Жени со машки презимиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Fitonija
  • Време на започнување Време на започнување
Која е таа сериозна институција која не бара извод на венчаните каде се докажува брак? Навистина не си во право. Ако некој не бара, тоа е голем пропуст на вработениот и може ДЕБЕЛО да заглави. Веќе реков дека може да има Петковска и Петковски, а да не се во брак, ниту пак се некој род. Секако има и двајца Петковски, кои не се во роднински релации. Ова е неточно дека не се бара доказ за брак. СЕКАДЕ СЕ БАРА ДОКАЗ ЗА БРАК, каде што е тоа потребно. Демек, јас и татко ми имаме исто презиме... и ќе ни се признае ли брак само заради исто презиме? Или со некој братучед. Или кој и да е со кого имаме исто презиме? Смешно е тоа да се каже.
Ако мислиш дека тоа е еволуција... веднаш ќе ти кажам дека е тоа дебилна еволуција. Неценење на сам себеси. Срамење и непочитување од своите национални особини. Само така терајте, ќе успееме да го уништиме македонскиот народ, како белег. На крај... ајде и јазикот да го укинеме, да зборуваме англиски... попрактично здравје.

Прошетај подалеку од прилеп па ќе видиш дали е така или не е.

Ајде бе сега ова било неценење или непочитување... Дали Блаже Конески со промените што ги направил исто не го ценел јазикот и нацијата? Тој направил многу порадикални промени него ова...

Да, еден ден сите ќе збориме англиски или кинески или некој трет јазик, не само ние, сите. Еволуција на човештвото
 
ако си петковски/ка (значи од фамилијата на Петко) која еволуција ни објаснуваш овде инајџија еден
 
Само не сфаќам како е полесно да докажеш во брак ако имате различни презимиња отколку Петковски/Петковска :toe: Затоа се издава документ со кој се потврдува бракот и го покажуваш сегде кај што ќе биде потребно.
 
ако си петковски/ка (значи од фамилијата на Петко) која еволуција ни објаснуваш овде инајџија еден

Едно презиме. Тебе фамилијата на петко ти е јасна приказна на некој од норвешка таа една буква му прави забуна.
 
Јас ко учев на правниов имаше неколку можности за презиме.
Жената го задржува моминското.
Жената го зема од мажот.
Жената го задржува моминското и го додава на тоа од мажот.
Жената го зема од мажот презимето и на тоа го додава моминското.

Од каде побогу изникна ова со „фамилијарно" презиме.
 
Само не сфаќам како е полесно да докажеш во брак ако имате различни презимиња отколку Петковски/Петковска :toe: Затоа се издава документ со кој се потврдува бракот и го покажуваш сегде кај што ќе биде потребно.

Не е полесно, потешко е. Во 95% од државите во светот ако имате исто презиме и притоа заеднички сметки итн, не ти треба доказ дека сте брачен пар, тоа се подразбира, едноставно не бараат ништо. Ако немате исто презиме може да биде проблем, а може да биде и огромен проблем ако некој почине на пример, па банката/државата ти ги замрзне парите/имотот дур не докажеш дека сте брачен пар. Ова е релативно редовна појава на запад на пример.
 
Прошетај подалеку од прилеп па ќе видиш дали е така или не е.

Ајде бе сега ова било неценење или непочитување... Дали Блаже Конески со промените што ги направил исто не го ценел јазикот и нацијата? Тој направил многу порадикални промени него ова...

Да, еден ден сите ќе збориме англиски или кинески или некој трет јазик, не само ние, сите. Еволуција на човештвото
Не треба да одиш подалеку ни од Зрзе за да докажуваш брак. Онаму каде што треба доказ за брак, ти бараат извод на венчани. Вака ќе испадне дека Џорџ Вашингтон и Дензел Вашингтон можеби биле во брак. По презиме. Со временска машина.
Па, Блаже Конески делувал по директива. Точно е дека се направени промени за поголемо оддалечување на нашиот јазик од бугарскиот. Но тоа е друга тема.[DOUBLEPOST=1459248993][/DOUBLEPOST]
Јас ко учев на правниов имаше неколку можности за презиме.
Жената го задржува моминското.
Жената го зема од мажот.
Жената го задржува моминското и го додава на тоа од мажот.
Жената го зема од мажот презимето и на тоа го додава моминското.

Од каде побогу изникна ова со „фамилијарно" презиме.
Презиме може секој да избере какво што сака. Не станува збор за правни норми (кои ги читаат на младенците при „регистрација“).
 
Не зборувам за правни норми, зборувам делче/извадок од семејното право како можности и практики во Македонија околу презимињата кај момата која склучува брак :) Инаку јасно е дека секој можи да носи презиме какво што сака, со одредени правила при одредување и ограничувања (пример да не го навредува јавниот морал)
 
Едно презиме. Тебе фамилијата на петко ти е јасна приказна на некој од норвешка таа една буква му прави забуна.
знаеме дека од Милан стануваш Мајк/Мич , од Јован - Џон таму кај шо си ти и сте поголеми патриоти од Гемиџиите што биле

едноставно кај нас културата е таква, а тебе должност ти е да објасниш зошто презимето ти е такво
 
од Институтот за македонски јазик
Женското презиме во Македонија
Грижата за зацврстувањето на женскиот облик на презимето треба да биде рамна на грижата што ја пројавуваме како народ спрема сите артефакти од нашето духовно културно наследство!

Заедничка сметка во банка, имот, наследнство
за некои работи (кредит) се докажува со документи од матична евиденција, за други работи пример за заедничка сметка полномошно со потпис од лицето.
 
Не е полесно, потешко е. Во 95% од државите во светот ако имате исто презиме и притоа заеднички сметки итн, не ти треба доказ дека сте брачен пар, тоа се подразбира, едноставно не бараат ништо. Ако немате исто презиме може да биде проблем, а може да биде и огромен проблем ако некој почине на пример, па банката/државата ти ги замрзне парите/имотот дур не докажеш дека сте брачен пар. Ова е релативно редовна појава на запад на пример.
Значи овие со исто презиме кои веќе имаат заеднички сметки не мора да докажуваат, дека се во брак. Но пред отворањето на сметката тоа веќе еднаш го докажале.
И јас со жена ми имам сметка и не докажувам дека сме во брак за да ги вадам парите од банка, а исто и она иако презимето и е во женска форма. А и ако се со различно презиме не е некој голем проблем доколку треба да приложиш и плус документ. Го направи како којзнае колку да е комплицирано докажувањето.

Ако некој почине што правиме ако пример наместо неговата сопруга во банка отиде снаата од братот, што има исто презиме? :D
Така лесно ќе ја одмрзнат сметката и ќе и ги дадат парите без да докаже дека била во брак со починатиот? :D
 
Прво на запад заедничка сметка обично гласи Мр Х и Мс Х БЛАБЛАСКИ... Ако сте со различно презиме треба да гласи Мр Х БЛАБЛАСКИ и Мс Х БЛАБЛАСКА. Во првата ситуација доволно е да се однесе заедничка сметка. Во вториот случај ДА се бара доказ дека сте земени. Докажувањето не е проблем ако се имаат адекватните документи ама е проблем ако си во странство а ги немаш па треба да се маткаш со преводи итн, тоест покомплицирано е реално нема потреба.

Второ работите стануваат многу уште покомплицирани ако некој почине ко што кажав. Има случаеви каде и неможе да се најдат докумените или да се извадат нови толку брзо и лесно а пари тогаш баш ти требаат (погреб едно друго). За мене ова е компликација за џабе. Има случаеви кога еден од сопружниците не ни знае дека другиот има/имал имот кој е оставен во наследство или едноставно не биле дел од цела таа приказна, на пример бизнис кој го водел еден сопружник. Тогаш станува уште потешко па покрај документи ти требаат и изјави на сведоци заверени во полиција/суд/амбасада зависи од државата. Ај што тогаш треба да докажеш дека сте било во брак ама треба да објасниш и зошто презимињата се различни и тоа повторно е џабе компликација плус ќе се изгуби повеќе време а нема потреба. Јас ова како банкар го имам видено повеќе пати и сум бил во не толку пријатни ситуации со нашинци овде така да за мене е полесно и правилно она што го напишав. Мислам дека е и подобро цела фамилија да има едно исто презиме. Воопшто не ми смета тоа што е граматички неправилно.
 
Прошетај подалеку од прилеп па ќе видиш дали е така или не е.
Као демек ти шетан човек си, еволуција и слично.
Јас ти гарантирам дека барем 30% од тие што се во брак и носат машко презиме, за ѓезве, викаат џезве, коњ, множина коњови(еви), вторник е фторник, леб е леп итн.
Проблем не е кај луѓето туку во институциите, има казни од неколку илјади евра за непочитување на литературниот јазик, ама и тие што казнуваат се неписмени.[DOUBLEPOST=1459287432][/DOUBLEPOST]
Јас ко учев на правниов имаше неколку можности за презиме.
Жената го задржува моминското.
Жената го зема од мажот.
Жената го задржува моминското и го додава на тоа од мажот.
Жената го зема од мажот презимето и на тоа го додава моминското.

Од каде побогу изникна ова со „фамилијарно" презиме.
Епа, делот жената го зема од мажот презимето, неписмените незнаат дека постојат родови во нашиот јазик и мислат дека презимето не може да менува наставка ски-ска, ов-ова или како што го имам слушнато еден наш фолк пејач, жена му го земала оргиналното презиме на мажот.
Инаку фолк пејачот има завршено, средно каубојско во Кавадарци и тоа 3 годишното, попознато како специјалката. Од вакви опиноци си патиме.
 
Последно уредено:
Ами шу прајме со Смитовци и уште толку Џонсони во САД. Сите со исто презиме може да делат смета како да се во брак.
Во првата ситуација доволно е да се однесе заедничка сметка. Во вториот случај ДА се бара доказ дека сте земени. Докажувањето не е проблем ако се имаат адекватните документи ама е проблем ако си во странство а ги немаш па треба да се маткаш со преводи итн, тоест покомплицирано е реално нема потреба.

Второ ...
не може со сметка. Нам овде од банка како доказ за брак ни побараа извод од венчално такозвана венчаница. И за Австралија ни побараа извод од матично такозвана венчаница, преведена и заверена од судски преведувач. За доказ за родители се приложуваат исто изводи од матично.
Сигурно и во други земји не е доказ исто презиме. А башка тој муабет, којзнае колку мал % од помодарите одат во странство за кредит.
Наводно доказ за брак...Се обидов да најдам некој доказ за она што го тврдиш со руски имиња во САД. испадна баш и не држи вода заедничко презиме.
Олга Бакланова Назимова, Михаил Баришњиков и Лиза Рајнхарт, Михаил Чехов со Ксенија Карловна Зилер и Олга Чехова...Лила Кедрова и Ричард Хауард, Маргарита Левиева, Наталија Рудакова, ...на страна фактот што не "смениле" пол, повеќето немаат допирни точки во презимињата, како тие ќе се користат како доказ за брак.
Едноставно е, ниту е коректно, ниту е практично менување презиме на ваков начин. Ако некој овде е по модата или се вади дека во странство мисли ќе биде успешен, тоа е друг муабет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom