Прва работа
Јас неможам да разберам. Тој шипото Министер што е за Економија вика да ја преиспитаат одлуката во совет на општина Бутел зошто ги иритирало граѓаните.

А орелот на никој не му смета у Топанско? Како е изграден споменикот а никој не го гласал во совет на општина Чаир?
Види вака пиунче што ако немате америчко знаме до вас не вредите 5 денари, ќе ве фрлат како куртон после е*ење и еден ден нема позади вас да стојат тие со амбасадата на Кале. А нема да ја има ниту таа амбасада еден ден. Тогаш што?
Втора работа
Ние Полиција имаме ли во државава или Министерот е повеќе Секретар на партија од што е Министер? Ќе го молам нека ги тргне тие полицајчињата што дремат како тужна година на кружниот тек и гледаат сеир. Нема никаква полза ниту од него ниту од нив во ситуацијава.
Трета работа
Кинезо/јапански/тајландски/хавајскиот цијаш со чадорот, што два дена шеткара со тој пе*ерот со окалките, триковите не им поминуваат. Толку се очигледни нешто невероватно. Како не разбираат дека секоја стратегија што ја правата во Македонија им е провалена. Користат такви гомнарски финти, такви гадни сценарија, буквално на здраворазумен човек да му се повраќа од тоа како може некој да смислува такви сценарија а бе да те допре до срце. Да ти зоврие крвта.
Четврта работа
Пред некоја година да бев сигурно немаше да реагирам како сега.
Народот во ваква ситуација е во најнезавидна состојба. Принуден е да молчи, да биде понижуван, навредуван, омаловажуван, собира гнев во себе се со цел работава да заврши мирно.
И сиот гнев што го има да го исфрли на избори за да се расчисти со ова еднаш засекогаш и да продолжиме да си живееме без политички мрсомудења.
Се одстапи ли од оваа ситуација ќе биде општ хаос.
Ќе треба да се тепаме брат со брат, другар со другар, ќе треба да се тепаме со "браќава'', со секого... е тогаш нема разум. Облакаш дуксерица, капуљачата на тебе, цвик, и ги решаваш работите како ти што сметаш дека треба.
Ако дојде до тоа сме готови.