BO го претставува HBO 3, HBO Comedy станува HBO 2
Cо гордост ги најавуваме новитетите во програмска понуда во Македонија кои донесуваат најдобра телевизиска содржина за гледачите на нашите три канали – HBO, HBO 2 и HBO 3.
Овие три тематски канали нудат широк избор на врвни HBO содржини, вклучувајќи американска и европска HBO продукција, драмски содржини и комедии, документарци и хит филмови од сите жанрови.
ЛАНСИРАЊЕ НА ПОТПОЛНО НОВ КАНАЛ – HBO 3
HBO 3 е потполно нов линеарен канал посветен на сериски содржини во ударен термин. HBO 3 започнува со прикажување на програмата на 26. март и од тој ден ќе биде достапен за гледачите во Македонија 24 часа на ден.
HBO 3 им го донесува на гледачите најдоброто од светот на сериите – премиери на најновите HBO серии, но и хит серии на други студија, култната и наградувана американска HBO продукција, како и серии од оригиналната HBO Europe продукција. Покрај сериите, новиот канал донесува и одбрани филмски наслови кои ќе се прикажуваат во текот на денот или во доцните вечерни термини. Со HBO 3 гледачите ќе уживаат и во викенд маратоните на сите сезони на оригиналните HBO серии.
http://www.hbo.mk/article/hbo-го-претставува-hbo-3-hbo-comedy-станува-hbo-2_52862