Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дојдете на Letterboxd :D
На њот му се жалев па ајде и овде.
Не може бе да ми бараат 20 долари за да импортнам листа од IMDB, не може.
Протестирам.
Полесно ќе го прифатев фактот да нема опција за импорт отколку да има а за тоа да ми бараат пари.
 
Тоа е единствен downside, другото си е супер. Јас среќа имав околу 120 филмови кога го направив, па не ми одзеде многу време да додавам филмови еден по еден.
 
На њот му се жалев па ајде и овде.
Не може бе да ми бараат 20 долари за да импортнам листа од IMDB, не може.
Протестирам.
Полесно ќе го прифатев фактот да нема опција за импорт отколку да има а за тоа да ми бараат пари.

Оди кај њот на профил во филмовите и само кликај Seen, Seen, Seen :D
 
Тој јужноамериканскиот за оскар што е номиниран го гледаше ли некој?
Ми пореметија цел план со немањето торент за унгарскиот, пополнувај сега дупки :tapp:
И ова изгледа ќе се деси. Филм да земе оскар, а да го немам гледано до Оскарите. :aplauz:
 
Има нешто добро од тие што беа наведени?
ако од македонските мислиш, Медена ноќ и Три дена во септември се добри. :)
А Лазар го немам гледано, ама добри критики имаше од тие што го виделе на Манаки. :)
Каде се парите и Збор - не се мачи да ги гледаш, ако ги начекаш низ кино. :D

Според мене 2015 е доста добра година за македонскиот филм зашто 5 од 5 филма беа современи, а не револуционерни причи. Башка Медена ноќ покрај океј причата имаше одлична глума од Ристановски и Верица, а и во Три дена - Ристиќча и Камка развалија. (y)
 
Ќе ги изглеам ваљда деновиве.
 
Бела Тар му стана доследен на Тарковски, факт. Ама некои филмови му се апла претенциозни, посебно Satantango, дури и после второ гледање на филмов не ја сфаќам поентата, барем не гледам како стилот и обемноста = substance.

Нема некои метафизики, длабоки филозофии, психолошки тригери, нема речиси ништо друго филмов освен долги never-ending кадри и темен депресивен тон кој трае +- 7 саати. Далеку од некои други дела на Тар.
 
Танович ги освои сребрената мечка и наградата ФИПРЕСЦИ од филмските критичари во Берлин за најновиот филм Смрт во Сарајево. Ете тако се снима филм драги мои.
Баш ме занима кога ние ќе снимиме филм што бар ќе го повтори успехот на Пред дождот со Златното лавче од Венеција. :)
 
Баш ме занима кога ние ќе снимиме филм што бар ќе го повтори успехот на Пред дождот со Златното лавче од Венеција. :)
Ќе снимиме кога ќе дојде некој наш режисер што се поврзал со продуценти од Америка и странство.
 
Танович ги освои сребрената мечка и наградата ФИПРЕСЦИ од филмските критичари во Берлин за најновиот филм Смрт во Сарајево. Ете тако се снима филм драги мои.
Баш ме занима кога ние ќе снимиме филм што бар ќе го повтори успехот на Пред дождот со Златното лавче од Венеција. :)
Тановиќ и пред некоја година имаше забележителни успеси по фестиваливе со тој полу-документарецот. А со оглед на тоа што освојувачот на Златна мечка во Берлин годинава е документарец, ова му доаѓа ко победа на Тановиќ во играната продукција. Очекувам ова да е меѓу номинираните за Оскар за странски филм до година.
 
Flags of Our Fathers или Letters from Iwo Jima?

Кој прв да го глеам или нема врска?
Прво Flags of Our Fathers, па после Иво Џима. Двата филма раскажуваат ист настан, само од различни страни.
 
Victoria - лекција за девојките со авантурисички дух. ;)

А глумицава се кладам дека е ист карактер, ваква наивна и во реалниот живот. А срцка е.

Aко дојде ред од филм да учат, тешко нив. :D
 
Back
На врв Bottom