За да им се фалиме на другарчињата во маало...

Не ми беше поентата да сугерирам која опција е подобра, туку контрадикторностите на мислењата во темава. Го убивме од хејт Ван Гал за резултатите и позицијата на табелата а од друга страна плачиме зошто младите ќе немале минути со Мурињо. Логично нели?
Мурињо не игра со платеници, барем се надевам дека нема да игра и ќе се врати на стандардите што ги имаше во Интер. Значи пак ќе повторам,
се надевам дека ќе иде на борци и победници во тимот а не платеници. Дали Ерера е платеник? Марсиал е платеник? Шнајдерлин? Ако тие се платеници од твојата дефиниција за платеник тогаш секој играч е таков. Јеби га, Руни ќе е најголемиот платеник а е од островото ако одиме по тие стандарди.
Санчез е од оние играчи кои што ќе им изгледаш две три утакмици (како Марсиал сега, и Роналдо, Руни и Де Хеа на времето) и знаеш дека има потенцијал, желба и јајца да прерасне во класа. Ја пратам Бенфика заради него откако почнаа да не повзуваат (со оглед на хајпот и цената што се спомнува) и на островото нема играч кој што е блиску до неговиот талент. Значи не дека Баркли е лоша опција или не го сакам, ама детево ме освои со неговата игра и огромен фан сум му.