Да не си нешто грешка... Конте - Алегри.Само да не го отпуштат после 4 пораза. Зашто и Јуве беа хаварија сезонава у првите 2 месеца ама кога го уиграа Дибала и успешно ги санираа дупките од Пирло и Видал пак се на врвот.
Искрено не пратам многу натпревари од Серија А. Европски Јувентус со Конте не беше ништо посебно, ама пак Јуве во тој период се градеше како екипа и приоритет му беше успех на домашна сцена. Лани беше главниот плод во Европа од таа генерација.
За мене голема работа заврши Конте со Јуве... успеа без многу вложувања да го стабилизира и да го однесе на врвот на Серија А. Имаше доста паметни трансфери кои му завршија работа како да се платени 70 мил.
Поента ми е дека знае точно кој профил на играч му треба и нема да оди со непромислени и скапи трансфери. Сепак Погба и Пирло да ги земеш како фри агенти а да ти бидат кључни играчи не е мала работа.
Моментално сум за да остане Хидинг ако покаже добри резултати во Европа... од менаџер шпекулации највеќе сум за овој или Симеоне.
Подобро некој од овие двајца од што Пелегрини или некои рандум ликови.