Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга, кога ќе пораснам сакам да бидам Раниери :love::love::love:
00E8F3AE1000044C-3206351-image-m-167_1440182161863.jpg
 
Драга,

При крај сум со настинката, само уште носот ме мачи. :vozbud:
Се надевам ќе почнат и по други луѓе да шетаат бактерииве, мене да ме остават на раат, имунитет више неам у пм.
Истовремено и си добив, али битно се во пакет дојде. Денес дечко ми отиде до центар, па му порачав крофни да ми најде. Не нашол крофни, али се врати со сите мои други омилени благи - медењаци, два вида путер од кикиритки, еклери, ишлери и едно огромно ќесе чипс. :kruna:
Бог да го благослови, стварно ме мази и пази. :backa:
 
Драга ...

гледам по фејсбуков сите надвор, убаво било времево. Јас од кревет не станав, мртва бев цел ден. Ни компјутеров не го видов. Еве сеа дури малку живнувам, али уште ми е мутно во главата
 
Носталгично-елегично-патетичен mode is off again. :jeeee:
Aj, з`убо, замногугодини.
 
Драга Кајги, ми се исчезнува како краткотрајната слава на Лешоски, како Црвенковски, како дечко после речено -те сакам-, како човек кој не можит веќе да трпит себични и глупави луѓе.
Се гледаме меѓу вонземјанците.
 
позз кајги, незз како но на нјуз фидот ми излезе профилот на анчоо...
 
Јадам ајвар без леб, со сирење и авокадо. Дијаспора...
Сериозно, ќе измислам некоја крем салата со состојкиве, проклето добра комбинација!
 
Да си кажам една кратка приказна шо ми притекна во ова ни ладна ни топла вечер, дур дремам под кебе во исчекување да се симнат 3 епизоди од It's always sunny in Philadelphia.

На царот му се сонило дека лекот за неговата неизлечлива болест која го мачела 2 години, се наоѓа во солзата на еден човек од царштината со име Спасиј (како демек спас за царот). И наредил да го донесат во дворецов. Арно ама братов немал заплакано цели 10 години од ко му умрело детето мало, на пораѓај. Па така од тогаш му мавнал делете на емоциите.
Го седнале в соба и му рекле-Имаш еден ден да пуштиш солза пизда ти матер, оти утре глата че ти летни. Седнал овој онака на едно од столчињата и почнал да си евоцира спомени како му умрело детето, како го закопувал во ладната земја и се се најлошо демек за да заплачи, арно ама никако не му иделе тие пусти солзи. Сабајлето дошол советникот, гледа празна глиненава чаша шо му ја дал. Ништо му рекол, нека ти постој глата на рамена, иди по мене, да пробаме на поинаков начин, ако не можи преку тага да ги родиш то солзите.... Го викнале најјакиот комичар во чарштината да го засмеј братов (демек од смеа да го расплачи) Па овој пробал на сите можни начини да го пресмеј со шеги од типот прашање-одговор
-Кој му е омилен чај на Едип?
-Од Мајчина душица.
-Како го запишала Eдип мајка му в телефон во именикот?
-Motherfucker.
-Шо рекол слепиот човек ко му рекле дека жена му го изневерува?
-ДУр не видам не верувам.... и сл.

Дури и на крај му рекол- Плачи оти царот че стани и на клоци че те крени (а тој царот 2 години од кревет не станат). После то на овој циркузантов глата крц, му летнала после последнаа шега демек навредлива.
Како последно средство кое го употребиле во царштинава за да го расплачат братов Спасиј, било тоа што жена му ја врзале на два коња кои тргнале во спротивна страна и ја распарчиле пред негови очи. Арно ама (колку е арно не знам) ни тогаш не заплакал копуков. Ко за непендек умрел царот по некој час. Овој го осудиле на бесилка оти не го спасил најважниов во дворецот нели. И другиот ден, сабајлето дури чекал во занданата да ја спремат јамката, дошол еден од стражарите и му рекол-Нема за последно да те гоштеваме со убај јадења ко шо те гоштевавме пред некој ден дури ја чекавме солзата твоја, еве држи сега ова, не знам шо е, прееска го донесе еден трговец преку седум планини и реки во дворецов. Сакаш јади, сакаш не, за 5 минути идам по тебе.

Ко се вратил овој џелатов, шо да види. Плачи дали плачи овој Спасиј. То зеленчукот за кој нит чуле нит виделе претходно во царштината , да ти биди кромид ........
На крај и овој го убиле и така.
Заборајв наслов да пишам.
Нека биди „ Kромидот шо вредеше за два животи".

п.с најмногу жал ми е шо овие копуциве од царштината дотогаш не вкусиле салата со домати и кромид. Глупаци.
 
Смртта ги решава сите проблеми, рекол Сталин. Нема човек, нема проблеми :icon_mrgr:

п.с. нема поглупо нешто од просечен Американец. И тие кретеноиди со тапија, мртваци без трошка логика, стигнаа да заработуваат милион пати повеќе од нас. Абе, оди касни си од јајцата, преправи се во Дамбо и биди му помошник на Вучиќ во емисија :facepalm::boksix:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom