Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
- Животна лекција #7413: Кафана, со жени, не се договара.

*Кафана бр.1 - Ново-отворен е локалот, слушам фино било внатре, убаво средено .. Амаааааа не ни е од прва рака проверен, не сум баш сигурна. А и музичарите биле некои дечишта, неискусни, слаб им бил трилерот. :bance:
*Кафана бр.2 - Да, сме биле во тој ресторан повеќе пати. Фина е музиката, и атмосферата, и народот, и јадењето .. Ама нели ви е ску*рчено веќе таму да одите?!:bance:
*Кафана бр.3 - Аууууу ДА! Таму оддамна не сме биле, слушнав и добра група свирела таму од Нова Година навака .. Амааааа кој ќе се мрцвари до таму горе, далеку е у пм, како ќе се организираме со превоз?! Ризик е со кола до таму, може беља да направиме на враќање. А па за со такси, ќе оди скоро илјадарка во два правци.:bance:
*Кафана бр.4 - Ммммм .. Не е лошо таму, да, сме биле 2-3 пати. Во близина ни е, потивко местенце, домаќински да се поседиме. Не! Чекај чекај .. Тие таму немаат ништо друго освен тиквешка и смедеревка. Сељаци. Ми текнува последниот пат кога бевме ЈЕГЕР( :несвест::несвест:) ни се пиеше, немаа да ни дадат.:bance:
*Кафана бр.5 - Е да. Тука си е таман. Не' знаат газдите, фини дечки се. Одевме до порано ептен често таму, се сеќавате?! Оддамна не сме ги посетиле. Ајде ајде таму одимееее јеееееејјј (низ глава ми поминува - Грејт, тука падна сатрот). Се иницира 10-секунден групен шепот и се избацуваат: Уфффф нема да можеме ни таму. На Трајанка бившиот од средно се вработил како келнер во таа кафана. Непријатно ќе биде, дај друго место ...:bance:

... ОКЕЈ.
50cc5f43afa96f2a2400354c.gif
 
ДК ако сакаш earworm пробај го ова.
A-ki A-ki Aki-ta!
Kamu to funyan nyan nyan nya nya funyan
Kamu to funyan nyan nyan nya nyan
Kamu to yawaraka LOTTE no Fit's —FIT'S!
 
Го знаеш она огромно, неописливо задоволство?
Ретко се заљубувам во градови. Не верував во љубов на прв поглед додека не прошетав низ еден град, градот на розите. Поради икс причини морав да се иселам од него. Две години мизерија. После тој период конечно се преселив назад. Моментално сум преокупирана со уредување на домот и сеуште не сум го конзумирала градот онака како што јас сакам, ама тука сум, ќе биде. :love:

Gotland_Visby_ringmuren.jpg
 
Последно уредено:
Пијам кафе кајмаклиско и шербетско и зобам леблебија.
Исто како кај баба ми. Треба да ја потсетам жената. Баш деновиве ќе ја изненадам.

Друго. Сфатив дека меѓу најголемите грешки у животов ми вклучуваат не кажав/не направив... знам клише е, но така е. Можеш да бидеш кул и мистериозен и покрај искреноста и иницијативноста, ем подопадлив ќе си, ем поинтересен. Не е некоја мистерија шо се стискав да му пишам за неколку саати, а кога-тогаш таквата поттиснатост ќе резултираше со излив на емоции. Демек ако први не кажувавме „те сакам“, не не` издаваше срцебиењето до кај него што се осеќа и црвеното лице. Издувај си се во моментот, така нема да има потреба да се јавуеш и дообјаснуеш. Малку доцКа укава, но, веруем ќе се најде.
 
Последно уредено:
Сеа вечерав и стариов ми раскажува прича за некој што умрел (Бил пренатрупан со сметки)

''Со едната рака бил фатен за гуша а другата за кур'' и рекол цел живот за гуша ме држевте сеа за кур ќе ми се фатите :pos:
 
Драга, вчера сум ја заокружил седмата година како твој член. Ехее 8мо одделение бев кога се регистрирав...сум поминал едно полугодие од основно, цело средно и 5 семестри од факултет тука. Јунајтед тогаш беа прваци на Европа, ме упатија на форумов оти имало фан клуб на Манчестер...на почеток не ни чепкав по другите подфоруми. :D


Многу работи научив на форумов, се информирав за било какви спортски новости, и нормално запознав дел од членовите. Секојдневие си ми станата, ако не прошарам по жолтилово бар пола саат не ми е комплет денот. :D


05.02 им е роденден на Роналдо, Нејмар и Тевез....а јас заокружувам нова година на форумов. Очигледно е датум за големи нешта. :cool:
 
Последно уредено:
Си најдов џакет точен и евтин, уствари ми најде една блиска личност, викам колку пари вика 800 денари, викам кажи точно жити мене вика 300 денари :pos::pos::pos::pos:. Излезе дека најстара марка германска за ски гардероба дека е, 1804 година фирма формирана била. Гледам слично на него во Англија 180 фунти, вода не пропушта го пикнав под чешма и то...

 
Драга Кајгана,
Се борам да најдам логичности во овој народ, оваа земја, ова подневје. Не знам како саат застанат е се овде. Народ што се замара што прави соседот, дали соседот е геј, вработен, што и како им е ситуација по дома.. Бистрење политика, опоравување на државава и спорт. Наместо да се фатиме за реалните проблеми кои не мачат, овде се замараме со банални работи. Гледајте си кај себе, подалеку од вашот дом да не се замарате.. Тоа замарање со туѓи проблеми може да направи да заборавите на своите и да бидете прегазени од времето.

Се надевав дека на почетоков на годинава конечно и со љубовта ќе бидам среќен. Сфатив дека како поминува времето љубовта е нешто што доаѓа само по себе, но дека не е вечна... Едино нешто што е правилно и исправно таа љубов да биде крунисана на време, да се има деца за кога ќе се намали или исчезне да се има мотивација во животот.. Цело време читав и се надевав дека постои таа љубов и ја барав. Дали постои? Да, постои.. Дали е вечна? Не е вечна! Вечни се спомените и чувствата, децата она што ќе го оставите зад себе изградено. Што сакам да изградам? Дом, куќа во која и деца во која би биле среќни. О, Господе многу ли сакам, многу ли сакам и барам со тоа што сакам да сум среќен? Верувам и се надевам, живеам за да го остварам тоа. Се надевам ќе дочекам да умрам со исполнета душа, срце и ум дека оставам нешто зад себе. Нешто зад себе кое вреди да продолжи понатаму.

Во меѓувреме се борам за својата слобода, слобата на другите, за себе си. Се надоградувам, учам од свој и од туѓи искуства. Не посакувам никому да наштетам или ускратам. Тоа ми е доволно во животот, да се замарам само за себе си и она што ќе дојде, душа со која ќе се спојам и ќе родам една голема, неизмерна среќа.
 
Никогаш, никогаш нема да сфатам како на татко ми толку многу му се збори секое сабајле. :D
Секое сабајле истиот муабет. Уште не станат, и' се жали на мајка ми: Ту бре жено, што домаќинка ќе беше? Наместо да ми донесеш доручек во кревет, онака како од филмовите, па да напраиш торта на пет спрата со лифт, па торта со ред тулумби, ред баклава, ред тулумби... па криво пиле каша. Туу бре, што домаќинка ќе беше. Она ми била домаќинка...
Мајка ми фатила прозори да брише, он: Жено, ти мене ме слушаш? Те слушам. Ако ме слушаш, знаеш да скокаш? Е па ај скокни. Кај те земав, кај се запустив. Убав ќе си останев, млад. А со тебе, види, остарев. Како ли само ме залажа... Ама кај ќе најдам жена како тебе... переш, чистиш, работиш... а бе како тебе жена нигде нема, еееј. Освен... на канта пазар.
И стандард пред спиење, ќе почне: Јас сега ќе си легнам, ќе ве замолам за најголема деконцентрација. :ROFLMAO: Ајде жено, сега една приказна да ми раскажеш. За волкоот, за црвенкапаа... Ајде, ајде, побрзо да заспијам. :pos:Кој не го знае, ќе си помисли којзнае колку ја малтретира мајка ми. :ROFLMAO: Интересно е дома, во секој случај. :D

Ја иначе арна... не баш арна, грло ме корне. Али ќе си помине. :D Вчера само што ги одвоив белките од жолчките, да направам торта, се расипа миксерот. Рака ми отпадна рачно дур ги смутив. :sleep: Денес правев мантии, демек да искористам време у кујна, после ќе се „убијам“ од учење од наредна недела. :ROFLMAO: Сама се лажам, сама си верувам. :D
И ај чао. :D
 
https://www.facebook.com/events/1028316200566204/
Бидејќи не знаев во која тема да го постирам ова, решив во онаа што е доста актуелна и верувам доста студенти (бидејќи тие се меѓу најзасегнатите) ја посетуваат истата. Доколку прифатат сите поканети говорници, ќе биде доста интересно, но проблемот е што јас искрено не верувам да прифатат сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom