Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби малце глупо прашање, но прв пат купувам карти, така да морам да си прашам тоа што ме интересира. Купувањето на картите беше стандардна процедура како да купуваш било каков производ, односно си одбираш се како ти одговара и потоа внесуваш информации од картица. И толку. Тоа што ме интересира е: Зошто не ми бараше информации поврзани со пасош? Дали тој дел следува кога правиш чек-ин? Патем, кога се прави чек-ин? Картите кои ги купив се тек за прва недела од април.

Купуваш карта како секој обичен производ...внесуваш картица и тоа е. ти стигнува потврда ма меил дека е платено. А податоците за пасош се внесуваат кога правиш чекин пред тоа не ти ги бара
 
@Tranquilis Има најава за летови до Прага од jуни или јас нешто погрешно имам запамтено? :)

За прага ќе се лета со Czech Airlines и се зборува дека карта (повратна) ќе биде окулу 150е.[DOUBLEPOST=1454246496][/DOUBLEPOST]
Шо мајмунлук прает овие значит.

Сакам да резервирам карта имам членство во дискаунт клубов. Стегвам една карта ми дават цена 869 денари, сакам да додам уште една карта (членствово за двајца е) цената скокат на 1169 по карта. Се враќам назад на една карта пак 869 денари. Не е работата за 300 денари (и првата и втората цена се преефтини за патувањево) туку за принципот. Незнам по која маркетиншка логика одет, ама нормално би било ак купвам појќе да е поефтино, а не поскапо.

Просто е. Во авион има 150 седишта да кажеме, стратегијата е првите 50 да се продадат по една цена, потоа наредниве по 50 друга, итн... Последните 10тина се најскапи. Секогаш кога се проаѓа таа граница цената расте. Во твојот случај си ја имал приликата да го купиш последното евтино седиште на тој лет пред цената да се смени. Ако не ти е битна датата види го наредниот лет, може таму е помалку пополнето па ќе купиш 2 седишта по евтина цена.[DOUBLEPOST=1454246884][/DOUBLEPOST]
Да прашам нешто, ако знае некој фала му однапред :)

1. По социјалниве мрежи летово видов некој македонски студент дека резервирал лет за назад, за дома (најверојатно со Визер) од Германија за Скопје за 1 (едно) евро. Како е тоа испаднало така?

2. Еден другар летово гледал по календарот на Визер (некако, не знам како точно), и видел дека пред празниците, има неколку датуми (2-3) каде повратна карта Скопје-Париз (1800км) е 50 евра.
Дури и да си празен, така без багаж ми изгледа неверојатно ефтино, да не видел тој грешно? И има ли шанси така да се провери 3-4 месеци унапред на календар дали има ефтини карти за одредена дестинација?

1. Јас имам летано Лондон - Амстердам за едно пени плус аеродромски такси, се на се ми дојде некој 10е што беше поевтино од 10те фунти аутобуска карта од станстед до викторија стејшн во лондон. Смешно е ама да, има такви 1 евро, 1 цента (плус такси) летови. Имам исто летано и за 1 пезо (1 денар) од дубаи до манила плус 100 долари аеродромски такси (лет од 8 и пол саати)

2. Гледај редовно и прати кога имаат попусти. Можно е. Гледај летови во вторник, среда и четврток, тие се обично најевтини.
 
Последно уредено:
Можеби малце глупо прашање, но прв пат купувам карти, така да морам да си прашам тоа што ме интересира. Купувањето на картите беше стандардна процедура како да купуваш било каков производ, односно си одбираш се како ти одговара и потоа внесуваш информации од картица. И толку. Тоа што ме интересира е: Зошто не ми бараше информации поврзани со пасош? Дали тој дел следува кога правиш чек-ин? Патем, кога се прави чек-ин? Картите кои ги купив се тек за прва недела од април.
Да додадам на одговорот на Apple

Чек ин можеш да направиш 1 месец пред летот, ќе ти стигне известување по мејл дека веќе можеш.
 
Просто е. Во авион има 150 седишта да кажеме, стратегијата е првите 50 да се продадат по една цена, потоа наредниве по 50 друга, итн... Последните 10тина се најскапи. Секогаш кога се проаѓа таа граница цената расте. Во твојот случај си ја имал приликата да го купиш последното евтино седиште на тој лет пред цената да се смени. Ако не ти е битна датата види го наредниот лет, може таму е помалку пополнето па ќе купиш 2 седишта по евтина цена.
Почекав другиот ден беа 569ден двете.
 
@kano

Скопје Прага е повратна карта 150eur точно а во еден правец околу 2135 Czk или 79eur. Цената е идентична за поголем дел од картите и истите се веќе во продажба.
 
@kano

Скопје Прага е повратна карта 150eur точно а во еден правец околу 2135 Czk или 79eur. Цената е идентична за поголем дел од картите и истите се веќе во продажба.
За помалку од 100 евра може да се патува повратно до Прага преку Нинберг со ВизЕр
 
Здраво. Купив карта со куфер 32 кг. па ме интересира за предмети за лична хигиена ( парфем пена за бричење и брич) можат во куферот да не ги фрлаат и тие бидејки септември во малиот се ми фрлија :icon_lol:. Позздрав и кажете искуство зборувам за Wizair
 
На страната на визер убаво е објаснето се :)
 
Здраво. Купив карта со куфер 32 кг. па ме интересира за предмети за лична хигиена ( парфем пена за бричење и брич) можат во куферот да не ги фрлаат и тие бидејки септември во малиот се ми фрлија :icon_lol:. Позздрав и кажете искуство зборувам за Wizair
Во РАЧЕН БАГАЖ не смееш да имаш ништо над 100 мл и тоа треба да е спакувано во зип-лок кесички. На некои ареодроми прават проверка и што е тоа внатре во необележано шише. Пример ми имаат проверено дали тоа во бебешкото шише е стрварно вода/млеко.
Во другиот багаж може да имаш течности без разлика колку мл/л е.
Освен алкохол кој е дозволен до 1 литар од човек, ако не се лажам. Ако имаш повеќе од тоа треба да го декларираш на царина.
 
Дечки, ако резервирам куфер 23/32 кг, горе в кабина може да се носи мала торба, таа што е бесплатна?
 
Дечки, ако резервирам куфер 23/32 кг, горе в кабина може да се носи мала торба, таа што е бесплатна?
Бесплатната мала кабинска торба мојш да ја носиш без разлика дали имаш или немаш чекиран куфер.
 
Да, бесплатната мала торба се губи само ако имаш купено голем кабински куфер. Но и тогаш можеш да има бесплатна торба доколку има приоритетен влез.
 
Зошто е различна цената за карта Париз-Скопје на 26 март? Ако штиклирам 1 кошта 3699 а за 3 луѓе вика дека е 4200/карта, ова е некој баг или така е?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom