Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ке почнете да ја губите мускулната маса, кога ке се откажете од тренингот или кога ке престанете да се хранете правилно?

Побрзо и подрастично ќе се намали кога ќе се откажете од тренингот.
 
Кога ке почнете да ја губите мускулната маса, кога ке се откажете од тренингот или кога ке престанете да се хранете правилно?

Скоро имав пауза од 3 и кусур месеци од теретана, единствено вежбање ми беа по 20-ина склека/згиба неделно. Исхраната секојдневна, без пазење на калории/макро-бројки. Резултат-изгубив +-2 кила (3 % од телесната тежина) од кои дел беа масти, дел мускулна маса (најминимално) и дел вода/резерви. На огледало изгледав многу помало (него на истата тежина при тренирање), најверојатно поради изгубените резерви во самите мускули. Со тоа одеше и чувство на недостаток на сила/слабост.

Мој заклучок - Ако долго и напорно е за правење, долго и напорно е за тргање. Освен ако не си во постојано гладување телото не сака да изгуби мускулна маса при присуство на екстра масно ткиво кое е многу поприкладно како извор на енергија.
 
^ Ова се погоди баш како за мене. Уште малку одам на апсолвентска екскурзија (20 дена) и мислев дека ќе отиде се во вода. Од кога почнав да вежбам најдолга пауза што сум ја правел била 10-12 дена. Сигурно +8 дена нема да снемат нешто многу :D
 
Немај гајле, уживај си на екскурзијата и не мисли воопшто на тоа. Секоја година јули и август правам пауза од вежбањето/исхраната . Во тоа време чат-пат ке одработев некој си "тренинг" склекови/згибови али не е тоа -тоа. На исхраната не внимавав(али гледав ако можам што поише протеини и здрави масти да внесувам доколку сум во можност доколку не, не се оптеретував со тоа) + конзумација на алхохол скоро секој ден. Како што кажав од тренинг по некој склек/згиб,исто така од време на време трчав(при што во текот на годината не го правам тоа) колку да се раздвижам и супер ми доаѓаше тоа, башка и пливав секој ден, некој ден помалку некад повеќе али еден ден во неделата во тие 2месеца минимум пливав по 1км+. Е сега времето супер си го поминав без замарање за овие работи, што не беше така и пред две години, кога гледав да вежбам кога немам услови, на жешко со сопствена тежина, ретко алхохол и junk food. Е сега резиме на ова тие дека ништоне губиш. Мускулната меморија тие е многу кул работа. Минатат година паднав неколку кила паднав и во форма но послем 2недели (можда и помалку) се вратив на старите патеки( дигав иста килажа дури и повеќе пати на клучните вежби). Одморот супер доаѓа и верувај кога ке почнеш пак ќе бидеш појак од претходно. Скоро истото ми се деси и во годината кога се замарав за исхраната, паднав во форма но повторно се вратив. Единстевена значајна разлика беше што претходната година си го одморив и мозокот и телото од "бодибилдин режимот" и си поминав сто пати подобро.
 
10:00 Овесни Снегулки 5 лажички и Јогурт 1% + 5 Јајца
13:00 Стек 150гр + Ориз 200гр
14:00 Тренинг
16:00 Стек 150гр + Варен Компир 200гр
19:00 Соја150гр Варен Компир 200гр
22:00 Риба туна + 5 Јајца
Цел ми да го намалам стомакот и колку можам да задржам мускулна маса 77кг 185 висок
дали е добра програмава и ако не е добра што да сменам и дали да додадам три пати неделно кардио на гладно
 
Дали озбилно планираш да јадеш по 10 јајца на ден?
 
Јас овде покрај сето ова се чувствувам ептен запоставено и западнато, мислејќи сето бодибилдери и како се посветени на ова. Според сето ова јас сум 0 според коментариве. :D

Не водам некоја евиденција колку внесувам калории, колку трошам, што јадам, онака општо глеам да не јадам штетно јадење, да не пијам газирани сокови.

имам едноставно програма и некогаш со повеќе серии или повторувања или менувам по некоја вежба...

Еден цел ден ми е за гради
Трицепс и бицепс
Кардио и вежбање на нозе
Грб ( и рамо)

5 дена во неделата вежбам и тоа е тоа. 180 цм со 75/7кг.
 
10:00 Овесни Снегулки 5 лажички и Јогурт 1% + 5 Јајца
13:00 Стек 150гр + Ориз 200гр
14:00 Тренинг
16:00 Стек 150гр + Варен Компир 200гр
19:00 Соја150гр Варен Компир 200гр
22:00 Риба туна + 5 Јајца
Цел ми да го намалам стомакот и колку можам да задржам мускулна маса 77кг 185 висок
дали е добра програмава и ако не е добра што да сменам и дали да додадам три пати неделно кардио на гладно

Ако си висок 5 метри и тежок 350 кила тогаш таман ти се јајцава.
 
10:00 Овесни Снегулки 5 лажички и Јогурт 1% + 5 Јајца
13:00 Стек 150гр + Ориз 200гр
14:00 Тренинг
16:00 Стек 150гр + Варен Компир 200гр
19:00 Соја150гр Варен Компир 200гр
22:00 Риба туна + 5 Јајца
Цел ми да го намалам стомакот и колку можам да задржам мускулна маса 77кг 185 висок
дали е добра програмава и ако не е добра што да сменам и дали да додадам три пати неделно кардио на гладно
Многу компир и ориз имаш ако целта ти е да го намалиш стомакот.
 
Прашав за совет напишав што мислам ако знаеш одговори ми гледам да внесам околу 200 гр протеин

Не јади повеќе од 3 цели јајца дневно, одвои ги белките од останатите ако сакаш да јадеш повеќе од тоа. За другото не знам ама еве GavolRulz мислам дека ти даде добра насока.
 
Момци дали е добро да се вежба по овој распоред Пон-гради,Среда-раце,Пет-грб,Нед-рамо и во Вторник/Четврток нозе,дај ако мислите дека треба да сменам нешто одговорете,фала :)
 
Момци дали е добро да се вежба по овој распоред Пон-гради,Среда-раце,Пет-грб,Нед-рамо и во Вторник/Четврток нозе,дај ако мислите дека треба да сменам нешто одговорете,фала :)
Sve treba da smenis, premn naporna i neubava programa.

Pon: Gradi
Vtor: Grb
Sre: Odmor(Kardio)(Stomacni)
Cet: Ramo
Petok:Race
Sab: Noze-Stomacni
Ned: Odmor

-Evoti mn podobra, teraj po ova.[DOUBLEPOST=1458398544][/DOUBLEPOST]
Многу компир и ориз имаш ако целта ти е да го намалиш стомакот.
Ne samo kompir i oriz, od se ima preterano.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom