1. Source Code (2011) - 7.5/10 - мое мислење е дека ја посраа малце на крај. Требаше да си истера филмот како што се движеше, да го најде терористот и да го спасат Чикаго од нуклеарката.
2. National Treasure (2004) - 8/10 - според мене многу потценет е на imdb, има едвај 6.9 оценка.
3. The Proposal (2009) - 7/10 - одлично филмче за релаксација. Лабав, забавен, со преубави пејсажи од Аљаска. Би кажал класика Сандра Булок.
4. All About Eve (1950) - 7/10 - пишав во Филм Клуб темата.
5. Тhe Truman Show (1998) - 8.5/10 - оддамна го меркав овој филм, мора да признаам дека сум позитивно изненаден. Башка убаво е да се види Џим Кери во подруга улога, иако и тука имаше "свои" моменти.
6. Gone Girl (2014) - 8.5/10 - Розамунд Пајк
7. Along Came a Spider (2001) - 8/10 - уште еден потценет филм на IMDb, и тоа длабоко според мене. Можеби јас сум нешто глуп не знам, ама филмов има 6.3 рејтинг. А баш е класика трилер со добар пресврт на крај.
8. The Next Three Days (2010) - 7.5/10 - малце ми беше досаден на почеток искрено, вториот дел од филмот далеку подобар.
9. American Psyho (2000) - 7.5/10 - ме разбрка на цело на крај, појма неам дали убивал, дали си правел филм, кого убивал, кога си правел филм и слично.
10. Captain Phillips (2013) - 8/10 - го имав гледано еднаш, па знаев одприлика што како ќе се случи. Сепак кој го нема гледано, нека го гледа обавезно.
11. Red Eye (2005) - 7/10
12. The Number 23 (2007) - 8/10 - ми го задржи вниманието низ текот на целиот филм. Ептен забегано заврши, на крај памет немаше да ми текне дека сам ја напишал книгата.
Мислев дека ќе биде полош искрено, ме изненади позитивно.
13. Se7en (1995) - 10/10 - ретко ќе давам 10ки, но дојде време за мојата прва на темава. Втор пат го гледав филмот, по втор пат ми беше страшен. Најмногу сакам вакви филмови, крими-детективски трилер-мистерии.
Актерската екипа е исто одлична, би го гледал уште 100 пати и уште 100 пати ќе ми биде јак.
14. Lleyton Hewitt: The Final Tour - документарец за Лејтон Хјуит, кој пред некој ден ја заврши неговата кариера. Препорака за сите фанови на тенисот.
15. A Short Film About Love (1988) - 7/10
16. No Country for Old Man (2007) - 8.5/10 - го гледав на 2 пати, ептен касно го пуштив, па задремав на сред филм прво.
17. Pawn Sacrifice (2014) - 8/10 - обожавам биографски филмови. Имав слушнато за Боби Фишер, не знаев дека бил до толку откачен. Супер филм во секој случај.
18. Primal Fear (1996) - 10/10 - по трет пат го гледам во пола година.
Нормално, не е ист впечатокот на крај, но филмот ми е чиста десетка. Едвард Нортон е неверојатен.
19. Rain Man (1988) - 10/10 - Филмиште. Можеби најдобра драма што сум ја гледал до сега.
20. Brooklyn (2015) - 7.5/10 - со овој најверојатно ќе ги почнам овие што се номинирани за Оскар, па лека полека ќе изгледам колку можам.
21. The Intouchables (2011) - 8.5/10 - пишав во темата за Филм Клубот
22. Spotlight (2015) - 8/10 - искрено, филмов допре до мене, а и стварно не знам кој би можел да остане рамнодушен на таква приказна.
23. One Flew Over The Cuckoo's Nest (1975) - 9/10 - не ми се допадна како заврши. Сакав да ја збудали сестрата со mind-игрите. xD
24. The Revenant (2015) - 8/10 - филмов визуелно има премногу да понуди. Приказната исто е интересна, ама не ми се допадна што на моменти се одвива преспоро. Сцената со мечката е too much.
25. Schindler's List (1993) - 10/10 - и овој почнува малку споро, додека да се запознаеме со Шиндлер и додека да ја отвори фабриката е дури по малку досаден. Но тоа мора да се истрпи, бидејќи после следуваат (буквално) страшни 2 и кусур саати. Сакав да му дадам 9ка баш поради спориот старт, но освен што многу поштувам историски филмови, дел од 10ката е и за ликот и делото на Оскар Шиндлер. Филмов треба да се пушта во средно школо.
26. V for Vendetta (2005) - 8.5/10 - Филмов ми беше предобар цело време, ама последните пола саат се изгубив малце. Ваљда бидејќи почна да ме фаќа дремка, оти 2 и кусур беше саатот.
27. Marley & Me (2008) - 7.5/10 - Супер забавно филмче, со малку тажен крај.
28. Alive - (1993) - 8/10 - Правен по вистинска приказна, за рагби репрезентацијата на Уругвај, чиј авион паѓа на Андите. Преживува половина од екипата, и остануваат цели 72 дена заглавени горе. Го имав гледано пред едно 15тина години на А1, ми остави впечаток тогаш, а во сеќавање ми беше останато само дека ќе јадат месо од мртвите за да преживеат.
29. Bridge of Spies (2015) - 7.5/10
30. Submarino (2010) - 7/10
31. I Know What You Did Last Summer (1997) - 6.5/10
32. I Still Know What You Did Last Summer (1998) - 6.5/10 - цимерот запна да сме изгледале некој хорор, па ете.. Океј се филмовите, имаат некои нелогичности, предвидливи и тоа како, ама затоа траат саат ипол, па за тепање време се добри.
33. The Big Short (2015) - 8/10 - сакам да го изгледам уште еднаш, со наш превод...иако ја сфатив суштината, па и пораката што ја праќаат преку филмов.
34. Two Night Stand (2014) - 6.5/10 - уште еден лабаво филмче од саат ипол, со тука и таму по некоја добра заебанција.
35. Room (2015) - 8.5/10 -