Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кеј,

Фала ти што ми додели награда за староседелец.

Три години под ова име или вкупно твој член 5 години.

Убави нешта, убави спомени, не ближи мене и твојот члем Зоза, ете и запознав многу луѓе од тука и така... Фино место си ти.


Благодарам,

:D
 
Дивајн момент оф трут

Земи Драа што ке пиеш, роѓендан ми е : D
Прашај ги и форумљаши што ке пиеф, Стефан Коби знам шток ке сака, ако нема шток, било што, што га ебу : D
Поздраф Нездраф!!!
 
Седам во пет сабајле и си го анализирам животот додека се мачам да заспијам, типично.
Се анализирам себеси каква бев пред десет години. Тргнав да полагам за кола, ама претходно долго време возев без возачка дозвола. Писмените тестови ги паднав два пати, третиот пат положив со врски. Доаѓам да полагам на полигон, паднав и таму. Се поздравив со инструкторот и комисијата, излегов од полигон каде ми беше паркирана колата, се качив и заминав на работа.
...Кај ми бил паметот?!?
 
ДК

Шо к*р барав да ја пуштам емисијата ВО ЦЕНТАР - Атентатот на Борис Трајковски? Порано си го гледав ефтов пред да стај и тој партиски дрес но не ме чуди тоа ни е држвата него друг ми беше муабетот, кога ги прочитав коментарите за емисијата долу на yt и уште се крстам која проста раја сме човече ова не е можно добро толку ве затупија ВМРО и СДСМ?

:popce:
 
Кеј


Има нешто смирувачко во Скопје наутро. Отприлика кај 5.30-6.00 часот. Искачаш надвор се разденува полека. Тишина низ улиците. Тишина и по булеварите. Се ноаѓа по некоја кола или автобус да ја нарушат тишаната ама ништо страшно. Мирно е. Нема луѓе. Нема галама. Нема трачање. И воздухот дури убаво мириса. Седнав и на една клупа и гледав наоколу. Таков спокој од дамна немам осетено. Мир на душа ми дојде. Прв пат по долго време го опуштив мозокот и не размислував за ништо. Поубаво чуство долго време немам осетено. Убав ни е градот кој што сака може да збори. Само не можат тоа да го видат низ трчаниците, низ брзото возење, низ галамата. Не застануваат на момент и да земат длабок здив да уживаат во мирот во овие часови. Кога не е изгнасен Скопје. Ради вакви моменти и си го сакам градот. Има и да бираш во овие моменти кај да одиш и уште повеќе да уживаш. Дали накај Водно каде што можеш да попешачиш и да уживаш во една прошетка или пак покрај кеј во парк да уживаш малку во убавината да го пуштиш мозокот на пасање со едно топло кафе или чај покрај тебе. Се разбира и со слушалки во уши да уживаш во музиката која најмногу ја сакаш. Да одвоиш момент за самиот себе. За момент барем да можеш да заборавиш на проблемите кои сите ги имаме и се мачиме. Никој не е без проблеми. Во такви момент да помислиш дека мораш и можеш подобро. И да бидеш благодарен за убавите работи кои ги имаш во животот пошто колку и да е црно секогаш ама секогаш има и по нешто убаво. И да се фокусираш на поубави работи. Ако имаш желба и мотив скоро ништо не е недостижно. Сети се само дека си го преживеал и најтешкиот период во животот кога си мислел дека не можеш. Се друго во споредба со тоа ќе ти изгледа смешно и лесно. И ќе те мотивира да си ги оствариш целите. Пошто човек без цели не е човек. Само е еден обичен ''робот'' кој функционира автоматски и по навика. Човек секад треба да гледа да си ги исполни желбите, или пак барем да се обиде.


Добро знам дека е многу филозофирање ова ама така ми дојде. Имајте сите убав ден.

 
Meх

Таман ке помислиш дека животот не може да те третира полошо од изминатата година, добиваш демант. А не е ни Март.
До кога бе? Има ли кошмаров крај?
 
Во неделата на градски гледам автобус, кога гледам на Шкендија, му викам на другарот - Дај да го нацртаме на Вардар знакот врз тој на Шкендија.
 
Кајги,

Наместо да легнам да спијам оти вечер сум на работа јас сум се напнала на нетов мислиш испит спремам :D Случајно налетав на блогот од една холанѓанка која пишува за Македонија и нашиов народ, менталитет и искуства која ги имала кај нас.
И да ти издвојам еден дел само
fmA7X


А за оние љубопитните ко мене еве и линк од нејзиниот блог http://living-abroad.net/
 
And club owners getting tired of tryna ventilate
BIG MISTAKE
 
Вчера беше најубавиот и најсреќниот ден од драмата наречена животисување на оваа кугла земаљска, вчера за прв пат станав татко на најмилото и најпрекрасното глувченце кое веќе ќе го нарекувам "мојата ќерка". Сигурен сум дека си го потрошив кредитот за најубавиот и највеселиот ден во мојот живот и дека никогаш повеќе нема да почувствувам такво нешто, како во моментот кога дознав дека веќе сум пораснал и дека веќе имам најголема љубов на целиот свет.

И денес пливам во ракијата од вчера, б'здам за луѓето, изразот ми е како да сум престојувал месец дена во турски затвор, а во главата чувствувам земјотреси. Нека ми е жива и здрава:)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom