Toj објект е оставен нарочно без фукција, сам осамен и празен на прометно и атрактивно место. Можеше да биде концертна сала, галерија, сала за конференции и презентации, некои канцеларии, летна бавча, кино сала... Општината фрла милиони и милони на некакво кино манаки само 100 метра погоре па се труди од армиран бетон да направи објект ѓоа 100 години стар да личи, а му седи запуштен автентичен објект од времето на манаки, за 2 огради на мостови на драгор (река од 10 метри ширина дадени се 70.000 евра, и тоа мостови без никаква историска вредност и мостови кои имаа веќе свои огради, се гледа од авион дека се испрани пари, со 70.000 евра можеше 10-15 години офицерски комотно да се заштитува, и секогаш за офицерски дом за таков објект, можат да се добиат пари за реновирање или санација од било која странска фондација држава или организација.
Со години по некогаш се повлекуваше прашањето на кој му одговара офицерски да биде напуштен и запуштен, така атрактивен објект во центарот на градот, и за малце ќе видевме и зошто и кој сакаше, тој објект со се огромното земјиште кое му припаѓа вреди милиони и милони евра, некој ќе го земеше за десетина од сумата, исто како шо се распродадоа фабрики, земјишта, објекти за беспари.
Во ред се тоа можело да биде и ова и она ама ништо од тоа не е. Општината па и државата ја водат идиоти. Работата е што понатака? Дали ти мислиш дека некој општински поставен директор на објектот кој зима плата од државата го интересираат фондови и функција или сака само да чека да земе плата на 1ви... Нема тука некоја позадина ко што мислите, тука веќе сите имаат кренато раце па никој не го интересира една апликација да поплни до тие фондации за реновирање.
Тоа дека вредел милиони е малку смешно кога ќе земеш во предвид дека мора да остане градбата ако е веќе културно наследство. Да иде на аукција јас ти гарантирам дека ќе се изненадиш, прашање е дали и тој 1М ќе го достигне. Колку луге во БТ имаат и се спремни да дадат такви пари на еве резиденција? Тие што имаат веќе имаат и изградено некако тешко дека и би сакале да го купат па народ да ги пцуе. Остај ти куќиве во околината тие не се никаков индикатор на вредноста на објектот.
Приватизацијата како концепт не е лоша идеа, начинот на кој се изведе беше катастрофа. Исто е и овде, ако правилно се изведе јас не гледам проблем приватно лице да го земе домот под концесија или да го купи. Напротив во приватни раце и ќе процвета која и да го земе ќе сака да си ја врати инвестицијата, вака ќе продолжи да пропаѓа.[DOUBLEPOST=1454511569][/DOUBLEPOST]
Овие ненаситните сакаа да го лапнат офицерски за 900 000 евра. Објект кој сигурно вреди преку 5 000 000 евра.
Банда арамиска, ненаситна. Ја запустија Битола до крајни граници, не знам дали има повеќе од 50 000 жители во моментов, и сакаат да земат нешто вредно што остана за џабе, а [цензурирано од модератор]
@kano ме прашува зошто сум се радувал. За да ти пукнат
@kano, затоа се радувам.
За 5М евра во Скопје ќе купиш/изградиш 2-3 резиденции на водно. Ништо во БТ не вреди толку пари. Дури и градежно земјиште да е, да можеш 100 стана да изградиш на кого ќе ги продадеш кога сите гледате да си одите.
Битола ја уништија битолчани. Вие ги гласате. Најголем вмровски бастион е Битола со некој 37000 члена. Не се пали ко млад мајмун нема што мене да ми пукнат, далеку сум јас од таму и ми е гајле кој и да дојде на власт а па уште помалку за Битола. Разликата е што ти и другите овде препознавте некаков обид за корупција и цела работа се запре. Ако правилно беше изведено ова можеше да успее и објектот а во иднина и други да заживеат со приватни пари од што сите ќе имавме корист. Сега има да проигра македонскиот инат и нема ништо да биде од домот со години. Ете тоа направивте. Радувај се.[DOUBLEPOST=1454512523][/DOUBLEPOST]
Ако не гледаш каква врска има, како може да правиме муабет. Легално има голема врска. Задолжени за одржување и функционирање се државните институции, може да се даде под концесија со соодветна дејност...итн. Тоа што пропаѓа е ради неажурност, пари, што и да е.
се надевам не си сериозен. По закон, државата е должна да се грижи за спомен обележјата, културното наследство итн, по закон државата не е должна да гради нови споменици
„
Битола 2016“ како помал брат на „Скопје 2014“
или бродови, плажи и рингишпили. Ако веќе мора да има приоритети.
Ако сметаш дека е оправдано човек да простиш да го прими в задник за пари, тоа е твое видување на нештата. Башка нели брдо пари течат од БУМ на инвестиции, огромни вработувања, огромен економски развој, најголем бдп во Европа...зашто би го продавале и на татко им гунчето и зашто немаат пари за одржување ако е навистина така.
Задолжени се за одржување, легално итн итн... ама ништо од тоа не прават, приоритетите се такви какви што се, најмалку им е битно што јас и ти мислиме за тоа. Идат избори ќе видиме дали ќе има смена а и ако има дали другите ќе направат нешто со објектот.
Мене единствено ме интересира објектот да не пропадне и да може и натака луѓе да го посетуваат. Треба еднаш да почнеме да правиме разлика меѓу што е правилно а што е реално. Правилно е државата ко што сакате да се грижи за него, ама едноставно од икс причини не го прави тоа. Колку и да е фрустрирачки они имаат други приоритети. Реално ова може да се реши само со приватни пари за жал тоа е тоа.
Зошто би го продавале? Зошто да не? Ако е добро скоцнкано да не може да се сруши, да се употребува за одредени дејности, да е отворен за јавност итн итн што разлика прави дали е државно или приватно? Помалку вработени во општина, повеќе пари за други проекти...