете да имаш 10 години возраст бидејќи не можам да мислам дека возрасен човек би напишал такви глупости -Значи селаци .... е арно -Тогаш армијата која ја водел "вашиот":D цар Самоил била од селаци, зашто и "вашиот" :confused:македонски император бил наречен -убиец на селаци -по твојата логика !!!:pos:
Нема ваш или наш. Ти си исто Македонец колку и јас, само што твоите предци за ситна пара се одродиле од матичната нација и свесно прифатиле да бидат нечии пиуни и подлизурковци. Никогаш не е доцна да се оградиш од предавничкиот ген кој го носиш и да се вратиш во старото јато, иако засекогаш ќе ја носиш предавничката лузна на твоите предци.

Македонската нација има свој историски континуитет минимум два милениуми пред да се појави зборот бугар(како синоним за селанец).
Секое негирање од страна на вештачки створена нација како бугарската е во најмала рака смешно и се коси со здравиот разум.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.666
Поени од реакции
736
Значи по твое постоеле слободни бугарски прилепчани кои биле окупирани од бугарските фашисти за да на крај бидат ослободени од бугарските ослободителни сили?

Куцаров што бугарин бил?


Да не случајно војниците биле од Париз па да ги нарекле парижани. Од село = селани
До 1941 година постоеле прилепчани кои биле Југословенски државјани, во периодот 1941-1944 постоеле прилепчани кои биле бугарски граѓани. Имале истите права како сите други бугарски граѓани.

Прилеп е ослободен по воени дејства меѓу бугарски и германски војници, на крајот на битката пристигнуваат со огромно одложување две бригади ветени од Апостолски - 12-а и 13-та бригада, кои биле под команда на бугарскиот полковник Младенов.

За Куцаров немам податоци. Во моите извори поручник Иван Куцаров нема
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.307
Поени од реакции
3.696
лелелеле бугарите ги избркале германците... што се не ќе прочита човек...

Зошто ова не можев да го прочитам пред 15 години па да го викнам дедо ми да ти објасни во прво лице како ве бркале и тепале и едните и другите од Пелагонија па се до Сремски фронт...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom