R.I.P. музичари

  • Креатор на темата Креатор на темата Mesaja
  • Време на започнување Време на започнување
Syd Barret :( Заувек! R.i.p
 
АУХХ!!! Врие од офтопици.....Омилен музичар 2pac..лол....омилен фудбалер Гоце Делчев...хаах....а? Како прво треба да се знае што се подразбира под музичар,потоа да се постира на темава....

Инаку - Бакетхед,Џеспер Стромблад,та и Петручи да го ставиме тука...
 
Buckethead :nesvest::pos2::pos::pos::pos:
 
Хм...не те варам...што му најде мана??
 
хахаха абре ја стварно сум ја утнал темава лолз...Чак и Хенрикс би ги ставил
 
Bob Marley,Кurt Cobain, Jim Morrison, Elvis Presley,Tose,Fredy,Cliff Burton,Chuck Schuldiner,Dimebag Darrell.......
 
Bob marley,jimi hendrix,Kurt cobain и мн други:(
 
38 години од смртта на Џим Морисон ( 08.12.1943 - 03 .07.1971 )
 
Не сум ја видел темава порано, добро е што некој ја извади на површина. Се мислев да спомнам неколку музичари кои оставиле белег, но се решив да напишам по некој збор одвреме-навреме, за по еден музичар во пост.

Ќе почнам со дечково:

0811835170_large.jpg



Без никакво сомневање, еден од најголемите на сите времиња, мајстор кој си поигруваше со звуците и со зборовите и направи песни кои покажаа неверојатна издржливост на тестот на времето. Дете кое порасна во многу тешко детство: татко му го напуштил како мал, мајка му го напуштала многу пати пред да погине во сообраќајна несреќа... Сето ова не го спречило Ленон да се посвети на музиката и истата да ја измени од корен.

За време на Битлси, Ленон прерасна од момче кое пееше тинејџ - песнички до човек кој заедно со Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар ќе ги направи некои од најдобрите албуми на сите времиња. Sgt.Peppers Lonely Hearts Club Band и ден денес важи за најдобар албум на сите времиња според најголем број од листите кои кружат по интернет, додека 4 до 5 албуми на Битлси се наоѓаат во најдобрите 20 на сите времиња. Ова беше воедно и време кога музичкиот свет го зафати нешто дотогаш невидено, а медиумите го нарекоа Beatlmania.

Но Ленон во Битлси и како соло музичар се две сосема различни работи, а народот најмногу го запамети и го засака по второто. Во неговата соло кариера тој созреа како музичар и на светот му подари вистински химни како Imagine и Give Peace a Chance. Оваа втората посебно ја разбесни администрацијата на претседателот Никсон, затоа што постана анти-воена химна која демонстрантите ја пееја на протестите барајќи да заврши војната во Виетнам.


Како се радикализираа протестите и паднаа првите жртви, Ленон, кој стана активист за мир, наеднаш стана закана за властите во Америка. Омилен помеѓу народот, нив ги зафати параноја од неговата најава дека ќе пее на споменикот во Вашингтон заедно со толпата демонстранти. Така започна битката за негово прогонување од Америка, во која владата се обиде да го избрка засекогаш, во меѓувреме следејќи го со возила и упатувајќи му закани. Досието на Џон Ленон во ФБИ достигна околу 700 страници, од кои 20-тина сеуште се водат како top-secret и ФБИ упорно одбива да ги објави. Неодамна излезе и документарен филм "US Vs John Lennon" кој зборува за ова, еве трејлер:


Џон Ленон судски ја доби битката со властите, но набрзо потоа беше убиен од Марк Дејвид Чепмен на влезот во хотелот во кој престојуваше во Њујорк. Приказната се заврши со тоа дека Чепмен бил ментално растроен и така му текнало да го убие Ленон. Неговата смрт предизвика шок во Америка и во светот, ТВ програмите насекаде се прекинуваа за да се објави веста. Можам да замислам што би било кога во тоа време би имало Интернет, видовме како изгледа и тоа неодамна.

Постхумно, освои Греми за албум на годината, за албумот Double Fantasy, кој го издаде на само 2 месеци пред смртта.



Има луѓе за кои може да се пишува до бесвест и назад. Јас ќе скратам тука за да не бидам премногу досаден.

R.I.P. Johnny
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom