Грначаров се враќа во "Јане Сандански"
*Пред вратите на клубот повторно се најде миленикот на Аеродром. Според неофицијални извори, доколку Јане Петровски, кој во моментов тренира со "сино-белите", не најде клупски ангажман надвор од земјава, сигурно ќе потпише за МЗТ Скопје.
МЗТ Скопје дефинитивно оваа сезона ќе влезе со доста звучни имиња.
Се чини лошиот период кој го зафати тимот од "Јане Сандански" сите брзо ќе го заборават.
По една тешка година, новата структура заедно со сите обожаватели и помагачи на клубот успеаја да го остварат најавеното. Целосен кам-бек на терените, со далеку поконкурентен тим и секако можност за освојување на шампионската титула.
И официјално во "Јане Сандански" по подолго време се враќа Тони Грнчаров, кој минатата година беше дел од тимот на Вардар Осигурување. Искусниот бек имаше просек од 8.7 поени, 4.3 скока и 2.9 асистенции.
Пред Грнчаров челниците на МЗТ Скопје ја решија и центарската линија, потпишаа уште едно име кое веќе го има носено сино-белиот дрес. Се работи за Синиша Аврамовски.
Пред вратите на клубот повторно се најде миленикот на Аеродром. Според неофицијални извори, доколку Јане Петровски, кој во моментов тренира со "сино-белите", не најде клупски ангажман надвор од земјава, сигурно ќе потпише за МЗТ Скопје.
Составот на тимот го освежија уште двајаца играчи. Игор Пенов и Ѓорѓи Кочов, исто така ќе ги бранат боите на тимот од Аеродром.
Желба на челниците на клубот е отворените и проблематични позиции да се решат со домашни играчи. Доколку македонскиот пазар не ги задоволи потребите, во тој случај во игра се неколку странски имиња.
Инаку, што се однесува до старата гарда која минатата година херојски се бореше, останаа речиси сите кошаркарки.
Кој ќе биде конечниот состав, ќе биде познато наредната недела за кога е најавена прес-конференција, односно официјално презентирање на тимот.
Се очекува да го повтори одличното издание во сино-белиот дрес - Тони Грнчаров
И Наумоски со "сино-белите"
Овие денови со името на МЗТ Скопје се поврзува веднаш легендата на македонската кошарка.
Во салата "Јане Сандански" покрај официјализираните кошаркари, може да се види и Петар Наумоски. Иако засега нема официјален став за неговото присуство на тренинзите, сепак едно е сигурно, Петар Наумоски во МЗТ Скопје би бил вистински бум во мак-баскетот.