5X Филмски предизвик

Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.764
Поени од реакции
11.753
Месецов не ја следев темава, можеби во февруари ќе бидам поактивен. Ама го видов воведниот пост и ми падна у очи - You Can Count on Me па решив да го изгледам. Пријатно ме иненади, многу солидна емотивна и забавна драма. (y)

Обожувам филмови кои можат и да ме насмеат во еден дел од филмот, и да ме натажат во друг, да ме натераат да сочувствувам, и побудат толку многу емоции кај мене, што да не сакам да завршат. Овој беше еден од тие.
this :bravobe:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Ако има некој кој ѕирнал нешто, нека се доискаже. Утре - нова тема и нови филмови! ;)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Јас не успеав да го извршам овој предизвик. Ги симнав сите 5 филмови со намера сите да ги изгледам, почнав и завршив со Welcome to the Dollhouse. Не ми се допадна многу, па затоа и не продолжив со другите. "The Believer" мислам дека не е лош филм, а за другите тоа што го прочитав, ми изгледа и деке не се баш по мој вкус, па не сакам и тоа малку слободно време да го потрошам на филмови што нема да ми се допаднат.
Ај можеби следната тема ќе ми се погоди :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Не успеав и јас, а сакав стварно. 2 изгледав Welcome to the dollhouse i The Believer. Чекаме нов предизвик, ќе ја следам темава секако.
 
G

grande-juve

Гостин
4 супер филмчиња, освен еден шо заеба просек...

You Can Count on Me (Се сложуем со другите. Инди филмчево е супер најмногу заради добрата глума, одличното сценарио, и најмногу заради Laura Linney, срцка ми беше, со Руфало јак тандем беа.)

Stranger Than Paradise (Баш сакам вакви филмови, шо имаат закон ликови кои у глобала ништо не праат него само нешо филозофираат :D. Многу кул филмче од Џим Џармуш.)

Sex, Lies, and Videotape (Исто и овој супер. Интелегентен филм, со некоја посебна, специфична атмосфера. Интересно како на некои режисери првиот филм им е ептен па машко, у случајов на Стивен Содерберг)

Crumb (Ова е документарец за еден многу интересен чоек, Роберт Крамб, цртач и автор на стрипови кој не веруе у давање на автограми :D. Ама не е само за него. Тројца браќа се, ко мали имале проблеми со социјализација, и сеа глеаме кој каков испаднал, али ретко видени ликови. Кој е по документарци, обавезно овој.)

Me and You and Everyone We Know (И еве го кртот. До толку ни еден карактер да не е симпатичен, да не се поврзеш со ниеден, чудна работа.. а многу ги имаше. И коа нема да успее да те поврзе филмот со некој лик, автоматски нема преодна оцена.)


А за некоја следна тема, ако нема идеи, неми филмови.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
ФЕВРУАРИ 2016 - 5X Explicit / Unsimulated Sex

Ајде да ве видам сега дали ќе бидете во толку мал број. :P Ви пружам прилика да гледате порничи со оправдание. :D Веројатно очекувавте тема Оскари, зашто февруари е месец на Оскарите, но овој предизвик сакам да го тераме малце похипстерски, со филмчиња кои не би ги гледале ако некој не ви „нареди“. Плус, поттикнат од hate it or love it пишувањата за Love на Гаспар Ное и за Nymphomaniac и Blue is a Warmest Color од лани, решив да се едуцираме и за други пенетрации, ејакулации, фелација, мастурбации и перверзии. А зошто баш февруари со сексов? Не знам. Онака. Ако баш толку сакате причина, ете: февруари е нели месецот во кој се парат мачките (секс) и месецот на Valentine's Day (пак секс :P) - па ете ви. :D

Што одбрав? Вака: Има многу филмови кои вклучуваат барем една сцена со експлицитен и вистински секс. Ми требаше долго време да ги одберам филмовите. Како се одлучив? Барав да можат да се симнат, во поголем дел од филмот да има сцени со вистински секс, и да не се LGBT ориентирани, за да не ве одвратам ептен од темата. За тие на кои не им смета и gay секс, имам одбрано 5 други. ;)

Ова се петте филма кои ПРЕПОРАЧУВАМ да ги гледаме сите во февруари:

1. In the Realm of the Senses (1976) - лектира во жанрот! Барем овој гледајте го сите.
2. Intimacy (2001) - филм со годинава номинираниот за споредна машка улога Марк Риланс и освојувач на Златна мечка и Сребрена мечка во Берлин.
3. Ken Park (2002) - малку тинејџери и нивните сексуални искуства.
4. 9 Songs (2004) - филм на Мајкл Винтерботом во кој се вклучени вистински живи настапи на некои бендови.
5. Anatomy of Hell (2004) - малку европски секс! Овде беше единствената дилема. Се мислев меѓу овој и Romance на истата режисерка. Го одбрав овој, зашто е малку поразличен од другите затоа што вклучува вистински порно актери. :P Роко го знаете сите, нели? :D

Ова е листа на letterboxd на која ќе може да го следите предизвикот и ако се приклучите подоцна да фатите чекор со останатите: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/5x-film-challenge-kajgana/

За ептен големите филмски сладокусци за кои 5 филма месечно се малце, направив и EXTENDED CHALLENGE со по 10 филма секој месец. Листата може да ја најдете овде: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/10x-extended-film-challenge-kajgana/

6. Romance (1999)
7. Pola X (1999)
8. Lie With Me (2005)
9. 8MM 2 (2005)
10. Wetlands (2013)

И плус, доколку има такви на кои и 10 им се малце, па сакаат да ѕирнат и нешто плус, еве за февруари листа со дури 63 филма кои вклучуваат барем една сцена со вистинска сексуална активност: http://letterboxd.com/cachtice/list/unsimulated-sex/

А за тие на кои не им смета Gay sex, еве нешто поразлично:
11. O Fantasma (1996)
12. Shortbus (2006)
13. Cruising (1980) - трилер со Ал Пачино во главната улога
14. The Raspberry Reich (2004)
15. Stranger By the Lake (2013)

Повелете! Па кој ќе преживее, ќе раскажува!
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
G

grande-juve

Гостин
Не, ама може 5 Movies That Are Being Turned Into TV Shows, а ти да одбереш 5 Movies In Which A TV Is Turned On. ;)
Знам дека (делува ко да) јадам гомца, али сеа 2 сцени имало пенетрации и ај тема :D. Ем многу малку такви филмови, па не може чоек убаво да избере. Викам да не стане тренд, тема за филмови шо ги поврзуваат 2-3 сцени, а не поджанр или не толку глеан жанр, или сл. :). Иначе знаеш шо мислам за 5х идејава (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Знам дека (делува ко да) јадам гомца, али сеа 2 сцени имало пенетрации и ај тема :D. Ем многу малку такви филмови, па не може чоек убаво да избере. Викам да не стане тренд, тема за филмови шо ги поврзуваат 2-3 сцени, а не поджанр или не толку глеан жанр, или сл. :). Иначе знаеш шо мислам за 5х идејава (y)
Затоа ги избрав баш оние филмови кои се состојат во поголем дел од несимулирани секс сцени (налик на споменатиот Love), а не оние во кои има сцена до две (какви што се повеќето од твоите „погрешно“ избрани). 9 од десетте филмови кои јас ги избрав во 10X предизвикот несимулираниот секс не е само елемент кој ги поврзува сите 9, туку баш клучен фактор за филмот да биде тоа што е. Баш сега го репризирав Intimacy (мислам дека ми е трет пат ова) и прочитав една рецензија со која не можам а да не се сложам: некој тип од Америка си го изнајмил филмов, арно ама му дале цензорирана верзија на истиот, и буквално ништо не разбрал. На крај - ја скапа од плукање кабелската телевизија која му го изнајмила. Ова се тие - револуционерните филмови според кои е направен Love, а не е Love револуционерниот. Ти велиш дека станува збор за 2 - 3 сцени кои им се заеднички. Јас би рекол дека баш жанрот им е заеднички - cineporn. ;)
 
G

grande-juve

Гостин
Ти велиш дека станува збор за 2 - 3 сцени кои им се заеднички. Јас би рекол дека баш жанрот им е заеднички - cineporn. ;)
Не велам ја, ти си го опишал балонот од филмови од каде шо се бира за месецов, ко "63 филма кои вклучуваат барем една сцена со вистинска сексуална активност" :P
Тој опис ме пецна, па почнав телевизори да спомнувам ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Не велам ја, ти си го опишал балонот од филмови од каде шо се бира за месецов, ко "63 филма кои вклучуваат барем една сцена со вистинска сексуална активност" :P
Тој опис ме пецна, па почнав телевизори да спомнувам ;)
Е па да де, да. Од тие 63 (нешто повеќе се само типот не ги ставил сите во листата), успеав да најдам само 13 во кои доминантна улога игра сексот. 4 од нив беа геј, па затоа останаа само 9. (Wetlands е ставен од немај-каде.) Затоа пишав дека остатокот се филмови кои вклучуваат барем една вистинска секс сцена, фелацио или мастурбација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom