Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.278
Поени од реакции
15.402
Ја колку шо слушав на Телма пред малку кажуваа дека нема помилување за дела поврзани за изборите.
Бранко Црвенковски веќе има помилувано лице од Прилеп кој одлежуваше затворска казна во врска со избори. Ако е точно ова што го тврдат, мора да имало после тоа измени во законите, или пак така си нагаѓаат во Телма
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.676
Сивата зона кај ви е? Само црно-бело , од крајност до крајност. Еден Јанакиевски и Јанкуловска што се моментално без никаква власт не се во притвор , камоли за братучедите да дојде ред. Прајте си бајрам на мозокот уште.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.168
Од разговорите што излегоа во јавност, ова за изборна измама за Миле и Гордана беше јасно како ден и е зицер за криминално гонење.

За нив од аспект на останување на власт на партијата нема бегање од државава, зошто има за коса да ги вратат назад. Ако избега кој било од нив ќе се распадне се како кула од карти. До тоа не верувам бар за сега да се случи, оти уште држи хиерархијата и си ја знаат лекцијата дека збиени редови се најсилни (но и најмногу гинат ако ги погоди бомба).

Инаку како што кажа Фетаи, ова е вториот случај по важност во Обвинителството. Првиот е за тоа кој го наредил и спроведол прислушкувањето. Таму лежи Груевски, Мијалков, Протуѓер... таму е џек пот-от. Ова е најава за главното шоу. Посебно сега во момент кога никој од овие нема имунитет за кој е потребно да гласа собранието за да се одземе.

Бродот несомнено почна да тоне, е сега што би рекол Бастерд дали Едвард Смит ќе ги жртвува морнарите за да скокне на чамецот или потоне и он, ќе видиме. Само на крај да не го жртвуваат морнарите него. Ќе видиме дали како печурки ќе почнат да никнуваат заштитени сведоци од администрација.

За нас како граѓани убаво е што ќе има некое какво такво враќање на довербата во правниот систем кој одсекогаш бил продолжена рака на власта.
Секогаш е убаво кога политичари на власт ќе бидат пикнати во затвор, а посебно за ваков чист криминал.
Се враќа доверба во правниот систем и се праќа опомена до идните властодршци.

Има долг правен пат ова обвинение, посебно од сега натаму. Сега на ред е судството. Некој судија треба да чукне со стапчето и да им го покаже патот кон Шутка.
Од политички аспект настаните ќе се движат многу побрзо.
Супер вака кога си пишуваш желботека. Ама, ако зборуваш за нечие бегање или вртење на другата страна, треба да објасниш од нивен аспект зошто истото би било исплатливо и логично, не зошто ти би сакал тоа да се случи. Петнаесет страни пишувате како овој избегал ваму, оној онаму, а нема ниту една здраворазумска причина било кој да бега.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Најјако од се е шо во гомна се до гуша ,тече од ногавици шо би рекле а на фан страната на пратеник од вмро пред 2 часа е објавено како некое село ќе добиело нов парк.

На оваа од канал 5 и направија фаталити , латас сам себе го убија


Од друга страна го гледаш овај Златев со прашање колку коштала киријата од станот на Катица!?

Овие лепачиве на постери од вемеро е излишно да се коментираат.

А тек смо почели , хардкор допрва почиње :)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
828
Поени од реакции
842
Супер вака кога си пишуваш желботека. Ама, ако зборуваш за нечие бегање или вртење на другата страна, треба да објасниш од нивен аспект зошто истото би било исплатливо и логично, не зошто ти би сакал тоа да се случи. Петнаесет страни пишувате како овој избегал ваму, оној онаму, а нема ниту една здраворазумска причина било кој да бега.
Епа нема кај да бегаат бате, :) тоа е тоа јебига...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Знам дека сега има голема еуфорија и возбуда. Утре кога ќе се разбудите пробајте да размислувате трезвено.

Да, отворена е истражна постапка за Миле, Гоца од СЈО. Но, не заборавајте дека за да одат во затвор треба судија да ги осуди , а не Катица или Еленица .


И да се најде судија маж што ќе ги осуди и испрати во Идризово на издржување робија. Тие како резервен џокер го имаат претседателот кој ќе ги помилува. Така осудени нема да поминат ни еден ден затвор. Во тоа може да бидете сигурни барем додека Џоле има мандат до 2019.

Се разбира дека ќе има многу апсења и Џоле нема да може сите да ги аболира, ама за Груевски и тие неколку души околу него како Јанкуловска, Мијалков, Јанакиески, Ставрески тој ќе им биде сигурна виза за останување на слобода. Одамна имаат резервирано место кај него како бек ап план. Впрочем за тоа е поставен Ѓоле таму.

Нешто слично како Црвенковски што направи со Верушевски и Заев. Џабе апсења пред камери, обвинителни акти и пресуди кога Заев и Верушевски еден ден не одлежаа во затвор, додека претседателот на државата беше од нивната партија.

Така ќе биде и сега. Што мислите зошто никој од нив не ја напуштил државата?

Така што се е само театар за гладијаторска публика и покажување на моќ кој го има последниот збор во јавниот дускурс. А вие другари утре наспиени и отрезнете пак ќе го отворите празниот фриждер.
И да ги затворат, нема да имаме ништо без да ги вратат украдените пари, складирани на Белизе. Ќе одлежат затвор, па макар и доживотен, а нивните деца, жени и роднини ќе си уживаат. Денес налик на синот/ќерката на Аркан и Цеца, фамилијата на Милошевиќ и ред други.
Јас сум да им се одземе македонското државјанство (како и сите титули и дипломи т.е да се сведат на ниво, неписмени), да се протераат и парите да им се земат т.е да се остават на питачки стап, затвор е господска работа за нив, си јадат, си пијат, си спијат, може условите не се на ниво, ама сигурно се подобри од да речеме, 10% од македонските семејства.
Вака избркани надвор, без ебан динар ќе треба да просат и да осетат вистинска сиромаштија
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.320
Поени од реакции
4.598
Помилување не може да се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето од Глава шеснаесетта од Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” број 37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 60/2006, 73/2006, 7/2008 и 139/2008), кривични дела против половата слобода и половиот морал од Глава деветнаесетта од Кривичниот законик сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето од Глава дваесет и прва: кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членот 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право од Глава триесет и четврта од Кривичниот законик.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.889
Супер вака кога си пишуваш желботека. Ама, ако зборуваш за нечие бегање или вртење на другата страна, треба да објасниш од нивен аспект зошто истото би било исплатливо и логично, не зошто ти би сакал тоа да се случи. Петнаесет страни пишувате како овој избегал ваму, оној онаму, а нема ниту една здраворазумска причина било кој да бега.
Зарем ќе бидат првите министри што ќе избегаат. Посебно ако си имаат убава банкарска сметка на страна.

На нив им виси затвор над глава, не било каков, Македонски затвор. Попрво ќе умрат отколку да одат во тоа супстандардните келии.
За да не завршат таму треба да остават се во рацете на партијата и да се надеваат дека Груевски нема да ги продаде како leverage на некој состанок во Пржино.
Во вакви моменти лесно се будат животинските нагони за преживување. Многу со добар кеш би ја здувале.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Пази во позадина како убаво се смешка :)

 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.168
Ако можеа да избегаат од овие говна и срам :) зошто да не би избегале денес?
Затоа што, нема никаква причина за тоа.
Зарем ќе бидат првите министри што ќе избегаат. Посебно ако си имаат убава банкарска сметка на страна.

На нив им виси затвор над глава, не било каков, Македонски затвор. Попрво ќе умрат отколку да одат во тоа супстандардните келии.
За да не завршат таму треба да остават се во рацете на партијата и да се надеваат дека Груевски нема да ги продаде како leverage на некој состанок во Пржино.
Во вакви моменти лесно се будат животинските нагони за преживување. Многу со добар кеш би ја здувале.
Такви животински нагони се будат кај ретарди со ниво на интелигенција еднакво на собна температура или кај наркомани во криза.

Овде правиме муабет луѓе што над 10 години биле министри, од кои едната е и главен кадровик, кои прошле милиони судски случаи, знаат што значи постапка, колку трае и знаат дека дури и да се истера обвинението до крај, прв пат судница ќе видат за година дена од сега.

Зошто тие луѓе, наместо да ја користат таа година, па после ако мора да бегаат да бегаат, би бегале сега, како најголеми идиоти во свет?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
ќе ги испозатворат
медиумиве ќе почнат да известуваат како што треба
сдс ќе тепа на избори
државата ќе влезе во уште поголема криза
јас прв ви кажав
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Да сме начисто.. СЈО не е само обично специјално јавно обвинителство поврзано со бла бла...

СЈО е ЕДИНСТВЕНОТО обвинителство во чија транспарентност и активност верува нај-широката Европска и Светска јавност. Тоа е таа мала ама огромна разлика.
Ниту еден обвинител од тимот на Катица не е случајно одбран.

Едно ќе речам, алал да им е. И на Фатиме, и на Ленче :love:. Цврсти, самоуверени, конкретни, прав трилер!

А Титаник како Титаник е јасна приказна. Самото име и неговата симболика се приказна сама по себе. Тоа е тоа, јбг.
Жал ми е за Горде и Миле, ама сеуште имаат шанса да си кажат од каде стигаа наредбите. Сеуште имаат шанса да покажат и докажат дека и тие се жртви на ретардираната фамилија. Епа сега ако им се лежи Идризово, очи нека копаат.
Секако има доволно заштитени и незаштитени сведоци кои ќе ја раскажат правата вистина. Има и огромен доказен материјал што го потврдува истото. Прислушуваните разговори се само капак на се.


Ајде, денов тргна на арно. АИРЛИЈА нека е ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom