Јас сум за служење војска, 3/4 месеци, кои и постарите велат дека би биле сосема доволни за да се научат основните работи како строење, боравење со пиштол и пушка итн.
Повеќе од 3 месеци велат е губење време.
Во војска се стекнуваат пријателства, и тоа такви пријателства кои траат и по многу години. Вујко ми, служел во Ниш, сега со интернетот си најде едно чудо Хрвати, Словенци и Срби, истите контактираат како да се роднини. Дел од нив учествувале во војните во екс Југославија. Сега си тераат нормален живот со кариера и семејство, не страдаат од Виетнамски синдром (можеби и страдаат, но како мажи стискаат заби и гураат).
Има документарки, за обични војници од Втората светска војна. И самите знаат дека војната е страшно нешто, и самите знаат колку страдања има во една војна. Преку глава им е од се додека се на фронт, но остануваат таму и се борат. Се борат пред се, за да не им загинат другарите од четата, војникот е помирен со фактот дека страда, дека може да биде ранет или убиен. Него му е за тие околу него.
Во САД носители на Медал за чест се и таквите кои со своето тело ја задушиле гранатата, и со тоа спасиле и војници и цивили. Се жртвувале сами себе.
Земете ги Гемиџиите. Млади момци,некои потекнувале од богати семејства, можеле да се изучат и да си бркаат трговијата. Се жртвувале за повисока цел.
Настрана муабетот со војската.
Концептот на The strong and silent type, кој би одговарал на еден маж, е веќе изумрен. Мажи, кои не говорат празнословија, кои не се гласни, кои со својот молк изкажуваат авторитет.
Не треба да бидеме Викинзи и да изгледаме како оној планината од Исланд што глуми во Игра на тронови.
Ама, барем треба еден маж да изгледа како маж, или барем да се однесува така. Да си држи на чест, на достоинство, да биде спремен на одбрана на себе и на своите блиски (макар и одбраната да е неуспешна).
Денес има лешпери, му испаднала бубалица на челото, нема да излегува, става пудра итн.
Во мода е гледам и атеизмот, во мојот крај има педерчиња кои се атеисти само заради тоа што сметаат дека да бидеш религиозен е старомодно или демоде.
Денеска има парови, на машкото му е потребно повеќе време да се среди за излегување од девојката. Па фризура, па комбинации на кошула со палто, патики, кондури, сеедно...
Ќе го заболе глава, веднаш на лекар, па кукање, па отсуство од работа или школо.
Научени се да не трпат никаква болка, се да биде полно и рамно.
Па драги мои, сите знаете дека животот не е автопат без кривини. Сите одиме по различен пат, некогаш е експресен прав пат, некогаш е макадам со кривини, некогаш е удолно, некогаш е угорно. Стисни заби и терај.
Сегашните припадници на машкиот пол, иако според моето набљудување најчесто се во млада возраст, некаде до 25 години, голем дел од нив се психички лабилни. Настрана физичкиот изглед или феминизираноста.