Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
zosto nemoze da se dobie kontakt centar od mobilen operator-i dali ima makedonski jazik da se odberi ?
 
Шо мајмунлук прает овие значит.

Сакам да резервирам карта имам членство во дискаунт клубов. Стегвам една карта ми дават цена 869 денари, сакам да додам уште една карта (членствово за двајца е) цената скокат на 1169 по карта. Се враќам назад на една карта пак 869 денари. Не е работата за 300 денари (и првата и втората цена се преефтини за патувањево) туку за принципот. Незнам по која маркетиншка логика одет, ама нормално би било ак купвам појќе да е поефтино, а не поскапо.
 
@Tranquilis Има најава за летови до Прага од jуни или јас нешто погрешно имам запамтено? :)
 
Да прашам нешто, ако знае некој фала му однапред :)

1. По социјалниве мрежи летово видов некој македонски студент дека резервирал лет за назад, за дома (најверојатно со Визер) од Германија за Скопје за 1 (едно) евро. Како е тоа испаднало така?

2. Еден другар летово гледал по календарот на Визер (некако, не знам како точно), и видел дека пред празниците, има неколку датуми (2-3) каде повратна карта Скопје-Париз (1800км) е 50 евра.
Дури и да си празен, така без багаж ми изгледа неверојатно ефтино, да не видел тој грешно? И има ли шанси така да се провери 3-4 месеци унапред на календар дали има ефтини карти за одредена дестинација?
 
2. Не е грешка, во зима карти до Париз има многу евтини, колешка лани беше за поевтино од 50 евра. Исто и до Малме начека поевтино од 50 повратни.
 
Да прашам нешто, ако знае некој фала му однапред :)

1. По социјалниве мрежи летово видов некој македонски студент дека резервирал лет за назад, за дома (најверојатно со Визер) од Германија за Скопје за 1 (едно) евро. Како е тоа испаднало така?

2. Еден другар летово гледал по календарот на Визер (некако, не знам како точно), и видел дека пред празниците, има неколку датуми (2-3) каде повратна карта Скопје-Париз (1800км) е 50 евра.
Дури и да си празен, така без багаж ми изгледа неверојатно ефтино, да не видел тој грешно? И има ли шанси така да се провери 3-4 месеци унапред на календар дали има ефтини карти за одредена дестинација?
Карти се најдвет најефтино 569 денари во еден правец. Поефтино од ова немам видено. За карти за 1 евро знам такви имаја рајан ер пред некоја година.
 
Моето прво искуство со WizzAir (и воопшто со летање со авион) беше одлично. Летот од Скопје за Нирнберг и назад помина во најдобар ред, без никакви проблеми, со мало задоцнување на скопскиот аеродром, ама бидејќи бевме премногу патници за Нирнберг, требаше време за административната процедура, воглавно се' беше во ред. Имав среќа да седам до прозорецот, и што да ви кажам, надолу накај земјата кога ќе погледнеш, се осеќаш како крал на светот. Истото е чувството и кога во ноќно време се враќав за МК.
А за стјуардесите, што да кажам .... ќе се воздржам од коментар! :D
И на крајот, секому би му посакал барем еднаш во животот да се лета со авион, чувството да си на 10.000 метри над земја е неверојатно. Може одвреме на време да има турбуленции, и авионот да „дрма“, ама сепак не е нешто страшно. И ако ви е страв од летање, не седнувајте до прозорецот на авионот, оти гледањето од прозорецот на надвор ќе ве натера да посакате да се симните од авионот. :D
Еве 2 слики:
1010326_541425996022594_8391950793423274269_n.jpg 1472085_541425969355930_2581670059487871203_n.jpg
 
Може некој да ми објасни како можам да купам Стандардно членство? На страната на wizzair во делот на Wizz Discount Club најдов само општи информации, но никаде не можам да најдам каде да претплатам.
 
Може некој да ми објасни како можам да купам Стандардно членство? На страната на wizzair во делот на Wizz Discount Club најдов само општи информации, но никаде не можам да најдам каде да претплатам.
Кога ќе купуваш карта автоматски ќе ти биде понудено и членство
 
Автобуски превоз до Местре има директно од аеродромот во Тревизо, цена во еден правец беше 7 евра, повратна 13.
Друга опција е со воз (од аеродромот до железничката станица е околу 30 минути пешки), воз до Венеција е 2,5 евра.
Воз Местре - Венеција мислам дека беше 1 евро.

Во железничката станица во близина на аеродромот Тревизо (велиш, пеш 30 минути до неа), картата за од таму до Местре е само 2,50 евра? Тоа е одлично, ако е вистина. Подобро би одела пеш 30 минути и и би заштедила 4,50 евра и веројатно побрзо би стигнала отколку со автобус.
 
Карта за воз Тревизо - Венеција беше 2,5 евра (пред 3 години).
Од аеродром до железничка (пешки):
https://www.google.mk/maps/dir/Trev...a8c47f974e5a!2m2!1d12.2454072!2d45.660081!3e2
 
Moze li nekoj da mi kaze dali e normalno da docnat vaka so potvrdata na uplatata jas si plativ vo cetvrtok eve 4 dena nema odgovor plativ vo banka preku uplatnica dali imal nekoj vakvo iskustvo
 
Можеби малце глупо прашање, но прв пат купувам карти, така да морам да си прашам тоа што ме интересира. Купувањето на картите беше стандардна процедура како да купуваш било каков производ, односно си одбираш се како ти одговара и потоа внесуваш информации од картица. И толку. Тоа што ме интересира е: Зошто не ми бараше информации поврзани со пасош? Дали тој дел следува кога правиш чек-ин? Патем, кога се прави чек-ин? Картите кои ги купив се тек за прва недела од април.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom