Аспиратор

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.058
Поени од реакции
7.239
Сакам да слушнам совет околу поставувањето аспиратор во кујна. Кујната, трпезаријата и дневната е една просторија без никакви ѕидови измеѓу, отворен план. Е сега кај што треба да биде кујната, има голем прозорец, скоро 1кв. метар. Кујната ќе биде мала, затоа е битно секој цм простор да се искористи. Дали е задолжително да планирам аспиратор, со оглед на тоа што има голем прозорец, кој ќе биде точно над ринглите за готвење? Маливе, ефтини аспиратори ем се бучни, ем не се доволни силни, не вршат работа за тие 2-3000 ден. А за нешто стварно добро, јако, не ми изгледа добра инвестиција од 12000+ да фрлам на некој квалитетен аспиратор. Плус во ѕидот нема никаква дупка, никогаш немало аспиратор, значи и тоа треба да се земе предвид, ако се мести, треба на ново дупчење, работа итн...

DSCN5429.JPG
 
site stanovi sega novi nemaat kujna kako porano.
Porano vo starite stanovi od pred zemjotresot,se znaese sto e kujna,posebna soba-Kujna 8-12 kv.Obicno i kujnata imase terasa pa i ostava.
Sega na eden zid od dnevna stavile plocki i edna cesma i ete ti kujna.
I kaj mene e taka pa sega busev za aspirator,se uste ne sum go stavil.
---------
Imas prozor,no koga ke gotvis nema dimot-mirizbata da izleguva na nadvor.
Ako go otvoris prozorot mirizbata i pareta ke odi niz celiot stan,malo resenie e ako se otvori i drug prozor na sprotivnata strana od kujnata,pa taka kade e pritisokot pogolem-promajata,tamu ke iskaca pareata i mirizbata.
--------
Najevtino i prakticno e postavuvanje na mal aspirator,kako onie za vo kupatilo t.s. kako za vo odjak, i toa vo zid nad sporetot ili vo blizina.
E za toa treba busenje zidot 30 sm vo cigla i izolacijata od nadvor.
Cudno sto investitorite ne go ova napravile.
Vakvi aspiratori pravese Mikron Prilep i traeva beskonecno.(i se bessumni)
 
Што има фали на ваквите? Беко? Горење? Пожелно е да ставиш аспиратор ако планираш да готвиш. Само прозорот нема да ти заврши работа. Исто така пожелно е да го ставиш аспираторот над ринглите. Да не биде прозорецот над ринглите а аспираторот на друга страна. Ќе си отвориш дупка. Подобро неколку часа работа отколку смрдеа цел живот. :)
 
Колкав простор има за елементи за кујна? Од едниот крај до другиот? Лесно е да се каже стави али тоа подразбира губење простор на висечки елементи.. Прозорецот веќе одзема еден дел и оџакот за вентилација кај што ќе поминуе и што сме направиле? Ништо.
 
Јас ти предлагам да сепак ставиш аспиратор, без обзир на прозорецот
Мирисот од шпоретот се шири низ сите простории. Се работи за физичката појава дифузија
https://mk.wikipedia.org/wiki/Дифузија
Не постои начин да ја спречиш дифузијата. Мирисот од готвењето ќе се шири, не само во дневната соба туку и низ целиот стан, дури и кај соседите. Но над шпоретот е најголема концентрацијата и затоа е добро токму над шпоретот да се постави аспиратор.
Сигурно дека нема наполно да го одстраниш мирисот, но ќе го намалиш интензитетот.
Впрочем, убаво е кога, во куќата, се чувствува мирис на добро јадење.
 
Сакам да слушнам совет околу поставувањето аспиратор во кујна. Кујната, трпезаријата и дневната е една просторија без никакви ѕидови измеѓу, отворен план. Е сега кај што треба да биде кујната, има голем прозорец, скоро 1кв. метар. Кујната ќе биде мала, затоа е битно секој цм простор да се искористи. Дали е задолжително да планирам аспиратор, со оглед на тоа што има голем прозорец, кој ќе биде точно над ринглите за готвење? Маливе, ефтини аспиратори ем се бучни, ем не се доволни силни, не вршат работа за тие 2-3000 ден. А за нешто стварно добро, јако, не ми изгледа добра инвестиција од 12000+ да фрлам на некој квалитетен аспиратор. Плус во ѕидот нема никаква дупка, никогаш немало аспиратор, значи и тоа треба да се земе предвид, ако се мести, треба на ново дупчење, работа итн...

Прегледај го приврзокот 140358
На ова просторче да му ставиш аспиратор има да го угушиш. Се согласувам дека секоја кујна треба да има аспиратор, но кај мали кујни каде има и прозор, башка над шпоретот, јас не гледам никаква потреба за аспиратор. Без разлика дали е лето или зима, ти ќе можеш малку да го отвориш прозорот и средена работа. А ако веќе си решен да ставаш аспиратор, јас би ти го препорачал овој, од проста причина што завзема помалку простор.
 
Колкав простор има за елементи за кујна? Од едниот крај до другиот? Лесно е да се каже стави али тоа подразбира губење простор на висечки елементи.. Прозорецот веќе одзема еден дел и оџакот за вентилација кај што ќе поминуе и што сме направиле? Ништо.
Зошто губење простор? Аспираторите што му ги ставив во линковите зафаќаат 14 сантиметри од елементот во кој ќе стојат. Тоа се вградливи аспиратори. Доле излегува само 4 сантиметри. Излезното црево ќе оди над елементите од кујната.[DOUBLEPOST=1456862159][/DOUBLEPOST]
На ова просторче да му ставиш аспиратор има да го угушиш. Се согласувам дека секоја кујна треба да има аспиратор, но кај мали кујни каде има и прозор, башка над шпоретот, јас не гледам никаква потреба за аспиратор. Без разлика дали е лето или зима, ти ќе можеш малку да го отвориш прозорот и средена работа. А ако веќе си решен да ставаш аспиратор, јас би ти го препорачал овој, од проста причина што завзема помалку простор.
Незаменлив е добар аспиратор. Ти не гледаш потреба ако не ти смета тоа да ти мириса цела дневна соба и цела облека на кромид, тогаш во ред. Мене и тоа како ми смета и имам потреба од аспиратор.
Тој што си му го покажал нема да заврши работа, има многу малку вшмукувачка моќ и ќе завземе повеќе простор од вградливите.
 
Сакам да слушнам совет околу поставувањето аспиратор во кујна. Кујната, трпезаријата и дневната е една просторија без никакви ѕидови измеѓу, отворен план. Е сега кај што треба да биде кујната, има голем прозорец, скоро 1кв. метар. Кујната ќе биде мала, затоа е битно секој цм простор да се искористи. Дали е задолжително да планирам аспиратор, со оглед на тоа што има голем прозорец, кој ќе биде точно над ринглите за готвење? Маливе, ефтини аспиратори ем се бучни, ем не се доволни силни, не вршат работа за тие 2-3000 ден. А за нешто стварно добро, јако, не ми изгледа добра инвестиција од 12000+ да фрлам на некој квалитетен аспиратор. Плус во ѕидот нема никаква дупка, никогаш немало аспиратор, значи и тоа треба да се земе предвид, ако се мести, треба на ново дупчење, работа итн...

Прегледај го приврзокот 140358
Кај што ти е прозорот ќе ставиш садопер, преку друг елемент лево или десно ќе ставиш аспиратор. Види кабли, одвод, довод ако веќе немаш пуштено, ако имаш ќе има заебанции :)
Хилта и една 120 mm рупа, не е некоја филозофија, со филтри не би ти препорачал.
 
Зошто губење простор? Аспираторите што му ги ставив во линковите зафаќаат 14 сантиметри од елементот во кој ќе стојат. Тоа се вградливи аспиратори. Доле излегува само 4 сантиметри. Излезното црево ќе оди над елементите од кујната.
На тоа излезно црево мислев мора да врви тоа некаде... Кога ќе ги отвориш висаќите наместо чаши ќе те пречека цревото кое поминуе внатре ...
И јас имам стан во градба со ист проблем недоволно простор и прозорец кој одзема добар дел од ѕидот каде треба да стојат висечки елементи

kdOyWI4.jpg


177cm. e од едниот до другот крај.... То пречкртаниот дел нема ни да се цигла... На тоа место ќе кренам шанк со простор за складирање горе и доле...Целиот шанк ќе делува како еден голем ѕид, меѓутоа што со тие 177cm? Идеално проеткот беше кујната да биде од двете страни или ако пишете во Google, galley kitchen ќе видите што мислам. Настанаа измени едната страна отпадна.. На таа страна ќе има фрижидер и врата така да на располагање ми е само страната со прозорот и сега ја треба да испланирам садопер плотни и работна маса во тој простор
Идеално садопер иде над прозорец а плотни само со 2 рингли и сега и ја би сакал да ставам некаде аспиратор али како ќе го изведам тоа незнам....ќе се мозга некако :)
 
Кај што ти е прозорот ќе ставиш садопер, преку друг елемент лево или десно ќе ставиш аспиратор. Види кабли, одвод, довод ако веќе немаш пуштено, ако имаш ќе има заебанции :)
Хилта и една 120 mm рупа, не е некоја филозофија, со филтри не би ти препорачал.
Инсталацијата вода струја е веќе средена, нели гледаш дека има плочки ставено ;). Еве друга слика подобро да ви го долови просторот.
DSCN5426.JPG
Мислам дека ширината беше 4-4.5 метри. Абе реално да зборуваме, миризбата не се убива и каков сакаш апсиратор стави. Побрзо ќе се расчисти со промаја со отворен прозорец и на другиов крај врата кон тераса. Башка како што кажа некој погоре па и убаво е дома да мириса на јадење, не е друго нешто па да е непожелна миризба.[DOUBLEPOST=1456867778][/DOUBLEPOST]
Што има фали на ваквите? Беко? Горење? Пожелно е да ставиш аспиратор ако планираш да готвиш. Само прозорот нема да ти заврши работа. Исто така пожелно е да го ставиш аспираторот над ринглите. Да не биде прозорецот над ринглите а аспираторот на друга страна. Ќе си отвориш дупка. Подобро неколку часа работа отколку смрдеа цел живот. :)
Како што гледам и на двата усисната моќ им е доста слаба. Некаде читав груба пресметка колку треба да има усисна моќ за колкав простор и испаѓаше дека треба најмалку 500 метри кубни/час да биде, а сите ефтини аспиратори се до кај 300-400. Значи се враќаме на муабетот од мојот прв пост, ако сакаш да вреди нештото, ставаш јак, скап апсиратор, барем да знаеш дека ќе врши работа, а маливе, ефтиниве се така колку да се речи, ете ставивме аспиратор, оти мајката слабо влече :LOL: Цел простор дневна-кујна е 33 кв. метри со 2.75 м висина.
 
Последно уредено:
Инсталацијата вода струја е веќе средена, нели гледаш дека има плочки ставено ;). Еве друга слика подобро да ви го долови просторот.
Прегледај го приврзокот 140442
Мислам дека ширината беше 4-4.5 метри. Абе реално да зборуваме, миризбата не се убива и каков сакаш апсиратор стави. Побрзо ќе се расчисти со промаја со отворен прозорец и на другиов крај врата кон тераса. Башка како што кажа некој погоре па и убаво е дома да мириса на јадење, не е друго нешто па да е непожелна миризба.
Се решава и тој проблем ако е веќе поставена инсталацијата....како и да е, ако имаш доволно вентилација нема да е толку страшно. Проблем е на -15 степени, ама како ми личи нема веќе студови да гледаме со климатскиве промени :)
На зима како оваа ќе пројдеш без некој проблем (y)
 
Колку што гледам имаш доволно простор во кујната за се. Можеш дури и посебен аспиратор да ставиш. Не се сложувам со тебе дека 300-350 м3 не се доволни. Над 500м3 остај што ќе биде скап туку ќе биде како антонов да полетува.
Сум пробал и со него и без него. Јас имам таков како на сликите погоре и си ја врши солидно работата. Без него е неподнослива миризбата низ куќа а со него повторно мириса но барем можеш да седиш во дневна. Ако ти е одвоена кујната од останатите соби тогаш ај без аспиратор, ако не ти е... :)[DOUBLEPOST=1456875776][/DOUBLEPOST]Вака изгледа елементот со аспиратор од надвор. Јас навистина не гледам проблем со дизајн и зафаќање простор.
2zfuxjt.jpg


А еве како изгледа од внатре. Тука има сосема доволно простор за доста работи.

ezhcts.jpg


Ако ви смета цревото, тоа е гибливо и трпи малку виткање кон лево или десно за да собере одредена работа во елементот. Ако ви смета цревото на изглед има решение и за тоа. Ако ви смета аспираторот на изглед и за тоа има решение само ви треба прав столар. :)[DOUBLEPOST=1456876264][/DOUBLEPOST]
На тоа излезно црево мислев мора да врви тоа некаде... Кога ќе ги отвориш висаќите наместо чаши ќе те пречека цревото кое поминуе внатре ...
И јас имам стан во градба со ист проблем недоволно простор и прозорец кој одзема добар дел од ѕидот каде треба да стојат висечки елементи

kdOyWI4.jpg


177cm. e од едниот до другот крај.... То пречкртаниот дел нема ни да се цигла... На тоа место ќе кренам шанк со простор за складирање горе и доле...Целиот шанк ќе делува како еден голем ѕид, меѓутоа што со тие 177cm? Идеално проеткот беше кујната да биде од двете страни или ако пишете во Google, galley kitchen ќе видите што мислам. Настанаа измени едната страна отпадна.. На таа страна ќе има фрижидер и врата така да на располагање ми е само страната со прозорот и сега ја треба да испланирам садопер плотни и работна маса во тој простор
Идеално садопер иде над прозорец а плотни само со 2 рингли и сега и ја би сакал да ставам некаде аспиратор али како ќе го изведам тоа незнам....ќе се мозга некако :)

Добро, твојот проблем е малку поспецифичен, се согласувам. Но има решение и за толкави места.
ofuhrn.jpg

Садоперот и фиоките можеш да ги смениш. Можеш и да ги намалиш фиоките на 40цм и корпа (вагонет) на извлекување да ставиш 16цм.
Горе над ринглите аспиратор 60цм. и ќе ти останат 3 елементи од 38цм или два од 58цм.
Садоперот не мора да биде 60цм. има помали, има и кружни, помалку зафаќаат. Ринглите исто не мора да бидат 4. Можеш да земеш со 2 рингли и да си ја зголемиш работната површина. Во толку мал простор за жал што и да правиш ќе бидеш ограничен. :confused:
 
Последно уредено:
Вчера имав мајстор за кујната и деф ќе има аспиратор и ми ги препорача Фабер/Еуролукс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom