Рамна Земја?

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.086
Поени од реакции
19.964
Следниот Фрајдеј... Не пропуштајте! (y)

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.397
Поени од реакции
21.954
И сега што научивме,рамна ли е или е кружна..?
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Ај додека @ZOTE се врати, ако се врати, малку за размислување.

Прво, овој линк кој никој не го чита, иако го постирав неколку пати на темава, http://www.wildheretic.com/bendy-light-the-evidence/ , а после овие клипови:

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.753
Поени од реакции
7.945
Ај додека @ZOTE се врати, ако се врати, малку за размислување.
Eве јас ќе го прочитам линков и ќе дискутираме, ама пред тоа да не биде дека претпоставувам дека знаеш математика и физика барем на најелементарно ниво, одговори ми на следниве 2 прашања.

1. Прашање од математика (множење и делење на цели позитивни броеви):

Како дојде до резултат дека New Horizons е 30 милиони светлосни години оддалечен од Земјата? Еве ги формулите:

35.25(150 000 000/300 000) = x (груба пресметка)
5 273 800 000/300 000 = x (попрецизна пресметка)

x e оддалеченост на New Horizons од Земјата во светлосни секунди

New Horizons Spacecraft - LIVE Comet Data

2. Прашање од физика (општа култура):

Kaко New Horizons за само десет години од своето лансирање се оддалечи од Земјата дури 30 милиони светлосни години? Со која брзина се движеше и каков погон користеше?

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.753
Поени од реакции
7.945

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Eве јас ќе го прочитам линков и ќе дискутираме, ама пред тоа да не биде дека претпоставувам дека знаеш математика и физика барем на најелементарно ниво, одговори ми на следниве 2 прашања.

Како дојде до резултат дека New Horizons е 30 милиони светлосни години оддалечен од Земјата?

Kaко New Horizons за само десет години од своето лансирање се оддалечи од Земјата дури 30 милиони светлосни години? Со која брзина се движеше и каков погон користеше?
Тоа @ZOTE треба да ти одговори, оти тој ја започна дискусијата за одалеченоста на сондата, а јас несакам да ви влетувам со муабет кој ја преиспитува догмата за брзина на светлината. А пак за тоа каков погон се користи на сондата, несакам да дискутирам пошто несум rocket scientist :гик:

Додека го читаш линкот, и ги гледаш клиповите од плејлистата, јас да поставам две прашања за New Horizons:

1. Со буџет од 700$ милиони долари, сондата е испратена со камера која има резолуција од 1024x1024 пиксели, без можност за слика во боја. Гуглај да видиш која била резолуцијата на обични џебни камери во 2005-та. Иако LORRI камерата на сондата користи frame transfer CCD, кој е поскап, таа резолуција е исмевање со нашата интелигенција кога ќе видиш колку пари имаат потрошено. Или, намерно е ставена таа резолуција со сликање во црно-бело, за да ни сервираат слики од нивната photoshop работилница?

2. Трансфер на податоци од просечни 1 kbps. За да се испрати една слика, потребни биле околу 42 минути. Зошто не користеле појаки од 12W TWT појачала. Ако потрошувачката е проблем, тогаш зошто самите појачала ги предвиделе да работат 45.000 работни часа (5 години !!) околу Плутон за downlink? Брзината на испраќање не зависи само од далечината на Плутон туку и од јачината на сигналот. Со парите што ги потрошиле можеле да стават нешто "појако". Или,....

Видиш, немора формули и пресметки да има, за да се види дека работите што ни ги сервираат на тацна немаат common sense!
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100

и сам рече дека не си рокет сајнтист. никој на форумов не е. има многу работи што не ги разбираме.
https://www.reddit.com/r/askastronomy/comments/3e0z5i/new_horizons_telescope_and_ccd_mismatch_in_new/
прашува нешто типот за камерата на њу хорајзонс, ама ја ништо не го разбирам. :D
нешто резолуција на телескоп, микрорадијани, да се поклопува со резолуција на ЦЦД сензор.
кога не ги разбираме некои работи нема ни што да дискутираме.

Дека НАСА троше многу повеќе пари од колку што е потребно, за резултатите што ги презентира, тоа е сигурно. Најверојатно пари се перат некој џебот си го полне. Но обама им го намали буџетот. за да има повеќе за војската.

Нас ништо не ни значи истражувањетот на вселена, бар засега. Така да нема што многу да се замараме со дискусии на таа тема.

Сепак да веруваш на такви глупости како тие Зоте што ги пишуваше треба да си стварно малоумен.
 
Не мора да влегуваш во муабет со кој се преиспитува брзината на светлината, туку одговори како е можно New Horizons да се оддалечи 30 милиони светлосни години од Земјата, за период во кој светлината може да се оддалечи САМО 10 светлосни години?:tapp:

Тебе тоа ти е нормално!? А згора на тоа, нормален и пред сè, освестен ти е човек кој ќе постира ваков податок, притоа незнаејќи ни од кој извор е, и колку е релевантен тој извор, при што не воочува и не согледува дека такво нешто е апсолутно невозможно? Зошто не можел да воочи една ваква круцијална бесмислица (има повеќе бесмислици во репостираната слика)? Страчки да не му го испиле умот или во прашање е нешто друго?

Да те потсетам, во случај да си заборавил:

Барам ти да ми одговориш зошто сметаш дека Зоте е освестен човек, па да продолжиме со дискусијава.:)

Дали под освестеност подразбираш човек што слепо верува на секоја будала што ќе напише на Интернетов, не се сомнева, не преиспитува, туку тоа го зема здраво за готово како непобитен факт?

Дали твоите родители те учеа да им веруваш на непознати луѓе и да ги слушаш сè што ќе ти кажат?
Дали ти ги учиш твоите деца да им веруваат на непознати луѓе и да ги слушаат сè што ќе им кажат?

Или не?:)

Дали под освестеност подразбираш човек кој не го користи својот мозок, туку само служи како преносен медиум на луѓе кои немаат три чисти и на кои безрезервно им верува?

Немало директен лет од Австралија до Чиле? Можеби и нема. Не сум проверил. Но затоа има директен лет од Нов Зеланд до Чиле и тоа секој ден.

Ги виде податоците од претходниот пост? И рутата на движење и времетраењето на летот и авиокомпанијата и типот на авионот...

Зошто не го проверил овој податок, туку безрезервно верува на протестантски фундаменталистички чекрци кои не само што немаат поим ни од најелементарни работи, туку не се во состојба да најдат авионски лет што се оддржува секојдневно, па згора на тоа безобразно и дрско тврдат дека таков лет не постои? Веројатно, затоа што е освестен, нели?:aplauz:

Дали таа негова освестеност се состои во слепо верување на човек кој смета дека планетите се нацртани рамни кружници, бидејќи никогаш во животот не погледнал низ телескоп?

Дали Зоте некој го спречува да погледне низ телескоп и кој? НАСА, вонземјаните, масоните, демоните...?

Но не, тој безрезервно верува на некои секташи кои толку го заслепиле и нивните тврдења ги прифаќа без никаков сомнеж, бидејќи да не беше така, и со најпрост телескоп ќе видеше дали, на пример, Венера има или нема фази и ќе се запрашаше зошто. Со истиот таков телескоп ќе ги видеше прстените на Сатурн и ќе видеше дали секогаш заземат ист агол во однос на Земјата и ќе ја видеше Црвената дамка на Јупитер и ќе видеше дали таа е статична или се движи и ќе се запрашаше зошто. Но не го направил тоа, бидејќи е освестен, така ли?:aplauz:

Бидејќи е освестен, како што тврдиш ТИ, тој безрезервно верува во изјавите на крајно ограничени луѓе кои не ни погледнале низ телескоп, ама затоа солат памет дека знаат што се планетите, наведувајќи податоци дека така прочитале во Книгата на Енох и за нив тоа се неприкосновени факти!?:yid:
 
Последно уредено:

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
ххх

Дали под освестеност подразбираш човек што слепо верува на секоја будала што ќе напише на Интернетов, не се сомнева, не преиспитува, туку тоа го зема здраво за готово како непобитен факт?
Тема на дискусија не е ЗОТЕ, сите сте се натуриле на човекот, 3 страни со постови го барате да се врати за да терате мајтап со него. И после Чирчил бил крив кога вели дека аргумент против демократија е 5 минутен разговор со просечен човек (гласач).

Кога напишав дека ЗОТЕ е освестен, тоа се однесува на неговото верување дека земјата не е топка на која се наоѓаме. Тоа што тој слепо верува дека земјата е рамна е исто како што ти слепо веруваш дека земјата е топка, што веќе ти го кажав во еден постар пост. И двајца не ја преиспитувате историјата на аргументите на кои ги базирате вашите тврдења.
 
Навистина? Туку ќе верувам на водач на религиозен култ кому „вистината“ за Земјата и Вселената му ја кажал посетител од оностраниот свет во лик на жена облечена во пурпурно и златно?

https://www.floridamemory.com/exhibits/koreshan/

http://fortmyers.floridaweekly.com/news/2008-09-03/top_news/001.html

Што следно ќе ми советуваш? Да си купам дримкечер, да најдам соодветен гримоар и да изведам ритуал на повикување на демонов?:cautious:
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
и сам рече дека не си рокет сајнтист. никој на форумов не е. има многу работи што не ги разбираме.
https://www.reddit.com/r/askastronomy/comments/3e0z5i/new_horizons_telescope_and_ccd_mismatch_in_new/
прашува нешто типот за камерата на њу хорајзонс, ама ја ништо не го разбирам. :D
нешто резолуција на телескоп, микрорадијани, да се поклопува со резолуција на ЦЦД сензор.
кога не ги разбираме некои работи нема ни што да дискутираме.

Дека НАСА троше многу повеќе пари од колку што е потребно, за резултатите што ги презентира, тоа е сигурно. Најверојатно пари се перат некој џебот си го полне. Но обама им го намали буџетот. за да има повеќе за војската.

Нас ништо не ни значи истражувањетот на вселена, бар засега. Така да нема што многу да се замараме со дискусии на таа тема.

Сепак да веруваш на такви глупости како тие Зоте што ги пишуваше треба да си стварно малоумен.
Кога некои работи не ги разбираш, и уште полошо, несакаш да ги разбереш, тогаш не треба да даваш празни коментари, ни овдека, ниту на било која друга тема.[DOUBLEPOST=1458424165][/DOUBLEPOST]
Навистина? Туку ќе верувам на водач на религиозен култ кому „вистината“ за Земјата и Вселената му ја кажал посетител од оностраниот свет во лик на жена облечена во пурпурно и златно?

Што следно ќе ми советуваш? Да си купам дримкечер, да најдам соодветен гримоар и да изведам ритуал на повикување на демонов?:cautious:
Тоа е проблемот, што ти бараш некому да му веруваш, исто и ЗОТЕ. И двајцата не ја барате вистината, не ги преиспитувате аргументите на кои ја базирата вашата верба.
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
значи да не веруваме слепо во тоа дека земјата е топка?
Хмм, па знаеш можно е и конус да биде или цилиндар. А може и дводимензионална е, па триаголник е или квадар. Или пак го менува обликот во зависнот од годишните времиња. А може пак и нема облик, постое во апстрактна форма.

Има факти, емпиријски докази, кои говорат дека земјата има облик на сфера. Целиот тој систем Земја, Месечина, Сонце се совпаѓа она што го набљудуваме секојдневно и во текот на годината.
24 часа, ден и ноќ, временски зони, 365 денови, 4 годишни времиња се е точно и потврдено.
нема сомневање во тоа.[DOUBLEPOST=1458424377][/DOUBLEPOST]
Кога некои работи не ги разбираш, и уште полошо, несакаш да ги разбереш, тогаш не треба да даваш празни коментари, ни овдека, ниту на било која друга тема.[DOUBLEPOST=1458424165][/DOUBLEPOST]

Тоа е проблемот, што ти бараш некому да му веруваш, исто и ЗОТЕ. И двајцата не ја барате вистината, не ги преиспитувате аргументите на кои ја базирата вашата верба во вистината.
па и ти самиот призна дека не ги разбираш работите и пак мудруваш тука на темата.
која е твојата теорија за обликот на земјата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom