Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.375
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Сега ќе ти кажам набрзинка, значи дека Овен и Лав дека е добра комбинација е сосема неточно. Зошто? Овенот е тензичен, сака сите работи да се случуваат набрзина, при тоа многу често е избувнува исто како лавот. Значи накратко тебе ти одговаар знаци кои се слободноумни или знаци како Водолија, Стрелец, Близнаци, Вага.

Подоцна ќе ти објаснам подетално кога ќе се пуштам од компјутер, ќе ти кажам зошто ти одговараат тие знаци.
Сеуште чекам :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Хмм... Многу занимлива комбинација си бидејќи пред се Стрелецот е слободно умен исто така важат и Близнаците кои најчесто ги нарекуваат и интелектуалци.
Бидејќи си подзнак Близнаци овие два знака ти даваат неограничена енергија, способност голема за откривање на лажговци или луѓе кои ги нарекуваат патолошски лажливци, при тоа исто така твојата комбинација ти влева голема енергија нормално позитивна, што тоа доведува да привлекуваш знаци кои се како Скорпии,Лавови,Ракови, зошто овие? Скорпиите отсекогаш сакале знаци кои се баш токму такви верди,насмеани,полни со енергија,комуникативни и луѓе со кои ќе можат до сабајле да прават моабет,исто тука се и лавовите и раковите но не толку раковите.
За друштво Одлична комбинација, само саат земи си кога ќе разговараш со Водолија или Близнаци бидејќи овие два знака и те како се компитабилни со твојата Комбинација на Стрелец - Близнаци.
Интересна работа е твојот подзнак кој ти дава инстинкт за многу брзо да ги проценуваш луѓето,ти светка брзо сијаличката и оп ете тоа е тоа тој човек е таков па така брзо формираш за некоја личност генерално мислење. Исто така и двата знака ти даваат голема вештина во флертувањето, едноставно и двата знака обожаваат да флертуваат посебно со Водолија,Близнаци,Вага.

Кога Стрелецот или Близнаците засакаат некоја личност таа ја осипуваат со шарм,емоции на кило што некогаш знае и да се случи и емоционална хистерија, како,зошто не ми пишува,кај згрешив? а нема везе. :D Кога еднаш ќе влезат во врска тоа е како да се ставило катанец на некоја врата а клучот фрлен некаде во река така и Стрелецот се однесува, сака детски, на свој начин, неограничено, без игри,едноставно со сето срце и душа а тука Близнаците додаваат и духовно поврзување и умствено ако ме разбра.


Најмногу одговараш за врска ако сакаш врска едноставно со помалку грижи се:

- Водолија (Најкомпатибилен знак)
- Близнаци
- Вага

Одговараш исто така и со:

- Рак
- Скорпија
- Лав

Но имај предвид овие знаци сакаат посебно Скорпијата некого да го поседуваат,често а и многу знаат да играат со туѓу чуства и љубоморни се. Но имајќи предвид дека Стрелците не сакаат да бидат како предмет некому така да повеќе ти одговара горната опција или знаци кои се слични на твоите карактеристики.

Се надевам дека успеав нешто да ти доволам. :pivo2:[DOUBLEPOST=1454718800][/DOUBLEPOST]
Јас сум лав у хороскоп и секаде кај што сум прочитал ми пишува дека одговарам со овен и стрелец. Ама буквално секаде. На едно место неам прочитано дека одговарам со друг знак.
Е сеа моментот е што никогаш до сега не сум имал девојка овен или стрелец нити пак сум се пронашол со девојка овен или стрелец и од оние малку со кои кратко сум се гледал (две три излагања).

Педиодично гледано чудно ми е и неможам да разберам некои работи па ако можеш да ми подобјасниш би ти бил благодарен.

До пред неколку години буквално сите девојки што ги привлекував беа девица во хороскоп. И врски сум имал со девица и гледања периодични и муабет ни идело и секс и све. После некое време (последниве 3 години) сите девојки што ги привлекувам се најчесто водолија... Тотално се чудни, зборат дека сакаат сериозна врска, спремни се од 4то гледање да почнат да ти зборат за брак и деца а делата што ги прават кажуваат нешто сосема друго. Ама ете, ке ми тргне муабет, или ќе искочам на состанок со девојка или она ќе ми се додворува и гледам водолија у хороскоп.... Скоро со сите девојки вака последниве 3 години...

Е сеа до мене ли е проблемот што порано привлекував девици а сега водолии и што никад не сум можел да останам подолго од две гледања со овен или стрелец или ова е само доказ дека врска хороскопов.

Иначе јас сум во знак лав во подзнак шкорпија
Уф Пријателе искрено многу тешка Комбинација си, без да ме сфатиш погрешно. :D

Од прва ќе ти кажам тебе за жена другар само Водолија или Рак и по малку Близнаци.

Зошто?

Лавот е типичен пример дека светот се врти околу него, центар пажња итн. иако тоа вешто го прикриваат со своето лице бидејќи на нивното има насмевка и со таа насмевка освојуваат.

На лавот како лав муе потребно внимание, знак кој ќе ги памти неговите датуми, знак кој ќе може да му влева позитивна енергија и исто така знак кој ќе биде слободно умен. Тука најмногу ја пронајдувам Водолијата, бидејќи Водолијата е таков типичен пример кој може да ги поднесе лошите Страни на Лавот и Скорпијата а тоа е Љубомората,посесивноста,мрзливоста,Горделивоста и тоа да треба да бидат број 1 во се.

Затоа најчесто со кој и да се прави моабет кога ќе се Спомне Лав комбинација прва што паѓа на памет е Водолијата.

Водолијата дека секогаш е таква да, секогаш од една тема во друга скока едноставно таа те проверува на многу стази каков си и како ги сфаќаш работите затоа многу често и тоа го прават иако тебе ќе ти изгледаат како да се дувни ветре туку тоа е сосема спротивно бидејќи Водолијата те испитува а самата знае што сака.

А Водолијата ќе ги цени кај тебе како лав и Скорпија пред се Верноста бидејќи и двата знака кога се во навистина сериозна врска тие се сериозни до бескрај, а тоа и одговара на Водолијата меѓу останатите работи секако се и тука Креативните нешта кај Лавот како на пример Лавот да ја шармира Водолијата со романтични нешта иако Лавот тоа не го прикажува во јавност туку само во својата приватност која тој си ја цени.

Разговорот помеѓу Лав - Водолија секогаш ќе биде долготраен бидејќи и двата знака се комуникативни и одлични сослушувачи и нормално одлично чуство за хумор кои го имаат и двајцата.

Тебе ти одговара за брак - врска најмногу:

- Водолија
- Близнаци
- Стрелец

Знаци за сексуална одлична врска ти се:

- Oвен
- Стрелец
- Вага


Тоа е тоа што во моментов ми текна за таа комбинација иако има уште многу да се пишува. :D
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Извини навистина немав време...

еве нешто не е мое но е многу вистинито, овие денови ќе ти пишам плус мое мислење околу двата знака... а не е лошо и подзнаците да ми кажеш...

Она што ја одржува љубовната врска помеѓу скорпија и девица е кармата која што ја создаваат овие партнери кога се во заедница. Тие се многу лојални еден кон друг и длабоко се поврзани на емотивен план. Во принцип, овој пар преферира да стои настрана од гужви. Тие не се многу склони кон журкање и играње. Но кога се сами, тие можат да оформат хармонична унија која психички и емоционално ги исполнува.

Тие функционираат одлично и како бизнис тим. Девицата сака да наредува, а скорпијата да се чувствува моќно. И на двата знака им е важно богатството, вклучувајќи имот и средства за подобар живот. Овој пар е омилен кај нивното друштво, бидејќи тие во секој момент се спремни да подадат рака на секој свој близок пријател.

Но и во овој пар постојат одредени недоразбирања. Девицата понекогаш знае да биде повлечена, а скорпијата да биде нејасна. Како резултат на нивната нееднаквост, двата партнери можат да научат многу еден од друг, ако се согласат „да се сретнат на половина пат“. Девицата е предводена од планетата Меркур, а скорпијата од Марс и Плутон. Помеѓу овие два знака постои специфична сексуална енергија, поради влијанието од планетата Плутон. Тие го формираат темелот на сите љубовни врски – Меркур ја збогатува нивната комуникација, а Марс ја разгорува страста.

Во оваа врска, девицата е свесниот ум, а скорпијата ја создава романтиката и страста. Скорпијата е жестока, немирна, остра, интензивна и длабока личност, а девицата ја привлекува токму таа нејзина енергија. На скорпијата која е практично неразделива од својот партнер ѝ е потребна лојалност од страна на девицата. Скорпијата е длабока како океан и премногу „бранови“ можат да предизвикаат јака бура. Таа вообичаено ги крие своите емоции како во школка, но кога притисокот ќе стане премногу голем таа може одненадеж да експлодира.

Заедничката потреба на скорпијата и девицата за емотивна сигурност ги охрабрува да бидат екстремно лојални еден спрема друг. Но додека девицата знае да биде премногу површна, скорпијата се обидува да навлезе во суштината на работите. Таа може да ѝ покаже на девицата како да научи да гледа под површината на работите, а девицата е доволно внимателна за да ја улови поентата на разговорот. За возврат, девицата може да ја соочи скорпијата за реалните факти. Овие партнери понекогаш знаат да бидат многу буквалисти, поради што можат да го пропуштат соочувањето со вистинските вредности.

Скорпијата ја цени практичноста на девицата, а девицата ужива во преданоста на скорпијата, бидејќи тоа ѝ покажува дека е љубена и ценета. Кога овие партнери имаат заедничка цел ништо не може да застане на нивниот љубовен пат. Кога недоразбирањата застануваат помеѓу нив, поволно е тоа што девицата е доволно прилагодлива и се повлекува еден чекор назад за да го избегне можниот конфликт. За разлика од неа, скорпијата сака да биде по нејзино како резултат на нејзината тврдоглавост.

За овие партнери е клучно да дискутираат за она што им е навистина важно, за и двајцата да имаат еднаква улога во врската. Во оваа врска конфликтите се избегнуваат, бидејќи овие два хороскопски знаци попрво би избрале да функционираат, отколку да се караат. Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е способноста на партнерите да ги спроведат во дело нивните заеднички цели. Посветеноста, приврзаноста и организираноста на овие партнери, ја прават оваа врска хармонична.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.596
Поени од реакции
17.434
@.Sky.

Кажи нешто за Водолија подзнак близнаци :D ? (За мене)[DOUBLEPOST=1457376963][/DOUBLEPOST]@.Sky.

Кажи нешто за Водолија подзнак близнаци :D ? (За мене)
 
D

Daedalus

Гостин
Opsti karakteristiki za strelec? :)
@.Sky. gledam ja imas prostudirano astrologijava :Dako imas vreme pisi nekoj kratok opis.. :angel:
Бебси, нели @.Sky. e лигле што ти се пуштало на игралиште и јадеше гомна за него? Зошто си сеа фина со Скај? И треба да си ретардирана за да им се потсмеваш на луѓето што веруваат у рамна Земја, а ти веруваш дека гравитационото поле на планетите и другите небесни тела, влијае на твојот карактер. Е толку си глупа!
 

Femme fatale

Љубената на Гаро
Член од
13 јуни 2016
Мислења
231
Поени од реакции
183
Оваа Шкорпијата во подзнак ме зафркава цело време со овие глупавите чувства и емоции, не можам да ја контролирам, а Јарчето ми е во фаза на мирување некоја. Ајдее будии се и помагај ми да се справам со ситуациите како што треба.
Многу ме интересирало хороскоп, од секогаш па и многу карактеристики што ги поседувам само со хороскопот си ги објаснувам :)
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Оваа Шкорпијата во подзнак ме зафркава цело време со овие глупавите чувства и емоции, не можам да ја контролирам, а Јарчето ми е во фаза на мирување некоја. Ајдее будии се и помагај ми да се справам со ситуациите како што треба.
Многу ме интересирало хороскоп, од секогаш па и многу карактеристики што ги поседувам само со хороскопот си ги објаснувам :)
Како човекот реагира со емоции на средината околу него зависи од Месечината, а подзнакот е како другите го доживуваат. На пример ти ги имаш квалитетите и особините на Јарец, карактер на Јарец, но даваш впечаток дека си Шкорпија, провери си ја Месечината во Натална Карта таа е показател на емотивноста кај човекот. Како доста емотивна личност би требало да ти биде Шкорпија, Риби или Рак, но не мора да значи. Провери... :)
 

Femme fatale

Љубената на Гаро
Член од
13 јуни 2016
Мислења
231
Поени од реакции
183
Како човекот реагира со емоции на средината околу него зависи од Месечината, а подзнакот е како другите го доживуваат. На пример ти ги имаш квалитетите и особините на Јарец, карактер на Јарец, но даваш впечаток дека си Шкорпија, провери си ја Месечината во Натална Карта таа е показател на емотивноста кај човекот. Како доста емотивна личност би требало да ти биде Шкорпија, Риби или Рак, но не мора да значи. Провери... :)
Месечина 20 степени во Шкорпија Your feelings are very intense, never superficial. You tend to be either very angry or very sad or completely and totally happy. Your moods are deep, extreme and not always completely understood by yourself or by those with whom you have to deal. Emotionally, you tend to prefer to live at the cutting edge of life, pushing your reactions to the ultimate extremes, even if the results are dangerous or upsetting. You are easily jealous and very suspicious -- you require a great deal of emotional reassurance. A good detective, you are very curious about deep and mysterious things, especially human nature and motivations. Be careful not to be ruthless, tactless or too overly frank or you will meet with much resistance from others.
ова се е точно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom