Доста луѓе од наша страна, зборам навијачки, значи сигурно негде 1500 плус уште 400-500 симпатизери кои си седеа (девојчиња,фамилии итн). Сите карти распродадени за 36 саати. Убаво кортео по кеј почнувајќи од Жабар, доста пиротехника.
Инцидент пред почетокот со полицијата, уапсени од наша страна заради како што викаат тие ``вербални расправии`` ... ова не знам каде во светот се казнува?! Некако се снајдовме и тргна навијање ... песна од почеток до крај, ретки скандирања за разлика од другата страна и нивната ``ќелава пејачка``. Џабе им беше микрофонот кога се нема глас и срце ... да не должам со нив.
Во третата четвртина се извади кореографијата ... ``ПОБЕДА`` под која требаше да стои паролата ``ЗА ПЛАВО-БЕЛАТА СТРАНА НА ГРАДОТ`` а која беше искината од гореспоменатите џандарски говна. Тоа што они скандирале а некои тука го сфаќаат како нешто велеспектакуларно докажува дека слабо се идело по утакмици и се гледале дуели ... а изгледа тој Прилеп и Мајмуни оставиле стварно длабока трага во нивната меморија по она што се случи пред скоро месец дена.
Во последната четвртина мислам дека беше најдобро навијањето, онака како што и треба да биде кога поддршката беше најмногу потребна.
Нашите пароли:
1.Фатени за рачиња молите по сандачиња.
2.Работнички, ``рачунај ти на нив``, и да земеш титула пак ќе бидеш сам, кој ти е крив...
3.Ние сме тука за МЗТ, а вие?
4.14 титули ама понекогаш и 14 гледачи.
Што се однесува до нивните пароли ...
УФилмани форумаши ...
Очигледно на некого му е жал што ради педеризам е шутнат па сега се обидува на разни начини да ги омаловажи оние кои некогаш ги копирал во креациите на застави, во составувањето пароли итн. Изгледа дека уште жали по минатото, а тоа што желно го чека секое дерби и ни го посветува не е ништо ново. Само нека намине некогаш и до Аеродром, нека не го боли стомак баш на ден на дерби. Исто така и за вториот дел од истата парола може да се каже дека тотално го заебал затоа што он е прв да пишува на српска трибина после дерби, а неретко ги омаловажува и Комити, како да не знае дека од таму излегол.
Имаа ЦПБ нешто со кодекси,комплекси ... очигледно превише се слуша Београдски Синдикат па се копираат нивни реплики, а без притоа да се знае дека неколку групи го имаат извадено многу слични пароли на таа.
Се осврнале и на тоа како Работнички е формиран `46, а МЗТ т.е. тогаш КК Скопје `66 ... и дека затоа биле 20 години пред нас! Па добро бе, симпатизери ли сте или навијачи?
Се знае дека Сервис Кру како претходник на ФА е далеку пред ЦПБ.
Исто викаат нешто за нашата изработка на паролите во стилот дека ќе ни одржат лекција (тој контекст ако добро видов). Епа драги мои, друг пат немојте со аутолак на најлон да чкртате затоа што се разлива ... толку од нивната лекција.
Исто така дека грди фаци навивале за МЗТ
Видете ја сликата погоре од лепотанот од Гологузица, све се тоа ``градски мангупи``.
Другите мислам не се ни вредни за споменување затоа што освен римата немаат некоја навијачка вредност. Исто така извадија некои дежаву ствари како ``село Аеродром`` или па ``пушти си јутјуб ...`` Изгледа дека последнава им е баксуз, кога и да ја вадат губат, па мислете за нареден пат.
И би се надоврзал на некои спомнувања како во сала имало измешано групи. Значи инцидентот помеѓу Комити и Пирати се деси на неутрална трибина. Тоа дека кај ЦПБ имало шверцери не ме занима, не ни верувам искрено ... сепак да имаше од нив може ќе ги пополнеа ќошовите и врвот од трибината
Ако има некое прашање изволте, ќе се дообјасниме ... не вртете празни муабети само.