Без разлика кој и да дојде следен чекор ќе им биде:
- Собирање на пари од целото населенио по разни основи
- зголемени даноци и разни други административни давачки за приватниот сектор.
Ова ќе биде поразително за целото население.
Прво, по вакви даноци голем број на приватни фирми ќе затворат т.е нивното место ќе го превземат овие поголемите (бидејќи реално, најголем број на фирми се храна и текстил). Тоа ќе биде добро за богатите (шака луѓе што го држат увозот кај нас).
Второ нешто што ќе се случи ќе биде уште повеќе иселување, а со тоа ќе се намали пазарот на оние што купуваат од увозниците т.е ќе останат оние од државно со некоја скромна плата.
Бидејќи приватните ќе крахираат, со тоа приходите на буџетот ќе бидат ќе се намалат и тука иде кратење на разно, разни трошоци у здравство, школство и подигнување на кредити, само за да се задржат овие на работа т.е да се добијат нови избори.
Оние што нема да се иселат, а не се на државно полека ќе почнат да се враќаат кон селата и ќе се занимаваат со земјоделие/сточарство за да може да живеат, а со тоа станува помал пазарот за тие што го држат увозот.
Како се намалува тој пазар, така големите ќе зависат од трошењето на парите од администрацијата и бидејќи државната плата ќе биде ниска освен храна и текстил се друго ќе крахира (исклучок оние што прават извоз), а со тоа и буџетот и ќе дојдеме како кај ситуацијата до рани 90-ти, ММФ и стенд бу аранжманите.
Е сега, тогаш имавме барем фирми да се продаваат, сега немаме ништо. Во оваа ситуација ќе ги направат математиките и ќе сватат дека и да ги намалат платите за Х%, нема ништо да средат и ќе почнат да отпуштаат до некаде 60-70% бидејќи така ќе им биде наложено од ММФ, ќе се приватизира водата и производството на струја, за некако да се одглавиме.
Тие што ќе останат да живеат во градот (пред се извозниците) ќе плаќаат многу за вода, струја, а останатите ќе си заминат за село и ќе продолжат таму каде застанале нивните пра-пра-баби и пра-пра-дедовци.
Тоа е накратко што не чека, нас патриотите што ќе останеме во оваа држава.