ФЕВРУАРИ 2016 - 5X Explicit / Unsimulated Sex
Ајде да ве видам сега дали ќе бидете во толку мал број.
Ви пружам прилика да гледате порничи со оправдание.
Веројатно очекувавте тема Оскари, зашто февруари е месец на Оскарите, но овој предизвик сакам да го тераме малце похипстерски, со филмчиња кои не би ги гледале ако некој не ви „нареди“. Плус, поттикнат од hate it or love it пишувањата за Love на Гаспар Ное и за Nymphomaniac и Blue is a Warmest Color од лани, решив да се едуцираме и за други пенетрации, ејакулации, фелација, мастурбации и перверзии. А зошто баш февруари со сексов? Не знам. Онака. Ако баш толку сакате причина, ете: февруари е нели месецот во кој се парат мачките (секс) и месецот на Valentine's Day (пак секс
) - па ете ви.
Што одбрав? Вака: Има многу филмови кои вклучуваат барем една сцена со експлицитен и вистински секс. Ми требаше долго време да ги одберам филмовите. Како се одлучив? Барав да можат да се симнат, во поголем дел од филмот да има сцени со вистински секс, и да не се LGBT ориентирани, за да не ве одвратам ептен од темата. За тие на кои не им смета и gay секс, имам одбрано 5 други.
Ова се петте филма кои ПРЕПОРАЧУВАМ да ги гледаме сите во февруари:
1.
In the Realm of the Senses (1976) - лектира во жанрот! Барем овој гледајте го сите.
2.
Intimacy (2001) - филм со годинава номинираниот за споредна машка улога Марк Риланс и освојувач на Златна мечка и Сребрена мечка во Берлин.
3.
Ken Park (2002) - малку тинејџери и нивните сексуални искуства.
4.
9 Songs (2004) - филм на Мајкл Винтерботом во кој се вклучени вистински живи настапи на некои бендови.
5.
Anatomy of Hell (2004) - малку европски секс! Овде беше единствената дилема. Се мислев меѓу овој и Romance на истата режисерка. Го одбрав овој, зашто е малку поразличен од другите затоа што вклучува вистински порно актери.
Роко го знаете сите, нели?
Ова е листа на letterboxd на која ќе може да го следите предизвикот и ако се приклучите подоцна да фатите чекор со останатите: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/5x-film-challenge-kajgana/
За ептен големите филмски сладокусци за кои 5 филма месечно се малце, направив и EXTENDED CHALLENGE со по 10 филма секој месец. Листата може да ја најдете овде: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/10x-extended-film-challenge-kajgana/
6.
Romance (1999)
7.
Pola X (1999)
8.
Lie With Me (2005)
9.
8MM 2 (2005)
10.
Wetlands (2013)
И плус, доколку има такви на кои и 10 им се малце, па сакаат да ѕирнат и нешто плус, еве за февруари листа со дури 63 филма кои вклучуваат барем една сцена со вистинска сексуална активност:
http://letterboxd.com/cachtice/list/unsimulated-sex/
А за тие на кои не им смета Gay sex, еве нешто поразлично:
11.
O Fantasma (1996)
12.
Shortbus (2006)
13.
Cruising (1980) - трилер со Ал Пачино во главната улога
14.
The Raspberry Reich (2004)
15.
Stranger By the Lake (2013)
Повелете! Па кој ќе преживее, ќе раскажува!