Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Сопственик сум на мешавина пекинезер-пинч, женка, 5 години. Последниве 2-3 недели чудно се однесува. На моменти како да и се грчат нозете, има вртоглавици и неможе да стапне со нозете а кога ќе легне за 20 секунди све се враќа во нормала. Дали може некој ветеринар или човек со искуство да ми каже што се случува, зошто и што може да се направи. Фала однапред
 
Луѓе да не знаете во Скопјево каде да најдам градник за куче ?
Мака ми е веќе да го гледам кучето како се дави од ланецот,па сакам да видам со градник како ќе се понаша
Во Рамстор, пет шоп Тина Вет, тука имаш најголем избор
 
шест месечен белгиски овчар
Над 500-600 до 1000 денари може да биде
Зошто јас имам шиба и мало бројче земав градник беше 350 денари, па ти кажувам од прилика колку може да биде
 
Луѓе да не знаете во Скопјево каде да најдам градник за куче ?
Мака ми е веќе да го гледам кучето како се дави од ланецот,па сакам да видам со градник како ќе се понаша
Колку е старо? Градник не е паметен избор за кучиња кои се во раст. А втора работа е што контролата која ја имаш над кучето ќе биде уште помала и ќе те влече појако. Не е исто да влече на вратна мускулатура,која треба да го спречува и на градна мускулатура која е многу појака. Така да, влечењето е нешто што ти треба да го корегираш со дресура.
 
Или може да изпроба со вакво
mE2D-IAdEBvv_mXYrsHIVvg.jpg

и нормално се подразбира, со дресура постепено ,ќе вратиш на огрлица
 
Ги разбира ли некој убаво законите за домашни миленици? Дали куче кое се чува во двор мора да биде врзано и да носи маска?
http://www.akademik.mk/predlog-na-z...si-od-kaznivo-delo-i-finansirane-terorizam-4/

Читни го тука, имаш најдолу за симнување нацрт-закон. .

(1) Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не.

(2) Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзанина поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници.

(1) Опасни кучиња се кучиња:
-кои без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт;
-кои се затекнати во организирана борба на животни;
-од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да представуваат опасност за луѓето и животните; и
-кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња.

(2) Кучињата кои може да представуваат опасност за луѓето и за животните се прогласуваат за опасни кучиња и се внесуваат во Регистарот на опасни кучиња кој го води Aгенцијата
(3) Сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба:

1) кучето да го чува во заграден простор или врзано и

2) при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска.
 
Дали некој можеби има телефон за контакт од Кинолошкиот сојуз на Република Македонија? Бројот од веб-страницата е исклучен. Ви благодарам однапред.
 
Ги разбира ли некој убаво законите за домашни миленици? Дали куче кое се чува во двор мора да биде врзано и да носи маска?
Во сопствениот двор освен знак пази куче не си должен да го врзуваш кучето секако доколку ти е дворот ограден ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom