Се изначитав правни акти и статути, што на ФИНКИ што на УКИМ, не можам да најдам документ со кој што е уредено ова а СПФИНКИ ќутат по прашањево. Ако има некој поише информации за ова, остајте линк или нешто. Апаши -.-
Како професор и член на ННС, имам барано да ви се објавува детален извод за што се трошат вашите средства со секоја завршна сметка. Начелно имаше согласност, но од согласност до реализација обично треба премногу време. Тука не помага ни тотално пасивниот однос на Вашите претставници кои ги делегира СПФИНКИ. Треба да влијате преку нив, затоа се таму пратени и поставени.
Веројатно не знаете дека на пример од властите не се одделуваат скоро никакви средства за набавка и одржување на опрема, а иста висина на партиципација плаќате како и на Факултетите каде не се користи дополнителна опрема во наставата. Тоа е само еден пример, можеби има и други оправдувања за средствата кои ви се бараат. Борете се и вие за транспарентност, па нема да мора да се редат некакви квалификации.
Последно уредено: