Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
За зимата јас не ни викав. Се разбира дека ремонт неможеше да направи зимата. Иако да , имаше такви што така мислеа :) Сета моја надеж е за на лето. Ама по ова изјавиве веќе и не сум преголем оптимист..
 
Ај уште од сега да почнеме. Што очекуваш на лето? Што подразбираш под ремонт? :)[DOUBLEPOST=1455843231][/DOUBLEPOST]Конкретно, кои и колку играчи (одприлика) би биле продадени. За купување, не би знаеле кои имиња али одприлика кои позиции би се засилиле.
 
Голман секако. Не конкуренција за Мињоле. Замена за Мињоле. Прво и основно. Мињоле нека седи да брани у Фа куп.
Матип донесен. Искрено го немам гледано. Неможам да искоментирам колку е добар. Дали одма ќе биде внесен во прв состав не знам. Изгледа ќе биде партнер на Сако/Ловрен? Сако лани и почетокот на сезоната го ставам пред Ловрен секако , но Ловрен крена форма па беше подобар од него периодов. Тука би се видело во нареден период играта , предсезона и сл. Шкртел аут. Илори аут. Кокер една утакмица изигра и таа не го гледав , неможам да искоментирам дали треба да се задржи ( како прво дали иаме и таква опција?) Коло ( у Реал Мадрид ). Би ги имале ( според мене секако ) Матип , Ловрен , Сако централни штопери. Е сега доколку се врати стариот Сако не би трошел премногу на уште еден штопер , но ако Сако продолжи со смешни игри или Ловрен се врати на неговите стари партии треба да се фрлат 20-25М за добро појачување.Со подобар голман одбраната секако ќе има подобри партии. Ако не се лажам 15 бода досега не има ебено Мињоле.
Од бековите сум задоволен. Клајн за мене е најстандарден играч. Со враќањето на Фланаган добиваме одлична замена десно , а се разбира Флано може да изигра и лево ако треба да се замени Морено. Смит уште сега да му се даде шанса во ПЛ. Детето изигра одлично во ФА. И така не играме за ништо во ПЛ.

Е сега .. Лукас аут секако! Џо Ален исто. Поклон најголем за летото - Гундоган. Хендерсон капитенчето наше секако си е тука. Само да се надеваме дека ќе крене форма. Милнер до нив. Не крило не по страна.
Ајб - у чемпионшип. Лалана - на клупа. Фрли пари за крило, Ројс :P
Кутињо - Стариџ - Фирмињо. Ударно трио. Се разбира Стариџ ако остане фит. А тоа е голем прашалник. Бентеке мислам дека нема никогаш да крене форма кај нас , едноставно тоа е тоа. Ќе вратиме пола од парите? :) Ориги и Ингс замени за Стариџ. Друга опција Фирмињо шпиц. Кутињо и крилото(ново) у напад.

Значи голман. Штопер. Гундоган :P и крило ( Ројс ) :)
Имаш на клупа штопер , Фланаган , Емре Чан , Лалана , Ориги/Ингс , по потреба Тешеира , Стјуарт ..секако се подобра опција од Лукас/Ален
 
Е сега, објасни ми ти мене како бараш ремонт и очекуваш а при тоа би продал играчи кои не се ни прва постава. Лукас, Ален и Ајб често не се ни на клупа што се вика.

Ремонт е ако се продаде Стариџ, Сако/Ловрен, Мињоле, Морено, Хендо, Џан и Кутињо. Тоа е ремонт, продаваш играчи кои ти се прва постава а не играчи кои едвај фаќаат место на клупа, не па на терен.
Затоа со време ви велам, не летајте со умот, за да не дојде 1ви септември а вие да кукате или да барате зимски преоден за имагинарната чистка :)
 
Да не е ремонт. Одприлика гледав да бидам пореален а не јас како што сакам.
Шкртел , стандарден првотимец кога е фит. Би го избркал.
Мињоле го бркаме сите.
Хендо ако продолжи вака еби му матер
Чан на клупа , стандарден првотимец
Лукас често е прва постава
Милнер на клупа

Ќе се направи ова? Се разбира дека не. Сигурно дека газдите нема да дадат 200М за се да се смени. Но со 80М може добро да се закрпат неколку позиции
 
Значи? Ништо од ремонтот, туку само крпење на неколку позиции :)
 
Ремонт е ако се продаде Стариџ, Сако/Ловрен, Мињоле, Морено, Хендо, Џан и Кутињо. Тоа е ремонт, продаваш играчи кои ти се прва постава а не играчи кои едвај фаќаат место на клупа, не па на терен.
Затоа со време ви велам, не летајте со умот, за да не дојде 1ви септември а вие да кукате или да барате зимски преоден за имагинарната чистка :)

Реално постои можност барем пола од овие имиња да не бидат тука и следна година. Најголем прашалник останува Стариџ.

Тоа што Клоп вика дека има квалитетни играчи, не значи дека истите нема да си заминат. Што ќе ти се квалитети кои се појавуваат еднаш на неколку утакмици.

Трансфер политиката да се донесат ѕверови или “идни ѕверови“ на Ливерпул не иде веќе мнооогу време. Не успеваат да привлечат големи имиња, лошо им оди предвидувањето на иднината со “талентите“ што ги зимаат, исто е и со оние “ѕвезди за сиромашни“ од типот на Лалана. Очекуваме тие играчи да бидат ѕвезди на тимот, а реалноста е дека не се ништо повеќе од “едвај првотимци“. Толку се плука по Милнер, а ликот не игра нешто послабо од порано. Ама порано не се очекувало од него да биде играч што ќе прави нешто повеќе од тоа да им помогне на останатите кои ја правеле разликата. Кога веќе не можат да привлечат некое поголемо име, барем нека земат некој што ќе биде просек константно на утакмиците. Барем нема да фрлаат толку пари и ние нема после секоја победа со разлика повеќе од 2 гола да ги сметаме за конкуренти за титула. Со една ѕверска утакмица и три катастрофални, нема стигнување подалеку од ова.

Секако дека секогаш можеш да си го испотиш гзот и да го одврзеш ќесето и да донесеш играч на место, али други се тие... :)
 
Јас го пратам Ливерпул околу 15тина години (можеби во почетоците не толку од блиску што би се рекло) и не памтам да донел играч кој бил ѕвер во моментот, доколку се тргне на страна Торес, реално. Со оглед на тоа наше минато, јас не знам под кој основ некој очекува да се донесе таков играч, па уште и кажува „ееее овие играчи не ги бива, порано носевме класа“. Ливерпул НИКОГАШ не носел играчи кои во моментот се сметаат за класа играчи. Во Ливерпул станувале и истите биле продавани. Селинг клаб по дефиниција.
 
Играч од кој што треба да се започне ремонтот е капитенот. Реално, не е калибар на играч за да биде носител на играта на Ливерпул како што сакаме. Отсекогаш бил форсиран и фаворизиран од нас фановите ради Стиви синдромот, а освен желбата и фигуративно кажано љубовта кон клубот, не е кадарен да ја држи средината на подобар од моменталниот Ливерпул. Треба да се проба да се продаде додека држи цена, сигурно некоја од англискиве екипи ќе загризе (читај Сити) со оглед на тоа што е домашен играч и добра паричка може да капне, тие пари + доплата таман да се земе Гудноган и Џака на пример. Знам дека сценариово е премногу нереално, ама е паметно според мене да се одигра вака.
 
Магично и чудесно е како додека некој играч не бидне поврзан со Ливерпул преку шпекулација претходно никој, никаде, никад чуо за него, не па да го гледа. И ајде одма, да се донесе тој играч во клубот. Ова посебно важи за некој како Џака на пример..."да да тој играч ни треба, да се земе, да се купи, реална опција е, не треба да се штеди" и останати блаблабла. Ја тоа имам приметено по нетов, за вас не знам.
 
Да не бидам како Стефи, ама Џака не е анонимус тотален. Игра во ЛШ две години по ред, солидна екипа од Бундес, млад а агресивен играч каков што немаме во екипа воопшто. Имам гледано 10тина утакмици и човекот искинал секој пат.
Глава ставам дека некој, условно кажано никад-чуо играч, има огромна шанса да се развие во одличен под Клоп.Таков му е принципот на работа на крај краева.
Милнер ни е најконстантниот играч во средина, што е срамно за Хендерсон. Преценет е и тоа бајаги, ама поради тој статус во клубот ќе патиме уште долго.
 
Не е ова од сеа и не е за Џака. Еве читај и на фб и на твитер па и тука истото се тера. Интересно е како луѓево штом се поврзе некој преку шпекулација се фаќаат за играчот ко слеп за стап, ко да не постојат други.
 
Nz dali gledas germansko...deckoto i ne e bas obicen prosek... Ako lukas i alen si odat a milner i hendo se teska tapa ...dobro ke dojde deckoto za bez pari...mora da se iskoristat slobodnite agenti za da ostane kes za 2-3 vistinski dzvezdi...ako go govede mislam deka klop znae shto pravi pozz[DOUBLEPOST=1455840916][/DOUBLEPOST]
Друже гледам германско, а особено Менхегладбах. Мое мислење е дека Нортвеид е обичен просек, не е ниту од подобрите играчи во Борусија. Точно е дека последната година две има прогрес, ама според мене недоволно за да игра за голем клуб како Ливерпул.
А тоа што ако доваѓа без пари тоа е друга работа. Еве вие како навивачи на Ливерпул, а ете и јас сеуше никој не знае како Клоп ќе реагира на лето. Дали ќе има тотална чистка на просеците, дали ќе се инвестира во докажани играчи или ќе се купуваат играчи на фри е тотална мистерија моментално. А до крајот на летото можеме само да шпекулираме што и како. Позрдав. :)
 
Ова на Маринетти е најреален муабет за Хендо што сум го чул. Cant agree more, ама од друга страна па и немате баш историја со најуспешни трансфери. Меч со две острици, али можда вреди да се коцка. Башка Хендо реално имаше една ипол добра сезона, интересно што баш кога цел тим кинеше на чело со Суки.
 
Да не бидам како Стефи, ама Џака не е анонимус тотален. Игра во ЛШ две години по ред, солидна екипа од Бундес, млад а агресивен играч каков што немаме во екипа воопшто. Имам гледано 10тина утакмици и човекот искинал секој пат.
Глава ставам дека некој, условно кажано никад-чуо играч, има огромна шанса да се развие во одличен под Клоп.Таков му е принципот на работа на крај краева.
Милнер ни е најконстантниот играч во средина, што е срамно за Хендерсон. Преценет е и тоа бајаги, ама поради тој статус во клубот ќе патиме уште долго.

Со мирна душа можам да кажам дека Милнер во досегашниов тек од сезоната ни е најконстантен играч. Толку критикуваниот Милнер. Хендо се враќа од заебана повреда на стапалото, заради која му се случи сетбек и заради шо отсустуваше не планирано долго. Малку по малку ќе се врати во старата форма. И не заебавајте и лани Хендо ни беше носител на средината. Хендерсон никогаш нема да е ни Модрич ни Иниеста, ама дефинитивно е калибар да биде првотимец во Ливерпул. Тој и Милнер не се проблемот. Проблемот се други 10 играчи кои треба да се исчистат во следниве 2-3 преодни рока.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom