LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
еве добар детален тест за тој 32 инчниот http://hdtelevizija.com/2015/08/08/samsung-32j5572-vs-lg-32lf5800-full-hd-televizori-usporedni-test/

само далеку се тие цени од ефтини. гледам во хрватска и други земји 32 инчниот модел за околу 310 евра го даваат, кај нас е 370 евра.
40 инчниот може да се најде за 450 евра, кај нас е 520 евра.
тука се мора поскапо да биде, многу јак стандард имаме ние.

Знаев за тестот, токму затоа и го објавив коментарот за изненадувачките цени кои - точно - се далеку од евтини, но ваков модел од Самсунг кој е и тоа како само солиден, да се продава по цена под 400 евра - на нашиов таканаречен македонски пазар - за мене лично беше вистинско изненадување.

Е па не е интересно без пљачка, ќе делува како да имаме асален избор на квалитет за прифатливи цени.
 
Каде ги прочита ЕлЏи и Панасоник во мојот коментар за шкарт брендови ?

Јас сум навлечен на ЕлЏи цел живот, уште од времето кога постоеја како Goldstar, односно пред да се ребрендираат во Lucky Goldstar, односно LG.

И убаво напишав во коментарот дека во шкарт/чкарт брендови спаѓаат брендовите како Фуего, Куарт, СТ и слични, а никаде не ги спомнав ЕлЏи и Панасоник, кои се докажани брендови.

Треба да научиш да ги разделуваш евтините фалсификат брендови наспроти докажаните и неретко евтините брендови со докажан квалитет.

Јас не ги ставам сите евтини во еден кош, а сите скапи во друг кош.

Сакав да кажам дека поевтин од 23000 ден ке најдеш тв од други квалитетни марки како тие што ги спомнав .
 
Сакав да кажам дека поевтин од 23000 ден ке најдеш тв од други квалитетни марки како тие што ги спомнав .
23000 денари за 32 Самсунг од 5000 серија е лудост.За 2000 денари плус имам филипс 40 инчи со андроид кој ќе ми врши 100% повеќе работа.
А 40 инчи од 6000 серија на самсунг секогаш била таа цена.
И пред 3 години кога го земав самсунгот 6400 го платив толку
30000 денари,така да ништо не е поевтино
 
За обичните смртници може да делува евтино - како за мене лично на пример.

Инаку, секако дека има подобро, секогаш има подобро.
 
За обичните смртници може да делува евтино - како за мене лично на пример.

Инаку, секако дека има подобро, секогаш има подобро.
баш напротив, ти не си од обичните смртници. тебе ти делува ефтино оти ти имаш многу пари изгледа. :)

тоа е кај нас, ем слаб стандард, ем високи цени. кај нас уште има луѓе што на CRT телевизор гледаат.
 
Еее, од твоја уста во Божји уши !!!

Секако дека не е евтино ни за мене, но јас не сум од оние кои се обновуваат на секои 2 до 3 години, јас сум од оние кои купуваат сега и не се обновуваат во наредните 5, а ако ме истрпи електричниот уред додека му ја вадам маста низ годините, можеби нема да се обновам ни во наредните 10 години.

На долгорочен план, не ми е проблем да дадам 23.000 денари за нов телевизор, доколку не го менувам во наредните 5 години или повеќе. Да потрошиш 23.000 денари еднаш во 5 или повеќе години, за електричен уред кој одлично ќе те служи, е целосно оправдана инвестиција, барем за мене лично.

Имам и обични и LCD телевизори од повеќе брендови - претежно од Самсунг и од ЕлЏи, но ги имам и од Филипс и од Сони. Од сите телевизори кои ги имам, само Сонито со Тринитрон екранот е на смртна постела, после 14 години користење, сите останати телевизори се во одлична состојба, буквално во излог да ги ставам, никој нема ни да помисли дека биле користени со години.

Обожавател сум на најнова технологија, не сум ситничар, но ниту сум од тие кои имаат пари за расфрлување. ;)
 
Samsung 32 J 5000 добар?
Нарачав ваков од Нептун ќе ми го донесат во петок, немаа на лагер во моментот. Од тоа што видов има одлични карактеристики, 17 000 денари.
Како сте задоволни од Самсунг како марка?
Овој што го земав не е Смарт, нема интернет и такви работи пошто не ни барав да земам телевизор со такви работи пошто углавном ќе го користам за кабловска и филмови преку ХДМИ и си барав топ телевизорче без тракатанци што ќе ми брка работа.
Филмови/серии можеш и преку усб стикче, не ти треба хдми кабел за да гледаш преку компјутер, беспотребно ќе ти биде вклучен компјутерот, кога имаш усб на тв.
 
Филмови/серии можеш и преку усб стикче, не ти треба хдми кабел за да гледаш преку компјутер, беспотребно ќе ти биде вклучен компјутерот, кога имаш усб на тв.
A za prevod primer?
 
и ефтините, непознати брендови не се така лоши. тие се панелите, неколку фирми ги прават, и скапите брендови и ефтините од тие ставаат. електроника може да има разлика во квалитет на компоненти, али горе доле тоа е. а и самсунг има ставано ефтини кондензатори па се расипувале и тв и монитори за година дена.

најмногу разликата може да има софтверот и негово редовно ажурирање. на ефтин бренд најверојатно со кој софтвер ќе го купиш со тој и ќе си остани. ни подобрување ни поправање на грешки.

A za prevod primer?
па и превод. ќе ги ставиш видео фајлот и превод фајлот со исто име, пример film.mkv и film.srt. и ќе тера. се менува во опции за ако е кирилица преводот.
 
Е па во тоа е проблемот.

Кондензаторите можат да се сменат, а софтверот станува истиот кај чкарт брендовите.

Тие немаат ни свои веб сајтови, а камо ли па нов софтвер за телевизорите.
 
Марка си е марка, Самсунг имам веќе 9 години стара плазма, си приклучив dvbc ресивер на 1080i преку хдми, си врши работа без никаков проблем до сега, нема ни запечени пиксели ни ништо. Тогаш дадов 73000 за 42 инч, не се каам, како што рече декстер, еднаш купувам и да немам гајле со години. Овие schneider, philips, quart, fuego, quadro, neo, hyundai, те некои фајлови не читаат, те вакви стикови не читаат(проверено на шнајдер и филипс 32“ не вчитува стик кој одлично работи на LG), блесав распоред и споро вчитување на канали, милион маани, па нека е и 6-7000 за 32 кога е шкарт, додаваат и смарт и вифи само за да се продаваат, примамливи ефтини цени, квалитет на слика како да е SD. Кога би земал за друга соба пак би идел со самсунг, LG.
 
и ефтините, непознати брендови не се така лоши. тие се панелите, неколку фирми ги прават, и скапите брендови и ефтините од тие ставаат. електроника може да има разлика во квалитет на компоненти, али горе доле тоа е. а и самсунг има ставано ефтини кондензатори па се расипувале и тв и монитори за година дена.

најмногу разликата може да има софтверот и негово редовно ажурирање. на ефтин бренд најверојатно со кој софтвер ќе го купиш со тој и ќе си остани. ни подобрување ни поправање на грешки.

па и превод. ќе ги ставиш видео фајлот и превод фајлот со исто име, пример film.mkv и film.srt. и ќе тера. се менува во опции за ако е кирилица преводот.
Toчно
 
Дали телевизоров ги оправдува парите ?

Сакам да ти кажам дека ги оправдува парите, бидејќи сигурно одлично ќе се вклопи со PlayStation 4, а и навистина има одлични технички спецификации, доаѓа со Андроид оперативен систем, што е одлична карактеристика, но ако веќе си подготвен и желен да потрошиш 50.000 денари, има многу подобри модели од Самсунг и од ЕлЏи кои одлично ќе ти завршат работа, но не знам дали и тие модели доаѓаат со Андроид оперативен систем.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom