Нема ли потреба?
Мислам дека има овде модераторка која ќе одлучи за што има а за што нема потреба да се збори.
Аболиција, амнестија, помилување.... после било што од ова следува нележење затвор.
има убаво во Википедија што е што а и познати примери...
а има и други методи за нележење затвор, спомнав, пак да ги повторам:
Застарување ... се поведува постапка ама во некоја фиока од ЈО или дури и од судот ќе се држи одреден период додека не застари ... многу е позната кај нас и регионот и масовно се користи, од друга страна во УСА е друго, отвараат стари работи ипо 30г стари... барем така гледаме на нивни филмови
Забошотување на истрагата, свесно подметнување на погрешни докази, позната работа во цел свет, еве се откри сега во УСА , голем скандал со погрешна и лажирана Форензика со дузини и дузини случаи. Кај нас е познат случајот на ромчето убиено од алфите а трупот држен во вода за да се прикаже смрт од давење...
Овозможување недостапност на виновникот...неодамна беше фатен во Франција убиецот на девојката од Аеродром пред 20години, кому му овозможиле да избега пред да биде пратен в затвор ( некој му го дал пасошот, б.т.в. и еден министер со исто презиме емигрира тогаш во Канада) ... овој ни е испорачан, но на пример рекетарот - убиец, Аце Боцевски -Циганот избега а не е ни побаран речиси 20 години ... дури наводно дошол 2011 да вади нови МКД исправи, бил снимен на надзорна камера во МВР ???
Ова се го пишувам за да укажам дека бројот на амнестирани лица во РМ за тешки кривични дела
( н.пр. убиства ) е минимален, а може и нема, но се користат овие други методи...