Старец претепан до смрт оти ја фалел Катица Јанева?

Статус
Затворена за нови мислења.

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
кога на снимките ќе им пројде шок ефектот и првичната воајерска забава, ќе бидат корисни или контрапродуктивни за тој што ги објавил.
:pos:
Прашај го Грујо , Шупрајш и Миле ми текна какви се , продуктивни или непродуктивни .
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
А Заев што руши? Песочни замоци?
Државност руши? Озбилно ова ? Стварно ?[DOUBLEPOST=1456185747][/DOUBLEPOST]
не сум ни симпатизер ни член на ВМРО. Али џабе. Ако си против едно, си ЗА кај друго.
Претходно напиша .
Е сега, бидејќи немам подобра трета опција (за тоа е крив самиот народ), останува ВМРО. Преку кур ми е од хаосов веќе. А овие барем нудат стабилност.
Сам себе будала се правиш ?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Прашањето беше за во хипотетичка ситуација во која и СДСМ има свој Груевски и Протуѓер. Макар што, мислам дека еднаш имаше пишано дека потекнуваш од вмровско семејство. Во тој случај разбирам дека мора да е апла апла јака. :D
На времето имаше кадар СДС. Имаше и до пред некоја година по некој. Сите што имаа потенцијал ги снема од лицево на земјата. Мислам и да се спојат сите опозициски партии во една пак нема да има доволно квалитетен кадар како конкурент.

Едино ДПА би ги заменил со ДУИ како коалициони партнери на Власта ама и двајцата знаеме зошто се ДУИ таму. Стефче е онака, океј. Ама не ми делува како опозиција, повеќе како колаборативна партија на ВМРО. Други нема. ДОМ? Не фала.

Инаку да, од ВМРОвско семејство сум. Мада не играло фактор тоа порано. Долги години немав гласано на пример. Не сум имал ни притисок да гласам. Сме имале усвитени дебати по дома пошто како што сум кењал на форум за Власта така и во живо. Не за се, да се разбереме, но за доста работи. Друг став сега затоа што ситуацијата не е воопшто иста.

Мирка е веќе и официјално политичко аташе на Москва. На СДСМ им треба ресетирање на вредности. Самиов форум е доказ за тоа. Уфо, Мафо и Ригил се единствените што официјално ги поддржуваат. Толку се утепани, што луѓе што стварно се неутрални, треба да настапуваат со порадикални ставови од нив, за да донесат некаков баланс. Надвор од виртуелниот свет се уште бетер. Го примораа Џес Бејли да изиграва лидер на опозиција. Си ебало мајката...
Не ми е јасно само како ги ставаат зборот демократија и агендата на СДС во иста реченица. Како да имаат поинаков речник од мојот па таму зборот има друго значење. Или кочењево на процесиве дека е за доброто на државата.

За трета опција, премала држава сме.
Да, за жал.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
Ахам , изгледа имаме возљубено чедо во великиот Бране Црвенкоски .

Прекинувам овде .
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Државност руши? Озбилно ова ? Стварно ?
Озбилно ко рак. А ти што мислиш дека он руши? Рејтингот на Грујо? Прашањето не беше реторичко, те молам одговори што точно прави Заев со агендава?
 
W

wicked_1

Гостин
Во златново Скопје, тука сум.

Не викам дека нема фаворитизам со партиски книшки и сл. - ама за воља на вистината, и едната и другата партија го правеа/прават тоа, и ако друго дојдат утре на власт - истото ќе биде. Не викам дека е фер, и дека е праведно - само викам дека не треба да очекуваш нешто поинаку од друга партија ако дојде на власт.

Ако збориме за маргинализирани групи, јас сум во двојна. Али како што реков, не се жалам. Можеби затоа што видов колку полошо може да ме снајде со политичкиов избор што ми е локален. Киселото грозје веќе не е кисело.

Ако сметаш (ти или било кој друг) дека ваквиот став не чини, не треба кривец кај Власта да се бара, него кај опозицијата. Да не се покажеа како катастрофален фактор во државава, можеби се уште ќе бев горе-доле неутрален и екстремно критичен (онаму каде треба) повеќе кон Власта него ли било која друга партија.
Не фаворитизам, фаворитизмот е повеќе генерален впечаток, ова у моментов е единствен начин без алтернатива, и џабе ќе ми го продаваш тоа дека и порано било така, барем не у последни 20 години.
А тоа што ќе очекувам од другата партија ќе оформам за тоа мислење коа ќе дојде како и до кој степен ќе ги користи истиве техники од оваа влада тогаш ќе оценам.

Пак, познатава реторика за тоа дека корективот не го бива па позицијата користи не иде некако.. сите апсења, рекети, отпуштања, заокружувања, јавни линчови и што уште не се се доволен показател за тоа кој е одговорен. Некако дури го менувате светогледот за тоа кој треба да понесе одговорност во кризни состојби, извлекувате некои нови логички операции само за нечија корист.

Во едно сум сигурен, ако сега не се осудат сега одговорните за еден од најголемите криминали во нашето постоење, ќе има нови преседани во политиката кај нас, кои ќе бидат практика отпосле со новата власт кога и да дојдат.
А да поддржувам некој да се извлече од одговорност после сето ова, ни на крај памет.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Не сум имал ни притисок да гласам.
Тебе, кога СДСМ ќе дојде на власт, треба прв да те распне на плоштад. Ај што лажеш дека не те терале да правиш список од милион сигурни гласачи, уште лажеш дека не те претепале, бутнале во комбе и истовариле пред гласачко место со заокружено ливче во рака, па те приморале да го уфрлиш.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Неутрален и неопределен е синоним за мене. Не знам што да ти одговорам да не бидам погрешно сфатен.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
Морам да поддржувам една или друга политичка партија за да не бидам за потсмев? :) Во твојов случај морам да поддржувам една, зошто другата да се поддржува е неарна работа.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не фаворитизам, фаворитизмот е повеќе генерален впечаток, ова у моментов е единствен начин без алтернатива, и џабе ќе ми го продаваш тоа дека и порано било така, барем не у последни 20 години.
А тоа што ќе очекувам од другата партија ќе оформам за тоа мислење коа ќе дојде како и до кој степен ќе ги користи истиве техники од оваа влада тогаш ќе оценам.

Пак, познатава реторика за тоа дека корективот не го бива па позицијата користи не иде некако.. сите апсења, рекети, отпуштања, заокружувања, јавни линчови и што уште не се се доволен показател за тоа кој е одговорен. Некако дури го менувате светогледот за тоа кој треба да понесе одговорност во кризни состојби, извлекувате некои нови логички операции само за нечија корист.

Во едно сум сигурен, ако сега не се осудат сега одговорните за еден од најголемите криминали во нашето постоење, ќе има нови преседани во политиката кај нас, кои ќе бидат практика отпосле со новата власт кога и да дојдат.
А да поддржувам некој да се извлече од одговорност после сето ова, ни на крај памет.
Го продавам тоа затоа што како што спомнав погоре, најрелевантни примери црпам од мојот сопствен живот, и додатно потекнувам од ВМРОвско семејство. Моите родители не почнаа да работат од 2006та навака. Работат веќе 30ина години, и да, виделе и они, а сум видел и јас реперкусии од тоа да си со поинаква политичка идеологија од тој што е на власт, кога се работи за вработување/отпуштање. Кај татко ми не знам, ама кај мајка ми во фирма работат околу 40% СДС симпатизери. Без разлика што главата на фирмата не е симпатизер, истиве не се отпуштени од работа. Некои од нив не се ни кадарни (али тоа е друг муабет), али никој не им го презел местото. Доволно имам години позади себе да се сеќавам како беше во времето на другава опција која беше Власт, и беше бетер. Дека не е во ред - не е во ред, ниедна политичка опција тоа да го прави. Пак е народот крив, што не е поостар во критиката кон власта, за тој феномен да го снема. А сега наместо за тие проблеми - на маса е ставена автономноста на државава, и вештачки создадена е криза, за да го привлече вниманието на ајкулите од Запад.

СЈО требаше да го тера предметот и да докаже кој е крив а кој не. Наместо да се држи до ингеренциите, тие бараа предмети надвор од нивната надлежност, од членови на СДС, обвинети или осомничени за некаков криминал, со барање да се отстранат/затворат предметите. Ако е Грујо крив за нешто, нека го судат. Јас не сум против повик на одговорност, и ако некој не треба да се извлече, да не се извлече, ама и Катица Јанева и компанија треба да бидат повикани на одговорност. Од почетокот глупостите, па се до крај што ќе биде. А се сомневам дека последниот гаф го видовме од неа. Ако си нели неутрален во однос на бремето на одговорност.
 
G

Goldie

Гостин
СЈО требаше да го тера предметот и да докаже кој е крив а кој не. Наместо да се држи до ингеренциите, тие бараа предмети надвор од нивната надлежност, од членови на СДС, обвинети или осомничени за некаков криминал, со барање да се отстранат/затворат предметите. Ако е Грујо крив за нешто, нека го судат. Јас не сум против повик на одговорност, и ако некој не треба да се извлече, да не се извлече, ама и Катица Јанева и компанија треба да бидат повикани на одговорност. Од почетокот глупостите, па се до крај што ќе биде. А се сомневам дека последниот гаф го видовме од неа. Ако си нели неутрален во однос на бремето на одговорност.
Како ќе го осудат кога и самите видовме како се местат судии директно по налог на Мијалков, мислиш тие и да е крив ќе пресудат против него ? Во ред ти е тоа, го одобруваш ?
Овие се живо и диво во државава испартизираа и само ненормален би ги подржувал, не успеаа државните универзитети да ги стават под контрола па затоа сега ќе отвараат нивни нови.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Деновиве коментарите околу се што ќе се случи се:
а) Гвујо е крив за све
б) ВМРОвците криви се за све. Дебили, прости, глупи, смрдени, дегени, заостанати дрн дрн дрн...

Се чудам како може, луѓе што за себе тврдат дека имаат умни, современи и либерални сфаќања и се сметаат за прилично интелигентни да ги пишуваат погорниве коменари. Прво, логикава ви чкрипи. Дали сте сериозни дека Груевски е крив што некој болесник убил човек некаде за нешто? По истата аналогија ја сеа треба да одам и да кршам прозори по комшиите на пример и да речам дека тоа е поради тројката по математика на полугодие во четврто одделение што ми ја пиша учителката. Второ, да тврдиш дека сите членови од одредена партија се исти (читај придавки во коментарот под б)) треба да си надвор од умот. Ниту Груевски е виновен за ваков злочин и ваква глупост, ниту Груевски и компанија се вистинското на ВМРО. Не ја поистоветувајте партијата со куп криминалци кои не знаат главата кај им е. Најлошо е што таквите кои ги пишуваат коментариве што ги спомнав не прифаќаат дискусија, не нудат здрави аргументи и ги завршуваат разговорите со: ,,глуп си" и ,,оди утепај се" истовремено обвинувајќи ја другата страна дека не знае да води дискусија.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Како ќе го осудат кога и самите видовме како се местат судии директно по налог на Мијалков, мислиш тие и да е крив ќе пресудат против него ? Во ред ти е тоа, го одобруваш ?
Овие се живо и диво во државава испартизираа и само ненормален би ги подржувал, не успеаа државните универзитети да ги стават под контрола па затоа сега ќе отвараат нивни нови.
Би се зачудил колку ВМРОвци го мразат Мијалков. Според мене он веќе од одамна треба да е зад решетки.

Кога се работи за државните универзитети - нели се кењаше на форумов за Кирил и Методиј (и јас какав за истото, од друг аспект)? Кога ја објавија онаа азиската листа каде беше рангиран број 1 (не знам во која реномирана категорија). Тогаш универзитетот беше воден од Власта, и тоа беше срамота. Сега има предлог за нов, одеднаш власта го правела ова затоа што немала контрола врз универзитетите. Па се јавија и членови од СДС како отмено и гордо зборат за тоа дека завршиле на истиот тој КиМ, што пред неколку години го плукаа, и како ова сега било срамота со новиве предлози. Поимот срамота фина рокада си прави од време на време кај левичариве.

На страна квалитетот на универзитетот КиМ - ако беше до нелегитимноста на отварањето на нов универзитет, и сомнеж дека владата сака свое катче за контрола, што се глупостите со преименувањето на универзитетот од страна на опозицијата? Ако е нелегално да се одобри и отпочне проектот, што мешаат прсти во негова потенцијална реализација? Што има врска името ако не треба ни да постои? Затоа што еден од аргументите за непотребноста на универзитетот е дека нема да има доволно студенти да студираат таму, и дека само се фрлаат пари без потреба. Тебе ти има ова логика?

Студирав во опозициски воден приватен универзитет. Пред него во државен (под палка на власта). Прилично сум запознаен со политиките и на двете страни кога се работи во универзитите.

Не видов голем аир и од двата. Може да се рече фрлени пари во оган. Но... Од приватниот се уште ми должат униформа, лаптоп компјутер, и странски препораки за на резиме, сите тие работи кои ги ветија како абсолут, а кои никогаш не ги видов, иако платив за сите нив, дебело. Да не зборам дека ми лапнаа 4 пати повеќе пари за финансирање по година од државниот (калкулирано без ветениве реквизити и бонуси). Језда приватен ова-она, ама ова е веќе мочање без грам пристојност да го нарече дожд. И Нано Ружин беше еден од професорите таму.

Онака сликовито да ти претставам. Кој повеќе краде во државава. По сопствено директно искуство.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Предвидувањата се остваруваат.
Кога пијаница пропалитет класика симпатизер на дпмне ќе убие старец со пастирски стап.
Кога Хомич јавно ќе изјави дека е десничар и сирија ќе падне , четворицата јавачи на апокалипсата ги отвараат вратите на пеколот и доаѓа судниот ден.
Од предвидувањето уште само сирија не паднала уште еден печат не е скршен, да се надеваме дека турција и саудиска арабија нема да извршат инвазија деновиве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom