FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.847
Пред некое време и овој го гледав за првпат :D Можи да се изгледа и втор пат со некој од домашниве, интересна приказна е, за едно несекојдневно сретнување и промена на животи.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Не ме бидува за рецензии, па вака да склопам пост. Воглавном не сакам вакви филмови, ама овој беше малце над просекот. 7/10 Ова ми го сумира филмот:

едит. Не е касно за мислењево, така? :D
Друже, може оценки за првите 2?[DOUBLEPOST=1454926765][/DOUBLEPOST]
Пред некое време и овој го гледав за првпат :D Можи да се изгледа и втор пат со некој од домашниве, интересна приказна е, за едно несекојдневно сретнување и промена на животи.
Кој си ти? Вистинскиот турви или death металецот? :P
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.847
Друже, може оценки за првите 2?[DOUBLEPOST=1454926765][/DOUBLEPOST]
Кој си ти? Вистинскиот турви или death металецот? :P
The Real One :D

Дет металецот немаше да гледа вакви драма филмови. Ќе гледаше нешто ко Saw пример, нешто со шума, црнила и слични катари x)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Заборавив да пишам за „резултатите“ од The Intouchables - тројца не го изгледале, а тројца други не се изјасниле и не пишале ништо тука, а го имаат гледано. Средна оценка - 9,2.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Знам дека не си ги догледал, значи кецови?
Па, ајде може.[DOUBLEPOST=1454938035][/DOUBLEPOST]Подобар торент за новиов филм не најдов:

Submarino.2010.480p.BRRip.XviD.AC3-ViSiON
 
Последно уредено:

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Па, ајде може.[DOUBLEPOST=1454938035][/DOUBLEPOST]Подобар торент за новиов филм не најдов:

Submarino.2010.480p.BRRip.XviD.AC3-ViSiON
Submarino (2010) DANISH 1080p BrRip x264 - TheBaconLord
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Баш вчера го гледав Adam's apples, дански филм со Мадс Микелсен и предтоа имав гледао некои филмови вклучувајќи го и The Hunt, ќе научам дански кај и да е :icon_mrgr:

Плус кога предложував филм се двоумев помеѓу The Hunt и The Intouchables, а чим овој сега е од истиот режисер, се сомневам дека нема да ми се допадне, уште вечер може ќе го гледам.
Вака од старт има минус од мене дека го нема Мадс :P
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Леле, depre much?
Уф, тежок филм у пм.
Ладна атмосфера цело време...
ебано бебе умира во филмот бе пеер, ебано бебе?! и тоа во првите 10-ина минути
Што да кажам, не се поврзав многу со ликовите, можеби јазична бариера во комбинација со лошиот англиски превод што го имав...
Музиката да речам одлична но во одредени моменти ич не ми беше соодветна.
Не го сфатив среќниот период накај 1 саат и 5 минути од филмот каде што црвенокосиов брат беа среќни со синчето... Што се деси за да се засреќнат толку?
И тој Иван дебелиот... леле мамата. Ама курва го одби бе, курва :LOL:
Ник, јака му душа. Чекај, филм e :D
Submarino уствари да ти било техникана на измачување кога ги дават во кофа со вода и им ја вадат главата таман пред давење.
Е богами посоодветно не можеле да го опишат филмов.
7/10, цело време мислев шестица ама некако не знам, чудно уживав во филмот.
И ако некој од вас се запраша „кај ја имам слушанато бе песнава“ - во најавна/одјавна шпица на Bron/Broen.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Submarino. Го изгледав уште вчера. Тежок филм што би рекол @Anon . Не сум сигурен дали ми се допадна или не ми се допадна. Но едно мора да се признае, филмот е солиден и убаво ја прикажува приказната. Главниот акцент е поставен на тоа дека случувањата од детството го определуваат понатамошниот живот на поединецот. Одлично претставени ликови кои го потврдуваат истото. Ликови кои постојано се обидуваат да се казнат себеси, дали за „да видат дали нешто може да боли повеќе“ или поради одвратното чувство на вина кое гризе одвнатре. Јас би рекол и од двете причини. Ник оди во затвор за дело кое не го сторил. Паметот му иде дури кога дланката му фаќа гангрена и кога дознава дека брат му се убива. Барем така јас ја развив приказната... тој излезе од затвор за да се грижи за Мартин. Не го оправдувам неговото насилство како реакција од незадоволството и траумата. Некои луѓе, едноставно немаат посоодветен одговор. Промашен живот од сам почеток. Воопшто не го обвинувам. Многумина од нас би израснале во таков човек ако имавме мајки како неговата. Дури и ми беше жал за ликов. Не е претставен како лош човек и покрај сите негови пороци.
Кога сме кај другиов брат. Многу полоша ситуација од Ник. Човекот имаше за што да живее и за што да се бори. Но, немаше сила повеќе. Минатото, дрогата, околностите, сите тие го оформиле како таков. Исто и за него, не е претставен како лош лик или негативец. Но, за него не успеав да си најдам оправдување. Човекот има син. Ај кај што се дрогира, па уште зеде и да дила. А изгледаше многу смотано и неснаодливо. На сам старт знаев дека ќе го фатат. Како и да е сакав да кажам дека такви дејности се недозволиви кога имаш дете покрај себе. Тоа што ме фасцинираше беше огромната љубов кон синот. Некој ќе си рече, ама недоволна штом се најде во таква ситуација. Како и да е тој си го сакаше синот. Кризираше и одеше да го собере од градинка, се обидуваше да му приготви јадење и да се грижи за него. Ете, и за него најдов некакво оправдување.
Најтажна сцена од филмов ми беше на самиот почеток, кога мајката иде дома и кога го наоѓаат бебето починато. Би можел уште многу да пишувам за ликовите, ама тука ќе застанам. Главната порака на филмот е дека „ние сме производи од минатото“. Ликовите се одлично дури и премногу потенцирани. Ама и тоа е ок. Добрите филмови секогаш имаат посебни и убаво претставени ликови. За крај можам само да го поздравам членот кој го предложи филмот - добар избор + го немав гледано. Од истиов режисер ги имам гледано The Hunt и Far From The Madding Crowd. Според тоа колку ми се допадна Submarino би го стационирал измеѓу овие два. The Hunt ми е многу подобар, а Far From The Madding Crowd ми е малку полош од Submarino. Од мене 8 за филмов.
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
124
Поени од реакции
97
Па по депресивен филм ми се чини не сум гледал. Синоќа го изгледав и уште од старт се виде дека ќе биде тежок филм. Уште педофилија фалеше во филмот за да биде нај грозоморен филм на планетата. Барем еден хепи ендинг да излезеше да си речам ајде...

Не знам на мене не ми се допадна. Не дека е лош или нешто ама не обожавам филмови што ќе ме „утепаат“ додека го гледам. Оној на Ник брат му не му го знам ни името не го слушнав ни еднаш во филмот е право зомби. Николај напатена душа очекував да се врзи „сиџимката“ во секој момент.

Ма требаше да не го ни гледам уште по првите 10ина-15 мин кога видов што се случи ама ај..

Гледам Анон пиша што значи Submarino, епа јас така се осеќав додека го гледав филмот.

1/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Песнава, awww... :love::love::love:
Според мене најубавата данска песна која е некогаш направена, која ме врати во времето од пред неколку години кога сѐ беше некако поразлично околу мене и имав поинакви погледи на светот. :oops: Кој не ја слушал Агнес Обел а е по музиката, препорачувам, задолжително!

Сега за филмов. Јас ја обожувам данската кинематографија и да бидам искрен, малку непријатно ми е што чувствувам како да влијаев за @MyloXyloto да го избере баш овој филм, со тоа што споменав да бира од север. Море гајле ми е, јас уживав! И мене ова ми е трет филм од Винтеберг, по Jagten и Far From the Madding Crowd. На @MyloXyloto гледам му се допаднал повеќе отколку The Hunt. Искрено, и јас сум тука некаде со мислењето, иако јас би им дал му дал и на Submarino иста оценка како и на The Hunt - 9/10. Кај Данците го сакам баш затоа што зад кората од мраз која го обвива скоро секој нивни филм, и покрај целото тоа студенило и сивило, од внатре, длабоко гори некој оган за кој од почеток до крај знаеш дека во секој момент ќе експлодира и ќе победи. И иако речиси никогаш не се случува тоа, сепак си свесен колку топлина допрела до тебе... некако магично, низ мразот. Јас скоро секогаш имам такво чувство. Преплавен сум со емоции секогаш кога навидум изостануваат. Се грижам, сочувствувам, тагувам за и со сите загуби и неуспеси на ликовите од данското кино. А исто такви чувства имав и со овој. Заедно со Сузан Биер и секако Ларс, Винтерберг за мене полека но сигурно се вбројува меѓу најценетите и најдобрите европски режисери.

Сцената која @Anon и останатите ја спомнавте, а која ви го направила ептен деппресивен филмов мене не ми беше ништо ново од данското кино (не сакам да спомнувам сега други примери, за да ви ги спојлнам нив, ако ги немате гледано, но сум гледал минимум 3-4 дански (скандинавски) филмови со слична тема. Но дека е депримирачка, е. Во секој случај. Само јас (не се смејте) оти појма немав што е Субмарино, мислев дека така го крстиле братчето. :P

Двата лика многу убаво ги опиша @dejan_k - и јас исто ги доживеав. Не би рекол дека Ник немал за што да се бори, за разлика од брат му. Колку и да ја сакал Ана, таа не е единствената жена на светот. И двајцата ја изгубиле љубената, иако загубата на брат му е неповратна - тој ја нема можноста дури ни да ја види веќе. Но можеби токму таа можнсост и повеќе боли, а? Многу јака сцена беше нивната средба од крајот на филмот, кога ѝ рече дека ја исекол раката за да ја отстрани тетоважата „А“ од неа, која ја направил заради неа. Се наежив цел! Подобро со некоја греда да ја удреше по глава. И многу ми беше мило што и без неа, и без рака, пак Ник излезе како победник во неговата приказна: замина со крената глава додека таа остана да тагува за погрешните избори кои ги направила. Брат му пак, точно, немаше сили веќе да продолжи, но тоа нималку не ги оправдува изборите кои тој ги направи во животот. За прашањето на @Anon, за моментите кога наеднаш почнаа среќно да си живеат со Мартин: мислам дека тоа беше во моментот кога почина мајка им, па во наследство добија пари од куќата која ја поседувала. Материјалната инјекција ги живна малку, но тој направи уште еден погрешен, кобен чекор што тие пари ги „инвестираше“ на погрешен начин. Добар татко би мислел и на синот, пред да преземе некој таков чекор.

Таа смрдливата свиња, Иван, не знам од кај се појави во животот на Ник, но дефинитивно е најгрозното суштество што сум го видел на филм во последно време. И не мислам воопшто на физичкиот изглед притоа!

А малиот - срценце. Мислам дека тој пропати најмногу и од сите нив заедно: ги изгуби и мајката и таткото еден по друг, и тоа тогаш кога најмногу му требаат мајка и татко на едно дете. Но јас сепак мислам дека филмов имаше каков-таков happy end. Соединувањето на Мартин со Ник ме наведува на помисла дека Ник ќе направи сѐ што е во негова можност за Мартин да нема детство какво што имаше тој, и кое подоцна ќе му го уништи и животот. Мартин за Ник е избавување од лошиот пат по кој беше тргнал. Тој го зазеде местото на детето кое два пати го изгуби во неговиот живот: првиот пат малото братче, вториот - неродениот син на него и Ана.

Музиката, кадрите, гро плановите, приказната, глумата... сѐ е убаво! Јас навистина уживав во филмов. Уште еднаш да повторам - 9/10 од мене.[DOUBLEPOST=1455037041][/DOUBLEPOST]

Музиката, кадрите, гро плановите, приказната, глумата... сѐ е убаво! Јас навистина уживав во филмов. Уште еднаш да повторам - 9/10 од мене.
Имам уште многу да кажам, но морам да одам. Ме чека уште едно ремек дело! ;)
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Па по депресивен филм ми се чини не сум гледал. Синоќа го изгледав и уште од старт се виде дека ќе биде тежок филм. Уште педофилија фалеше во филмот за да биде нај грозоморен филм на планетата. Барем еден хепи ендинг да излезеше да си речам ајде...

Не знам на мене не ми се допадна. Не дека е лош или нешто ама не обожавам филмови што ќе ме „утепаат“ додека го гледам. Оној на Ник брат му не му го знам ни името не го слушнав ни еднаш во филмот е право зомби. Николај напатена душа очекував да се врзи „сиџимката“ во секој момент.

Ма требаше да не го ни гледам уште по првите 10ина-15 мин кога видов што се случи ама ај..

Гледам Анон пиша што значи Submarino, епа јас така се осеќав додека го гледав филмот.

1/10
Еве, да ја испоштуваме типката и да се опуштиш.

Момент од филмот ми беше овој. Падна се у вода.

@Zlatikevichius глаголај се, ја пуштив песната и веќе 10 пат е на рипит.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Грешка направив што го изгледав овој сега, пред спиење, а ент-мен сабајле, требаше обратно. Депресивен филм, ме стави и мене во некое такво расположение, се осеќам како ништо да не може да ме расположи во моментот, можеби епизода од Friends ќе успее, ќе видиме.
Кога некој филм има толку силно влијание, да ти промени расположение, да те натера да размислуваш, значи дека е добар. Нема да ја тупам многу, и така не ме бива, а и целосно се сложувам со тоа што го напиша Дејан, 8/10.
И btw, филмот е тотална спротивност на претходниот предлог, Intouchables.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom