Ве молам за совет, кој е подобар избор од овие два?
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215015
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215154
Јас би повеќе за Панасоникот, цената е иста а Панасоникот нуди и 3Д. Единствено скептик сум во поглед на квалитетот и софтверот, мислам дека софтверски ЛГ-то нуди повеќе. Можеби и грешам.
Дали Панасоникот нуди квалитет, и дали би направил правилен избор доколку се одлучам за него (бидејќи добивам и 3Д опција за истите пари ) ?
Добредојден е и предлог за било кој добар смарт ТВ во ценовна категорија до 550 евра.
Единствена предност на Панасоникот му е 3D сликата, за која ќе треба дополнително да купиш 3D очила, бидејќи телевизорот доаѓа без нив - дури и на официјалниот веб сајт на Нептун го пишува тоа во описот на Панасоникот.
Доколку сакаш поголем екран, за само 2.000 денари повеќе, односно по цена од 31.999 денари, го добиваш истиот модел од ЕлЏи од твојот прв линк што го објави, исто така без 3D слика, но со 43 инчен екран.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215052
Има и друг модел сличен на тој, исто така од ЕлЏи, по истата цена и исто така со 43 инчен екран и без 3D слика, но со подобра слика и подобар звук, наменет претежно за домашна употреба.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215016
А доколку си одлучен да купиш LCD телевизор со 3D слика, тогаш овој модел од ЕлЏи е за тебе, многу подобар од Панасоникот, исто така со поголем екран - 42 инчен екран во овој случај, но во описот на официјалниот веб сајт на Нептун не пишува дали доаѓа со или без 3D очила.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215054
Според сегашниот курс на денарот наспроти еврото, со цената од 33.999 денари, овој модел би требало да те чини точно 550 евра - доколку знаеш каде да ги смениш еврата во денари за да не те опљачкаат и ти дадат помалку. Доколку ти заменат 550 евра за 33.550 денари по курс од 1 евро за 61 денар, тогаш ќе ти требаат уште 449 денари за овој телевизор.
Но доколку 3D сликата не ти е одлучувачки фактор, а границата ти е 550 евра, јас лично ти го препорачувам овој модел од Самсунг по цена од 32.999 денари, од 6-та серија, 40 инчен екран без 3D слика, но тоа што му е огромна предност на овој телевизор наспроти Панасоникот и сите модели од ЕлЏи што ги спомнавме, е 4k резолуцијата, односно 4 пати поголемата резолуција наспроти Full HD моделите кои ги спомнавме од Панасоник и од ЕлЏи.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=216862
Еве уште еден модел од ЕлЏи, исто така 40 инчен и без 3D слика, но исто како и Самсунгот, доаѓа со 4k резолуција, по цена од 33.999 денари.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215548
Освен 3D сликата, уште една предност на Панасоникот наспроти моделите кои ги спомнавме од ЕлЏи и овој последниов модел кој ти го препорачав од Самсунг, е гаранцијата.
Панасоникот доаѓа со 5 годишна гаранција, додека сите модели кои ги спомнавме од ЕлЏи, како и овој последниов модел кој ти го препорачав од Самсунг, доаѓаат со 2 годишна гаранција.