Пријателски натпревари

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
лалана кога ке порасне, сака да биде Гризман...
 
Хумелс излезе и потоп , Тах и Рудигер не ги коментирам овие не се за во репрезентација .

Варди :cuc:
 
Ако Ходсон ги изигра правите карти тогаш може Англија да оствари солиден пласман на ЕП. Само треба просеците како Волкот, Чемберс, Стерлинг, Лалана да си останат дома.
 
Не памтам кога Германија имала послаби бекови.
 
Хумелс излезе и потоп , Тах и Рудигер не ги коментирам овие не се за во репрезентација .

Варди :cuc:

Млад е уште Тах ама Рудигер се гледа дека е неинтелегентно копито. И од кај испадна овој Хектор ? Шмелцер е 100 пати подобра варијанта од него на лев бек.
 
Англија долго време немала вака млад и перспективен тим. Без ѕвезди во однос на имиња, но со играчишта. И Баркли мора да им игра прв тим. Реално Кејн и Варди заслужено би биле првотимци на ова ЕП пред еден Руни, Велбек, Стариџ...
 
На слатки маки е Хоџсон, Руни да не сака да игра случајно :icon_lol:
Али шо промаши дете сам не е свесен, колку се израдвав на голот на Варди ко финале да играа, најпоќе ради Ноер ми е мило :)
Клајн мора да се спомни, како ги изврте дефанзивците на Германија цел натпревар буквално не можеа да го допратат, блага вода нека му дај Лев оти мозокот попара му го напрај Клајн :D
 
Млад е уште Тах ама Рудигер се гледа дека е неинтелегентно копито. И од кај испадна овој Хектор ? Шмелцер е 100 пати подобра варијанта од него на лев бек.

Шмелцер е далеку подобар од Хектор , и мене не ми е јасно зошто го одбира Лев на Хектор и тоа стандардно го игра во прв тим .
 
А кој е тој Хектор и кај игра?

И до толку да се нема ниеден десен бек бе? Што е со оној од Борусија Дурм?
Убаво вика Бекенбауер, Кимих да се форсира на десен бек, евентуално Рудигер ко едно време Ботенг што играше. Џан не е за бек. Лево треба Шмелцер да си игра нека не трипа Лев.
 
Слабо, слабо англичаните. Слаби екипи се Лестер и Тотенхем со слаби играчи (n)

Добро е ми олесна,од пријателски натпревар заклучивме дека играчите на Лечестер и Тотенхем се всушност мега играчишта и штета што овие две екипи не играа во ЛШ оваа сезона иначе попара ќе ги направеа екипите..

Чекајте малце другари,ете нека дојди ЕП па после ќе коментираме..од пријателски натпревари ништо неможи да се заклучи ..како прво самиот пристап на екипите не е на такво ниво како што ќе биди на големо натпреварување...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom