Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не памтам кога Германија имала послаби бекови.
Дурм десно Шмелцер лево ама Лев ги неќе играчиве на Дортмунд. Долго време го кажувам ова оти реално Дортмунд на Европсково мора да го покрие пола прв состав. ама Лев....А кој е тој Хектор и кај игра?
И до толку да се нема ниеден десен бек бе? Што е со оној од Борусија Дурм?
Убаво вика Бекенбауер, Кимих да се форсира на десен бек, евентуално Рудигер ко едно време Ботенг што играше. Џан не е за бек. Лево треба Шмелцер да си игра нека не трипа Лев.
Никој не вели дека триото од Тотенхем (Кејн, Диер, Али) се играчишта меѓутоа не се ни толку зелки како што ги потценувате. И Балето беше препотентен островски коњ па се искешираа 100 милиони за него. Сепак се уште се со по 21-2 години а Варди е посебна приказна, еве синдромов на моментална форма му трае веќе две сезони.
Секако дека се поназад од овие земји и далеку од фаворити. Како прво селекторов е катастрофа и е за тимови како Фулам, ВБА... Ама горенаведениве не се од типот на Герет Бери, Шон Рајт Филипс, Хадлстоун и остали.Не се лоши играчи,за фудбалот што се практикува во Англија се супер играчи посебно Кејн мислам дека е одличен играч и многу интелегентен ,За Балето искешираа 100 кркачи бидејќи е физички ѕвер во секој сегмент и има топ во ногата што во денешно време таквите играчи држат голема цена и се барани на пазарот(Давид Луиз е чист пример),Варди си е тамам..чоекот игра со преголема самодоверба и нема респект спрема никој па со упорност и многу тренинг стигна до овде
Ама Англија според мене е далеку од квалитетот на Германија,Шпанија и Франција како најголеми фаворити за Европскиот трон
Кога ќе ги видиш играчиве на Англија,се си мислиш дека е Северна Ирска или Велс.Ниедна мега ѕвезда после којзнае колку години.Многу чудно делува состав на око,ама реално овие играчи заслужија бидејќи сите се во топ форма +-.
Го гледав само второто полувреме,ама не верувам дека и прво полувреме изиграле нешто посебно германците.За мене Лев е еден од најслабите тренери,ако сака нека освои и уште три светски првенства,ставот за него нема да го променам.Него го фалеа кога беше во тандем со Клинсман ко бајаги бил тактичка машина,ама откако тој постана главен јас такво нешто не гледам.Последниве три години го копираше Пеп.
Последниве години Германија не може да се пофалат од пријателскиве натпревари.
Потегот на Кејн беше маестрален.
Ако може Хоџсон да го подмлади составот,не знам Лев што чека.Како прво Подолски пак е во тимот.Како второ немаат ни еден десен бек!Мичел Вајзер можел да го повика и да го проба,барем тој е десен бек.Наместо повик,тој бил на клупа против Фарски Острови У21.Го имаш Никлас Суле,тој пак со она дрвоно Рудигер.
Лерој Сане е дупло појак од дрвата Подолски и Шурле.А тука е и Јулиан Брандт.Многу подобра работа ќе заврши од овие двајцава.
Супер Марио се врати и одма гол.Обавезно треба да биде стартер,игра во одлична форма и единствен класичен шпиц.
Какви проблеми има германската репрезентација на позициите : лев и десен бек и напаѓач а-у.
Моментално излагаат само голмани и офанзивни играчи од средината.
Има многу просеци во екипата,после Европското треба да се спрема нов тим за 2018.
Нов тим со Сане,Вајгл,Кимих,Селке,Мајер,Суле,Дахуд итн. Лајпциг имаат изгледа талент на десната бековска позиција,се вика Клостерман ама не го имам гледано,а игра стандардно за нив.
@Igorcemk Германија ќе има проблем ако се надева на играчи како Шмелцер,Дурм,Хектор и Гинтер.Ниеден од овие не вреди за прв состав,ама дојде време да немаат асални играчи на бековските позиции.А на лев бек немаат асален играч после преместувањето на Лам на десен бек.Јансен,Аого,Шмелцер и секаква боранија.Значи години и години мачат мака.
Шмелцер-Хумелс-Боа-Хеведес .. Моментално најдобрата четворка во одбраната,другото не е за коментирање.Или Мустафи да го пробаат повторно како десен бек,ама тој игра стандард како централен и не верувам дека може да придонесе многу.