Соросоидите (Геро не е соросоид, иако е финансиран од фондацијата) се гревови од луѓе, со милион комплекси. Или се самите дел од некое тешко малцинство (ЛГБТ и слични чуда) или имаат некоја блиска фамилија што е дел од такво малцинство. Тие луѓе очекуваат цело општество да ги тапка по рамо и да им кажува колку модерни и најкул се.
Кога на таква група, ќе додадеш болно амбициозна феминистка, која (заедно со нејзината група од студентските денови) не може да се помири дека политиката е доминантно машки спорт и која од СДММ на времето ги брка Камчев, Еленоски и Дејан Панделески заради нејзините комплекси, добиваш забава. Дополнително, за фронтмен на таа група е избран најглупиот амбициозен човек што може да се најде во државава. Истражување да правиш, поглуп, а амбициозен, не наоѓаш. Тоа е веќе рецепт за огромна забава.
Кога таа групација, собрана зад името на партијата во која некогаш главен збор имале Глигоров, Црвенковски, Ханџиски..., добива бомба, излезена од најтемната македонска канализација (која за жал не е расчистена никогаш) загарантирано е дека ќе се самоубијат. Единственото прашање беше дали ќе успеат да ја земат како колатерала цела држава. За среќа, неспособни се. Сега се во карантин, не можат да наштетат никому сем себеси. Слободно нека продолжат да лупаат со чеканот.