знам една варијанта каде македонската ја оставаш во буг министерство за да земеш бугарска, и после во мак ја пријавуваш ко изгубена и си вадиш нова...
заборави за споменеш ако го фатат дека го прави тоа одговара пред суд, важно е да се напомене дека ова е против законски!
Има куп пресуди објавени н страните на судовите.. еве една
П Р Е С У Д А
ОБВИНЕТИОТ: В.П. од с. Ј., роден на ... год. во В., од татко С. и мајка Ц., со живеалиште во с. Ј., со завршено средно обрзование, невработен, неженет, по националност, Македонец, Државјанин на РМ, досега кривично не осудуван, против него не се води постапка за друго кр. дело, со ЕМБГ ....
ВИНОВЕН Е
ЗАТОА ШТО
На 23.7.2007 год. во управна постапка поднел доказ за кој знаел дека е лажен, така што до ОВР – Виница кон барањето за издавање дупликат на возачката дозвола со регистарски број 6448 поднел и своерачно потпишана изјава дека на 2.5.2007 год. ја изгубил возачката дозвола, иако знаел дека истата ја заменил во Република Бугарија заради добивање Бугарска возачка дозвола.
Со опишаното дејствие обвинетиот В.П. сторил кр. дело "Поднесување лажни докази" од чл. 366-а ст. 1 од КЗ, поради што во сообразност со чл. 4, 32, 34 ст. 1, 39, 48, 49 ст. 1 и 50 од КЗ, му се
И З Р Е К У В А
АЛТЕРНАТИВНА МЕРКА (условна осуда) казна затвор во траење од 6-шест месеци, која се смета за утврдена и нема да се извршува доколку обвинетиот во рок од 2-две години не стори ново кр. дело.
Обвинетиот се задолжува да ги плати и трошоците во кривичната постапка во вкупен износ од 2.000,00 ден., во рок од 15 дена по правосилноста на пресудаата, на име паушал.