Врв, се мислам дали да ми е предлог за у филм клаб.
Ауу пред 5 години сум го глеал у пм.
Еве ја мојата дебилна рецензија. Подоле има како што треба напишано од Јо.
Само што го изгледав...
Ова е тоа што го барав над Oldboy стандардите за комплексен психолошки трилер кој ќе игра на картата на емоциите.
Филмов е пример како треба да се гради сторија, без да е носен на грб на финален твист, со ненормално up&down темпо кое буди емпатија кај гледачот да е вознемирен, згнасен, јадосан, да ги мрази и да сочуствува со ликовите у нешто помалку од 2 часа те држи за грло буквално цело време, без филери, без непотребни Такаши Мике гор сцени од кои би губел на длабочина,
саундтракот после сцената во ресторанот
holy shit...
Вон Триер влијанието - (атмосферата и slow motion сцените) одма ќе го осетат тие што се фанови, ама не ми стои како режисеров да копирал нешто, филмов е рамо до рамо со најдоброто од Триер, overall филмов е едно од најголемите остварувања што сум ги гледал, браво за Тетсуја Накашима.
Ги читав и двете рецензии тука, ама не го доловуваат искуството од филмов, џабе е да се раскажуваат Исповедите, мора да се осетат со гледање.
Феноменален 9/10