Viva la Resistancee!
Ако претходниот филм разбуди кај мене гадни и негативни емоции (не викам со ова дека филмот е лош, туку дека направи така да се осеќам), овој го направи сосема спротивното. Убав, мил филм. Го гледаш и се осеќаш ко дете, французиве стварно знаат да направат убав филм што ќе те направи да се осеќаш среќно и весело. Башка пејсажите и музиката, одличен приказ на едно селце во Франција.
Многу од ликовите ми беа познати, после филмот ги проверив на imdb и скоро со сите имам изгледано претходно филмови. Глумата беше одлична, децата беа супер, поготово она малото плавото. Сцената кога им гори куќичката што ја запалија цело време мислев дека ќе умре или малото детенце или па девојчето. Иако сакам такви пресврти во филм, среќен сум што филмот не отиде во тој правец. Многу брутално ќе беше.
Ми се свиѓа што филмов повеќе се задржа на животот на децата, нивната игра и како они се справувале за време на војната, а не толку на девојчето што е избеглица. Мислам дека премногу филмови имаме изгледано за евреите. Интересен беше моментот кај детската војна, кога го избркаа дебелкото дете имав чувство како режисерот да сакаше да ни ја прикаже војната преку детскава игра.
Убав филм, крајна оценка 7/10.