Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?


  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
За следната сезона правам муабет .. Лестер ќе се распаднат и тешко дека групи ќе поминат а за разлика од нив Наполи и Рома се топ екипи .
Како ќе се распаднат Лестер, може да појасниш?

Ако мислиш да им ги купат играчите ќе ги сменат со појаки за тие пари (зошто нели големиве ги мрзи да градат и скаутираат играчи). Спремна ќе е Барса/Јунајтед/Челзи да дај по 60+ за Марез? Па и другите ќе имаат солени цени. Лестер нема никаква потреба да продава играчи (како и секој тим од ПЛ што ќе биде од наредната сезона) со оглед на приходите што ги земаат и профитот кој ќе го имаат. Така да ќе бидат појаки и појаки секоја сезона.

Едино нешто што може да ги спречи во тоа ако продолжат по патот на Астон Вила, Сандерленд, Њукасл и сличен стил на водење на клубовите. Во тоа мора реформи да имаат 80% од клубовите, вклучувајќи ги и Јунајтед и Ливерпул. Тоа е тоа што ги прави мизерни, немаат план и идеа за водење на фудбалски клуб.
 
Не да ќе искешираат Лестер сезонава, леле мајко. Од финансиска гледна точка никого немаат потреба да го продадат а и не гледам кој би си одел, освен Марез. Мада како штом вика Девил, кога за Мане и Панчеон се бараат 40 милиони фунти, за Марез баш 60 ќе побараат и пази некој да не им ги даде.
Богат сопственик, осигуран стадион со спонзорски договор, луксузни facilities, пари од тв права... Може и да си дозволат некој квалитетен играч.


П. С. Сега читам Батленд продолжил договор со Стоук на 5 сезони, тек сега ќе се чешаат Ливерпул и Манчестер ако си оди Де Геа.
 
Зошто ли СК на кецот ја даваат Челси-Вест Хем, а Лестер го даваат тек на СК4? :D
 
Пошто Вест Хем е тим од историско значење :icon_mrgr:
 
Не да ќе искешираат Лестер сезонава, леле мајко. Од финансиска гледна точка никого немаат потреба да го продадат а и не гледам кој би си одел, освен Марез. Мада како штом вика Девил, кога за Мане и Панчеон се бараат 40 милиони фунти, за Марез баш 60 ќе побараат и пази некој да не им ги даде.
Богат сопственик, осигуран стадион со спонзорски договор, луксузни facilities, пари од тв права... Може и да си дозволат некој квалитетен играч.


П. С. Сега читам Батленд продолжил договор со Стоук на 5 сезони, тек сега ќе се чешаат Ливерпул и Манчестер ако си оди Де Геа.
Неаме ние допирна точка со Батленд. Можеби беше у некаква игра додека беше Роџерс кај нас, сеа со Клоп освен дојч голман, не верувам дека некој друг е во опција. Последно, покрај Штеген се збори е Тимо Хорн од Келн.
 
Челси у моментов би го гледале само фанови на Челси....можда ни тие. :D Ок, Вест Хем се борат за излез во Европа, дури имаат и шанси за 4то место ако им се поклопат коцките, али Лестер за титула се бори, секоја утакмица им е финале.
 
Неаме ние допирна точка со Батленд. Можеби беше у некаква игра додека беше Роџерс кај нас, сеа со Клоп освен дојч голман, не верувам дека некој друг е во опција. Последно, покрај Штеген се збори е Тимо Хорн од Келн.
Ни ние немаме никаква поврзаност со него ама според мене е може најперспективниот од овие што се на негова возраст, субјективно секако :)
 
Ни ние немаме никаква поврзаност со него ама според мене е може најперспективниот од овие што се на негова возраст, субјективно секако :)
Ај ние сме навикнати со мрење голман ама вие што ќе правите ако/кога ќе си отиде Давид. Колку само бодови ви има донесено, мислам дека ни сам не е свесен.
 
Ај ние сме навикнати со мрење голман ама вие што ќе правите ако/кога ќе си отиде Давид. Колку само бодови ви има донесено, мислам дека ни сам не е свесен.

Лани се расипа факс машината, оваа година можно е од управата на Манчестер да го киднапираат Де Геа за време на преодниот рок, и да го пуштат на слобода кога преодниот рок ќе заврши. Чиста работа, ако го нема за време на преодниот рок, не може никаде да премине.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom