Ги разбира ли некој убаво законите за домашни миленици? Дали куче кое се чува во двор мора да биде врзано и да носи маска?
http://www.akademik.mk/predlog-na-zakon-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-zakonot-za-sprechuvane-na-perene-pari-i-drugi-prinosi-od-kaznivo-delo-i-finansirane-terorizam-4/
Читни го тука, имаш најдолу за симнување нацрт-закон. .
(1) Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не.
(2) Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзанина поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници.
(1) Опасни кучиња се кучиња:
-кои без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт;
-кои се затекнати во организирана борба на животни;
-од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да представуваат опасност за луѓето и животните; и
-кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња.
(2) Кучињата кои може да представуваат опасност за луѓето и за животните се прогласуваат за опасни кучиња и се внесуваат во Регистарот на опасни кучиња кој го води Aгенцијата
(3) Сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба:
1) кучето да го чува во заграден простор или врзано и
2) при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска.