Нов и надополнет Правопис на македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Има две Ѓавата. Едно кај Битола, едно кај Гевгелија. Изгледа едното е на локален дијакелкт, тоа некаде го прочитав.
 
Има две Ѓавата. Едно кај Битола, едно кај Гевгелија. Изгледа едното е на локален дијакелкт, тоа некаде го прочитав.

И двата си се на локалните дијалекти, на едниот е ѓавоштанец, на другиот ѓавучанец. Е сега ако не се знае од кое Ѓавато е човекот, не знам како би било... :toe:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
:eek: ЛЕЛЕ! :oeoeoe: :uzi:Министерство за (не)култура и неписменост и СИТЕ тнр катедри
 
Има две Ѓавата. Едно кај Битола, едно кај Гевгелија. Изгледа едното е на локален дијакелкт, тоа некаде го прочитав.

Ѓорги Сугаре у кое Ѓавато го фатија?

А на темата: пичка им матер, шо не го ставија 5000 денари, да не може никој да го купи! Говеда!
 
Белкинка , Црнкинка се глупости али за Кинезинка подобра алтернатива ?
 
Препишано им е од други јазици. Затоа и јазикот ни е турлитава. На друга тема прашав: Зошто New York е Њујорк, а Newcastle e Њукасл? Лектор одговара: Њукасл е затоа што изворниот збор е напишан слеано??? А Њујорк? И чекаш, чекаш, чекаш... Нема правило, напиши како сакаш (!!!). Е ајде добро, така нека биде. А зошто тогаш New Zealand е Нов Зеланд?!? И...нема одговор. Каков правопис и правила очекувате, кога "вметнаа" мал милион зборови од англиски јазик? Зборови за кои ИМАМЕ наши зборови за превод. Ама не, модерни треба да бидеме. Почнувајќи од Конески, па наваму го уништуваат јазикот! Сите, од прв до последен!!! Со читање дневен печат не се станува лектор.
 
Не се нормални овие бе . Ова што го прават со новиов правопис е идиотштина од рангот на новохрвтаскиот јазик кој го промовираше Туџман пред 22-23 год. Ептен неприродно звучат примерите што ги наведовте ( белкинка , црнкинка , Иркинка , Данкинка итн. ), и јас се кладам дека НИКОЈ па дури ни тие што ги измислиле овие нови зборови нема да ги употребува никаде во нормалниот говор. Незнам дали сте запознати дека постои некоја нова македонска латиница во која буквите Ќ и Ѓ на таа иста мак латиница се пишуваат вака : Ќ и G со цртичка одозгора ( јеби га непостои таков фонт на компјутеров за да ја напишам Ѓ ) . Значи Ѓ се пишува kako G ама со иста цртичка горе како и нормалната кирилична Ѓ , а Ќ на латиница се пишува исто Ќ . Ова го видов пред некој месец кога ќерка ми која е трето одделение пишуваше домашна по македонски јазик, и таа ми рече дека така учеле на училиште . Кога го отворив учебникот видов дека навистина така се пишуваат . Не знам од кога е воведена оваа нова мак латиница , но изгледа многу глупо и идиотски тие две букви да се пишуваат така на латиница . Кога може Љ и Њ да си бидат Lj и Nj ( што е во ред ) , зошто тогаш и Ќ и Ѓ да не бидат Кј и Gj ( многу по нормално изгледаат вака а и секој странец ќе знае кој букви се тие ) . Не сакам ни да почнам да дисутирам за претераноста на употребата на интернационализми и латинизми по електронските и пишаните медиуми кај нас , кое е практика веќе 20 и повеќе години . Буквално секој трет или четврт збор е латинизам а имаме убави македонски зборови за нив . Пример : баланс - рамнотежа , лимит - граница , биланс - пресметка , маркетинг - рекламирање , легитимно - законски и така натаму . Ми се чини дека на постарите и не толку образовани жители на државичево ни , им треба преведувач кога гледаат вести на ТВ или читаат весник .
 
А Северно Иркинка споено или одделено?
И Македонско Бродкинка?

Хе хе , абе можи да се напишат уште 100 вакви примери на глупоста што ја прават со новиов правопис . Едно наградно прашање до тебе . Дали знаеш како во времето на новохрватскиот јазик на Туџман се викаше џојстик на хрватски ? :))
 
Хе хе , абе можи да се напишат уште 100 вакви примери на глупоста што ја прават со новиов правопис . Едно наградно прашање до тебе . Дали знаеш како во времето на новохрватскиот јазик на Туџман се викаше џојстик на хрватски ? :))
Igraca palica или мислиш на Svesmjernica? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom