Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.513
Поени од реакции
23.019
Точно дека Сител е приватен медиум, ама тоа не значи дека треба да се однесува како што сака. Се знае што е новинарство, што се морални и етички принципи. Сител одамна нема вести, она што го нарекуваат Дневник е авторска емисија на човек со најниски етички стандарди, која служи за пропаганда и оцрнување и шиканирање на одредени личности. Самиот уредник ги нарекува вестите „Куртон вести“ а ти го браниш? Хмммм.....

Хрватска изврши геноцид во 90-тите, а беше примена во ЕУ во 2013 година, после долги реформи и менување на курсот на политиката. Ако гледаме така, скоро секоја држава има мрачен период во минатото. Но затоа битна е сегашноста.[DOUBLEPOST=1457954658][/DOUBLEPOST]
Сител единствено треба да се однесува како што му налага договорот за концесија. Ако тој договор не налага Заев да ги уредува вестите тогаш не мора да се придржува и исполнува нечии желби. Според она што јас го знам за да добие концесија било која МК ТВ мора да исполнува одредени програмски услови и тоа е се. Тие правила важат за сите.

Она морални и етички принципи извини ама ни на запад ни на исток веќе никој не го поштува. Ни ЦНН ни ББЦ ни Раша Тодеј не се баш морални и етички со нивните известувања. Секаде плус постои индустриска регулација а не политичка, ова што Заев пробува да го провлече е додатна партизација врз општеството. Предлогот на Заев за мене е баш диктаторско нешто, налагање на приватен бизнис како да се однесува. Друг момент не заборавај не секој дели исто мислење со тебе. Еве за тебе се куртон вести или авторска емисија, тоа е ОК, твое мислење. Смени канал. Имаш избор, гледај нешто друго - демократија така? За некој друг тоа ти што мислиш дека вреди да се гледа и дека е демек реално е пропаганда, и они како тебе имаат право да сменат канал

Јас не гледам МК ТВ (освен спорт, и тоа ако нема стрим) ни ми е гајле за вестиве на Сител или Телма или А1 ама ова го гледам како упад во приватен бизнис и насилна партизација. Ова за мене е исто ко наводните упади на Мијалков во разни фирми во МКД. Јас сакам департизација на буквално се што може, нека се приватизира се во државата и нека одлучи пазарот. Ако Сител има срање вести народ нема да гледа. Ќе мора да се корегираат или ќе пропаднат.

Реално проблемот е што сдсм не е заинтересирана да гради односи со никој. Они мислат дека од господ им е дадено да владеат. Ги прогласија сител, дневник, иселениците и кој ти се не за непријатели и после немале подршка. Не заборавај дека и сител, и а1 и дневник на времето беа про сдсм...

Да, да направија реформи.... ГЕНОЦИД ало! И грција еве се реформира секој неколку години. Италија секоја година менува влади... Се знае точно кога ние ќе влеземе во европа ама ајде продолжи да се правиш будала...
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
59
Поени од реакции
20
Nikohas nema da gi osudat... I da gi osudat pojke od 15 god nema da gi osudat... Za 10 milioni evra i ja bi lezel... Nie za kafe sam ke si imame za vkafic i taka cel zivot. I gabese larate na forumi neznam so izleguvate na izbori tesko vas teskp nas tesko na site vi se mocam i vo vmro i vo sdsm se lopov do lopov
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вака, темава оди привремено под клуч додека не се исчисти оф-топик и не се префрлат мислењата во темата за Уставниот суд и помилувањата. Ќе биде тоа за кратко, имајте трпение, а во меѓувреме, проодолжете ја дискусијата тука.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Отворена е темата. Ама со усул. И за Уставен зборете си во темата за Уставен, овде за СЈО и случаите.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Избришано мислење
Токму вака сакате и приватните медиуми црпнатиот да ги контролира
Прво и основно, секако дека се бришат мислења кога зајдувате со оф-топици и тупења без усул.
Второ, да си влезеше во историјата на мислења, ќе видеше дека мислењето не ти е избришано туку префрлено во темата за Уставен, затоа што мислењето ти беше за помилувањата.
И тоа го пишуваш ОТКАКО УБАВО НАПИШАВ ДА ДИСКУТИРАТЕ ЗА ТАА ТЕМА ТАМУ, А ТУКА ЗА СЈО. Сега оди во другата тема и најди си го мислењето и престанете да плачете за избришани мислења. Научете се дискутирате нормално, цивилизирано и не бегајте од темата и никој нема да ви брише мислења. А сега и овие мислења ќе бидат избришани затоа што се ОФ-ТОПИК! АМАН!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
17.03.2016, 12:34
МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНУВА НАПРЕДОК, НО ОСТАНУВА УШТЕ МНОГУ ДА СЕ НАПРАВИ
Сепак, се уште е потребно понатамошен напредок, за да се обезбеди дека сите лица лишени од слобода од страна на полицијата имаат ефективно право за пристап до адвокат, непречен пристап до лекар и можноста да известат трето лице за лишувањето од слобода од самиот почеток на лишувањето од слобода.
кога го апсеа Темелко ни адвокат ни лекови не му дадоа да си ги земе
исто така СЈО не дозволува при сослушувањето да имаат странките адвокат , има многу жалби и кривични пријави, но СЈО се однесува како да е над законот...
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.552
Поени од реакции
7.656
http://www.telma.com.mk/vesti/495258-iljadi-glasachi-se-sporni-i-treba-da-podlezhat-na-dopolnitelna-proverka

Tочно 495.258 илјада гласачи се спорни и треба да подлежат на дополнителна проверка, пишува во Извештајот од вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и 10 други институции., до кои дојде Телма.

Над 190.000 илјади се евидентирани како фиктивни гласачи односно како што пишува во извештајот-гласачи кои ги има во базата на податоци во МВР но не се појавуваат во базите на останатите инстиутции.

Членовите на ДИК вчера не се договорија да го изгласаат Извештајот и најавија дополнителни проверки по што ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.

---------
Извештајот не е усвоен поради опструкциите од членовите на ДИК од ДПМНЕ. Сега треба да се провери колку од овие 190.000 гласале , да се проверат избирачките списоци од претходните избори , тоа ќе биде крунски доказ за вината на злосторничкото здружение од ДПМНЕ.
Овие 190 000 ги нема никаде во евиденција освен МВР. Фантоми има и во оние евидентирани само во една институција од вкупно 10 со кои се врши вкрстена проверка.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Цацковидна изјава е таа дека 500.000 гласачи се спорни.[DOUBLEPOST=1458223881][/DOUBLEPOST]
Прост народ, силна држава :icon_lol:. Ваљда по таа мантра се водиш.
Што се гради си приметил? Фалц кружни текови, измислен архитектонски стил за овие простори, во Прилеп на Марјан мандатот ќе му заврши, а толку најавуваната реконструкција на стадионот не е ни администрациски почната.

Со кои аргументи ќе ми контрираш дека не сме прост народ?

П.С.Ако мене сон ми е да сум на политичка раководна позиција сум завршил работа во животот.


Нешто сме нервозни? :icon_lol:
Се тресам од нервоза.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
190.000 во 30 дена. По 6500 луѓе дневно треба да проверуваат. 200 тима се доволни за таа работа. Одлично, значи ДИК ќе може да ги направи проверките навремено.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Se osekja po komentarite, nema vekje so sto da se tesite po stabovite.
Ме радува што во вашите штабови има победничка атмосфера. Уствари вие до сега после секој пораз викавте дека тоа е успех така да можам да позавидам на ентузијазмот.[DOUBLEPOST=1458224085][/DOUBLEPOST]
190.000 во 30 дена. По 6500 луѓе дневно треба да проверуваат. 200 тима се доволни за таа работа. Одлично, значи ДИК ќе може да ги направи проверките навремено.
Да ама претпоставувам дека кај албанците има најмногу спорни и тоа може да се компликува.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Да ама претпоставувам дека кај албанците има најмногу спорни и тоа може да се компликува.
Нема што да се компликува, ќе отидат Чичаковски и Али на Кале, од таму ќе им кажат. Ако им речат бриши, ќе бришат. Ако не, ќе констатираат дека се исселени, ама државјани, и ќе останат.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.552
Поени од реакции
7.656
Треба теренска проверка на 495 258 бидејќи услов да биде некој во список на спорни гласачи е да го има помалку од 2 институции од 10 колку што влегле во вкрстената проверка .

Тие 190 000 лесно се проверуваат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Треба теренска проверка на 495 258 бидејќи услов да биде некој во список на спорни гласачи е да го има помалку од 2 институции од 10 колку што влегле во вкрстената проверка .

Тие 190 000 лесно се проверуваат.
Кој те лажеше тоа?
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.552
Поени од реакции
7.656
На листата институции од кои ДИК ќе ги преземе податоците за претстојните вкрстени проверки се Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Агенцијата за вработување на РМ, Централниот регистар, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Управата за водење матични книги, Управата за јавни приходи, Министерството за земјоделие (листа на приматели на земјоделски субвенции), Министерството за труд и социјална политика (приматели на социјална помош) и Народната банка на Република Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
На листата институции од кои ДИК ќе ги преземе податоците за претстојните вкрстени проверки се Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Агенцијата за вработување на РМ, Централниот регистар, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Управата за водење матични книги, Управата за јавни приходи, Министерството за земјоделие (листа на приматели на земјоделски субвенции), Министерството за труд и социјална политика (приматели на социјална помош) и Народната банка на Република Македонија.
Добро, и ако некој во едната листа е запишан како Стојаноски, а во другата како Стојановски ќе излезе спорен. Ако некој во една листа има адреса на живеење на Бихачка, а во друга на Павел Шатев, ќе излезе повторно спорен. Ти мислиш дека со цел памет ќе ги проверуваат нив?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom