Да, отидовме премногу офтопик, па еве и јас ќе ја прекинам дебатата иако можам да пишувам уште многу, посебно за последново што си го напишал. Да ги споредиш политичките системи меѓу САД и Русија е нешто невидено. Па уште и да тврдиш дека во САД имало диктатура. Пак ќе повторам, во САД никогаш немало владеење на еден човек. А диктатура е токму тоа, за тоа барем сите сме согласни. Е сега веќе утврдивме дека постојат и различни видови на диктатура.
Тоа дека Путин имал 80% поддршка е само медиумска манипулација. Не велам дека нема поддршка од мнозинството, но руските медиуми емитуваат иста, па и поголема пропаганда од западните. А и скоро секој диктатор има поддршка од народот. Да не заборавиме и дека колку еден лидер е повеќе време на власт, толку повеќе новите генерации што доаѓаат во таа земја се наклонети кон него, пошто тоа им е ставено во глава уште од рана возраст. Но, тоа е веќе друга и многу опширна тема и стварно тука не и е местото.
Во Русија не сум бил, но сум контактирал со млади Руси. Еве прошлото лето запознав некои во Германија. Немаат сомнеж дека животот во западните развиени земји е далеку подобар од тој во Русија.
И за крај уште за војните што си ги спомнал. Ајде за Чеченија држи вода, но зошто Русија би била во право за конфликтот во Украина??? Русија се води од сопствени интереси, исто како и западните земји. Пак ќе прашам, што ги прави Русите добри? Знаеш ли колку Украинци ја мразат Русија и сакаат намалување на нејзиното влијание во Украина. Сето тоа оди на штета на украинскиот народ, далеку од тоа дека Русите се некакви ослободители.[DOUBLEPOST=1458985891][/DOUBLEPOST]
Си ја утнал дефиницијата за диктатура скроз на скроз. Баш напротив, сите диктатори низ историјата доаѓале на власт со поддршка на мнозинството. Кај некои таа поддршка се изгубила после некое време, а кај некои не. Јас под диктатура подразбирам скоро неограничено владеење на еден човек и неговите соработници, нивна контрола на сите сегменти од општеството, и цензурирање и демонизирање на неистомислениците. Имав еден пост погоре во кој пишував за модерните автократски општества и дека тие многу се разликуваат од затворените диктатури како онаа во С. Кореја.
Демократијата не е единствениот начин на владеење. Можеби има и подобри и утопистички системи. Се разбира, секоја држава си има свои карактеристики и според тоа различен систем одговара за различна земја. Меѓутоа, автократијата никогаш и никаде нема да биде добар систем, пошто во целост оди на штета на граѓанските права и слободи. Во секој диктаторски систем можеш да најдеш по нешто позитивно, ако гледаме секторски. Но во глобала ваквиот систем е секогаш негативен.
Мешаш поими, а и го изменуваш ставот од мислење во мислење, плус ниту еден податок не остави.
Напиша дека се ислувале Руси од Русија, но не остави податоци.
Првиот болд.
Постои и диктатура од одредени структури , групи за истата имаш убава статија која ти ја оставив, но очигледно си научен да бидеш игнорантен на работите кои не ти се по терк. Држава во држава во случајов за САД.
Поради тоа објективно е да се рече дека и во САД имаме диктатура, доколку го велиме истото за Русија.
Епа според кои рејтинзи треба да ти докажеме тебе и на западните лихаври колку подршка има Путин во Русија? Рејтинзи не прифаќате, изборите не ги прифаќате?
Но статиите од западните медиуми кои се базираат на своја лична сатисфакција и желба за тоа каква треба да биде Русија без да се праша народот таму ги прифаќате.
Еве ако одиме по твојата теза, ако владата имала подршка од мнозинство 60% од народот. Тоа од 150 милиони население е приближно 90 милиони.
Каде се другите 60 милиони да излезат на демонстрации? Не е мала цифра од 60 милиони.
Па смешно беше еден Навални во 12 милионска Москва сакаше со 20.000 демонстранти да прикаже незадоволство на народот. А кога отиде во НижиНоворогод 1.3 милиони жители, собра само 1000 подржувачи
Бројкиве зборуваат колку се незадоволни луѓето од "режимот" на Путин, те колку се веродостојни тие прогнози на западните медиуми кои ти твојата теза ја градиш. Тоа е таа опозиција, Пуси Рајот, Навални и Каспаров.
Се знае кој е опозиција во Русија а тоа е комунистичката и либералната партија, кои остваруваат резултати и кои не се на платен список на западните фондови на САД за демократизација на Русија.
Ниту си бил во Русија, ниту пак си во контакт кој живее во внатрешноста.
Подобар начин на живот бил тој во Германија во ред се согласувам делумно.Но
очигледно ти ја доживуваш Русија како земја заостаната. Истиот начин живот го имаш и во Русија и во Германија, зборам за метрополите како Дортмунд,Хамбург,Берлин и тн во споредба со Петербург, Москва, Казан и тн. Истите предности но и недостатоци, да во Русија во целина не се просечните плати високи колку во Германија, но во градовите кои ги наведов, гарантирам дека речиси е ист животот.
Последното мислење. Гледаш како ја вртиш целата теза?
Говоревме за тоа дали Руската влада го лаже својот за опасноста околу својата национална безбедност. Ти ги наведов примерите со Чеченија, Грузија, Украина и Ингушетија и со внатрешниот тероризам.
Гледам само си ја споменал Чеченија. Значи другиве Грузија, Ингушетија и Украина не се легитимни или?
Кој говореше дали Русија е добра или не? Ти изгледа научен си да мешаш работи.
Јас ти говорев дека постои опасност по Руската безбедност со ваква Украина.
И таа опасност е креирана од западни земји кои си работат за своите интереси, а кои се судруваат со итнересите на Русија. Поради тоа Русија ќе биде демонизирана дека е диктатура. Но и поради тоа Русија ќе мора да функционира преку принципот на затворен круг на елити и регрутација. Сакало тоа му се допаднало на западот или не. Русите многу добро паметат како демократијата им ја формираа во Русија во периодот 1990-1999. Нема никогаш да ги заборават лихварите кои се надворешна опозиција на Путин како ја пустошеа земјата, како нивни сонародници се иселуваа од земјата(патем ете ти ја таа миграција за која говореше, бројките беа астрономски во споредба со периодот кога владее "диктаторот" Путин). Недостасува од тебе уште да прочитам дека владеењето на Елцин е пример за демократска Русија.
Патем заборави да напишеш дека Русија ќе се распадне за 10 години, и дека економијата им е во колапс.
Ако планираш да ми пишуваш тези конструирани од западни медиуми, подобро не ме цитирај, бидејќи немаат никаква допирана точка со реалноста и животот во Русија[DOUBLEPOST=1458999729][/DOUBLEPOST]
Хаха, ни петорица нема да кликнат на линкот, па уште и да ја прочитаат содржината.
Сите влади ги лажат своите граѓани. Колку побрзо се разбере ова, толку подобро.
Непродуктивно е да се прават споредби, но ако веќе Русија се спомнува во таква конотација - мислам дека е фер и редно, да се спореди истото тоа со ’мурика. Зошто ако зборуваме за тоа, нив во речник треба да ги има како пример при објаснување на поимот „манипулација на народот“.
Дека има маниуплација има во секоја земја се сложувам, Русија не е имуна околу тоа исто како што демократскиот запад не е имун на корупција и случни негативни карактеристики.
Говоревме за опасноста околку безбедноста на Русија, нејзиното опколување од Нато и тн. Таа конструкција не е креација на Руската за да си ја оправдуа својата позиција пред народот, туку тоа е реалност.
Русија само си го користи ситуацијата која им ја креира непријателот, и си завзема дефанзивна улога.