M
mordekaj
Гостин
Тоа сето ми е јасно. Него друго те прашав. Еве се погодувам дома за избори. Кој е тој шо ќе ми забране да гласам на мојто гласачко место и со кое право?Кога престојуваш подолго од три месеци надвор од Македонија мора да пополниш образец во МВР .
А за да гласаш треба да се пријавиш во амбасада таму каде што си за да гласаш во една од изборните единици 7, 8, 9 во зависност каде си .
Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, (Сл.весник на РМ 36/92) во членот 8 предвидува „Граѓанинот кој има намера да престојува во странство подолго од три месеци должен е непосредно пред заминувањето да го пријави одењето во странство, односно во рок од три дена да го пријави враќањето во живеалиштето во Република Македонија“. Дополнително граѓанинот е должен да ги пријави и малолетните деца кои патуваат со него.