5X Филмски предизвик

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.060
prvo, se soglasuvam so grande.. ke se pogodat pet koi nema da mozam da gi podnesam i cel prdizvik ke batalam.

vtoro, ke mundoe isto kako fight clubot samo tuka 5 filmovi kako zadaca za poveke vreme. U princip isti kurac.

treto, ja vakvite temi gi znam site sami si biraat filmovi samontematabe zadadena. Ama ako sakate moze da nnapraeme mix, recimo so dve odstapuvanja... za da ne mora nekoj da gleda svezo gledan ili voopsto da ima zelba za nekoj.

ali bolje e sami, recime sundance pobednici, superheroi, 5 dokumentarci.. itn.
 
Т

Триптико

Гостин
Што е наградата за изгледани максимум филмови? :cautious:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
prvo, se soglasuvam so grande.. ke se pogodat pet koi nema da mozam da gi podnesam i cel prdizvik ke batalam.

vtoro, ke mundoe isto kako fight clubot samo tuka 5 filmovi kako zadaca za poveke vreme. U princip isti kurac.

treto, ja vakvite temi gi znam site sami si biraat filmovi samontematabe zadadena. Ama ako sakate moze da nnapraeme mix, recimo so dve odstapuvanja... za da ne mora nekoj da gleda svezo gledan ili voopsto da ima zelba za nekoj.

ali bolje e sami, recime sundance pobednici, superheroi, 5 dokumentarci.. itn.
Така би ми било 100 пати полесно - нема да морам милион филмови да проверувам колкумина од нас ги гледале. И да беше така, јас сигурно немаше баш овие 5 да ги изберам, зашто мене повеќе око ми фаќаа други, ама нив ги имавте вие гледано. Ама ете, да речеме - секој сам да ги бира филмовите, темава ќе се претвори како таа во странскиот форум што ми испрати линк во порака: секој само си набројува што гледал, и толку. Јас сакам да дебатираме, да анализираме, да синтетизираме што им е заедничко на петте филмови од темата... А ако ти го гледаш Three seasons, на пример, и никој друг не го гледа Three seasons, кој ќе ти реплицира? Или сакаш ко Грујо, монолози да си водиш? :P

Ама ете, ако сакате, ОК, нека биде - кој сака нека го следи предизвикот со филмовите од letterboxd темата што ја објавив, кој не сака, нека си стави свои 5 филмови, само истите нека ги објави во мислење на почеток на месецот, како што направи grande-juve, за да знаеме дека се предизвикал себеси да ги изгледа, а не на крај на месец само да ги подели по категории филмовите кои и онака ќе ги гледал.

И - нека се дебатира на темата поставена за месецот. Да не се ограничуваме само на тоа што гледаме сега. Слободно пишувајте што сте гледале од Санденс, што ви се допаднало и зошто, а што не, што планирате да гледате годинава...
 
G

grande-juve

Гостин
Јас сакам да дебатираме, да анализираме, да синтетизираме што им е заедничко на петте филмови од темата... А ако ти го гледаш Three seasons, на пример, и никој друг не го гледа Three seasons, кој ќе ти реплицира?
Заедничко секогаш ќе им биде темата :D. А друго заедничко не знам што може да се најде за 5 филмови само зашто биле на ист фестивал :). Така да у контекст на дебата, остануе само темава да биде иста како филм клубот, само со 5 филма место 1..

Затоа мислам дека 5хПредизвиков треба да е ко долниов твој цитат:
кој сака нека го следи предизвикот со филмовите од letterboxd темата што ја објавив, кој не сака, нека си стави свои 5 филмови, само истите нека ги објави во мислење на почеток на месецот, како што направи grande-juve, за да знаеме дека се предизвикал себеси да ги изгледа, а не на крај на месец само да ги подели по категории филмовите кои и онака ќе ги гледал.

И - нека се дебатира на темата поставена за месецот. Да не се ограничуваме само на тоа што гледаме сега. Слободно пишувајте што сте гледале од Санденс, што ви се допаднало и зошто, а што не, што планирате да гледате годинава...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Заедничко секогаш ќе им биде темата :D. А друго заедничко не знам што може да се најде за 5 филмови само зашто биле на ист фестивал :).
Мислев на тоа - зошто жирито на фестивалот баш на тие филмови им ги дало наградите. Мораат да имаат нешто заедничко што нив ги привлекува. ;)

Инаку, ете, се договоривме - кој сака вака, кој сака така. (y)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ја ќе ги глеам филмовиве кои модераторите ги ставаат тука. По интересно би ми било вака.

Еден веќе изгледан. Welcome to the Dollhouse. Не ме привлече, единствено глумата ми се допадна во филмов. Ништо повеќе.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Браво за иницијатививе, супер, да го изгледам првен All About Eve и новиве филмови па ќе си се фрлам со 5x предизвикот :love::love::love:
 
G

grande-juve

Гостин
Еве да спомнам неколку што ептен ме бендисале, а освоиле нешто на Санденс...

Blood Simple, првиот на браќа Коен, одличен трилер
Hannah and Her Sisters, еден од најдобрите на Вуди Ален, кога бил во полна форма,
The Trip to Bountiful, многу топла “on the road“ драма, со врвна глума на Џералдин Пејџ
The Killer, ацииште на Џон Ву
Hoop Dreams, топ 3 документарци што сум ги гледал, со кошарка е поврзано ама испаднало за животот општо.
Аmerican Splendor, биографска комедија-драма за стрип авторот Харви Пикар, многу закон филм ми беше.
Once, преубава романса со преубава музика, мислам познат е на форумов
Searching for Sugar Man, музички документарец со неверојатна приказна, мислам и овој е прилично познат, зема и оскар
Mary and Max, обавезно кој не го глеал
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Јас почнав со првиот од листата: Poison. Ова е вториот филм на Тод Хејнс кој го имам гледано, по Far from Heaven, и за жал не ме воодушеви. Дури и можам да го наречам - лош. Разбирливо, ова е дебито на Тод Хејнс, но сепак (постојат режисери на кои токму првите остварувања им се најдобри). Навистина не знам што видело жирито на Санденс во филмов што му дало главна награда во 1991. Ова е седмиот победник на Санденс кој сум го гледал, и единствено само Beasts of the Southern Wild ми се допадна помалку од него (гледани ми се и Winter's Bone, Like Crazy, Fruitvale Station, Whiplash и Me, Earl and the Dying Girl).

Филмот е екстремно експериментален и се состои од три приказни сосема различни една од друга, снимени во различен манир, различна техника, различни жанрови (драма, хорор/SF и документарец)...
Единствено што ги поврзува е портретирањето на тројца мажи отфрлени од општеството, секој на различен начин и заради различни причини. Првиот дел, „Hero“ е за седумгодишно дете кое го убива својот татко - снимен како документарец, вториот - „Horror“ е за научник чиј налудничав експеримент и обид да екстрахира напивка на сексуалноста го претвора во лепрозно чудовиште кое инфицира и убива сѐ околу себе - снимен како црно-бел хорор од педесетите, а третиот дел, „Homo“ е модерна „бајка“ за затвореник, хомосексуалец кој се вљубува во неговиот цимер во ќелијата.
Секој од деловите остава различен впечаток на гледачот. Мене најмногу ми се допадна „Homo“ делот, затоа што беше најреален, најгледлив, најмалку нападен. Заедно со другите два - филмов станува само очаен експеримент налик на налудничавиот научник од „Horror“ делот, кој убива сѐ пред себе.

Мене ми го уби времето. Meh - 3/10

P.S. Ве убив и вас, а? Би го гледале филмов по ова? Или ќе пропуштите филм, со што ќе го утнете предизвикот? :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
You Can Count On Me - одлична семејна драма, одлично сценарио. Не знаев дека била номинирана за оскар во две категории, од кои и првата од трите номинации на Лора Лини за најдобра актерка. И заслужено беше, барем за филмов! Одличен беше и (тука младиот) Марк Руфало во улога на брат на самохрана мајка (Лини) кој малку скршнал од патот. Обожувам филмови кои можат и да ме насмеат во еден дел од филмот, и да ме натажат во друг, да ме натераат да сочувствувам, и побудат толку многу емоции кај мене, што да не сакам да завршат. Овој беше еден од тие. Навистина бев пријатно изненаден. Препорачувам.

Welcome to the Dollhouse - просечно филмче, coming of age драма-комедија за отфрлено девојче кое наизглед никој не го сака во неговото опкружување. Некако ми недостасуваше поента во филмов, инаку горе-долу, останатото беше во ред.

Мене ми останаа уште два. Другите? До кај сте?
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Овој You can count on me четири дена го чекам да се симне и оп еве го на Телма го даваат
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
You Can Count On Me - одлична семејна драма, одлично сценарио. Не знаев дека била номинирана за оскар во две категории, од кои и првата од трите номинации на Лора Лини за најдобра актерка. И заслужено беше, барем за филмов! Одличен беше и (тука младиот) Марк Руфало во улога на брат на самохрана мајка (Лини) кој малку скршнал од патот. Обожувам филмови кои можат и да ме насмеат во еден дел од филмот, и да ме натажат во друг, да ме натераат да сочувствувам, и побудат толку многу емоции кај мене, што да не сакам да завршат. Овој беше еден од тие. Навистина бев пријатно изненаден. Препорачувам.

Welcome to the Dollhouse - просечно филмче, coming of age драма-комедија за отфрлено девојче кое наизглед никој не го сака во неговото опкружување. Некако ми недостасуваше поента во филмов, инаку горе-долу, останатото беше во ред.

Мене ми останаа уште два. Другите? До кај сте?

The Believer одман спуштај го гледај го. Одличен е. Подоцна ќе пишам нешто плус. Иначе сеа за сеа само два изгледани Welcome to the Dollhоuse и Believer
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.117
Поени од реакции
25.180
Само што го изгледав и петиот филм од предизвикот за јануари, на почеток не планирав да ги гледам филмовиве, али ги затерав првите три па си реков дај ќе ги изгледам и другите два филма чим веќе почнав. Интересна тема, може малце на старт се почна со многу непопуларни филмови и затоа нема толку одзив темава, а може и дека дојде после Film Clubот па доста од членовите се задоволија со тоа. Се надевам дека @Zlatikevichius ќе продолжи да ја тера темава, без разлика на малата заинтересираност. Сеа нешто за филмовите.

Poison
- Искрено не сум сигурен што изгледав. Дефинитивно треба да си во расположение за да го изгледаш филмов и за да ти се свиѓа. Не е everyday movie и дефинитивно не е за секого. На мене искрено не ми се свиѓаше, но за годината во која е излезен сигурно било ремек дело. Филмов има три различни стории, со три различни начини на прикажување на филмот, каде што панорамски сака да ни ги прикаже идентитетот и сексуалноста кај луѓето.

Welcome to the Dollhouse - Реално ретко кој филм прикажал до сега волку прецизен и заебан портрет на тоа како едно младо девојче влага во своите тинејџерски години, за разлика од првиот филм овој позитивно ме изненади и ми се свиѓаше. Dawn Wiener е девојче кое е предмет на заебанции и малтретирање во своето школо, но и родителско понашање кое е на работ на незамарање. Иако е комедија филмот, сепак комичните ствари се доста брутални и доаѓаат од несреќите што и се случуваат на Dawn.

You Can Count on Me
- Убав, паметен и емотивен филм за луѓе кои не се совршени, но се трудат да бидат. Одличното сценарио и одличната глума на братот и сестрата кои сјаат со позитивна енергија го прави филмов да биде must see movie. Дефинитивно од сите пет филма, овој највеќе ми се свиѓаше. Можеби повеќе е посветено внимание на емотивниот приказ на карактерите и поради ова нема некоја коректна и длабока приказна филмов, но сепак филмов вреди да се изгледа.

The Believer - Интересен филм за тоа како еден човек е ставен во средина на две "верувања" и пробува да се пронајде себе си. Обработката на крактерите е феноменална, Рајан Гослинг едноставно кине, но мислам дека филмов во поглед на приказната мораше да влезе малце подлабоко, иако и фака не е лош. Не ми се свиѓаа flashbacksот, можеа да бидат подобро одработени. Ми се свиѓаше филмот, можеби и затоа сакав повеќе приказна, повеќе да не запознае со светот на карактерот. Добар крај дефинитивно.

Me and You and Everyone We Know - Не знам што да кажам за филмов искрено. Не ми се свиѓаше, едвај го изгледав. Сите карактери како да се ментални, ама буквално сите. Почнувајќи од типот што им лепеше пораки на девојчињата, до таткото што си ја запали раката, до жената што се допишуваше со малото детенце на Мирц. Стварно забеган и језив филм. ))<>(( ... forever!

Го чекам февруари со новата тема и новите пет филма. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Само што го изгледав и петиот филм од предизвикот за јануари, на почеток не планирав да ги гледам филмовиве, али ги затерав првите три па си реков дај ќе ги изгледам и другите два филма чим веќе почнав. Интересна тема, може малце на старт се почна со многу непопуларни филмови и затоа нема толку одзив темава, а може и дека дојде после Film Clubот па доста од членовите се задоволија со тоа. Се надевам дека @Zlatikevichius ќе продолжи да ја тера темава, без разлика на малата заинтересираност. Сеа нешто за филмовите.
Poison - Искрено не сум сигурен што изгледав. Дефинитивно треба да си во расположение за да го изгледаш филмов и за да ти се свиѓа. Не е everyday movie и дефинитивно не е за секого. На мене искрено не ми се свиѓаше, но за годината во која е излезен сигурно било ремек дело. Филмов има три различни стории, со три различни начини на прикажување на филмот, каде што панорамски сака да ни ги прикаже идентитетот и сексуалноста кај луѓето.

Welcome to the Dollhouse - Реално ретко кој филм прикажал до сега волку прецизен и заебан портрет на тоа како едно младо девојче влага во своите тинејџерски години, за разлика од првиот филм овој позитивно ме изненади и ми се свиѓаше. Dawn Wiener е девојче кое е предмет на заебанции и малтретирање во своето школо, но и родителско понашање кое е на работ на незамарање. Иако е комедија филмот, сепак комичните ствари се доста брутални и доаѓаат од несреќите што и се случуваат на Dawn.
You Can Count on Me - Убав, паметен и емотивен филм за луѓе кои не се совршени, но се трудат да бидат. Одличното сценарио и одличната глума на братот и сестрата кои сјаат со позитивна енергија го прави филмов да биде must see movie. Дефинитивно од сите пет филма, овој највеќе ми се свиѓаше. Можеби повеќе е посветено внимание на емотивниот приказ на карактерите и поради ова нема некоја коректна и длабока приказна филмов, но сепак филмов вреди да се изгледа.

The Believer - Интересен филм за тоа како еден човек е ставен во средина на две "верувања" и пробува да се пронајде себе си. Обработката на крактерите е феноменална, Рајан Гослинг едноставно кине, но мислам дека филмов во поглед на приказната мораше да влезе малце подлабоко, иако и фака не е лош. Не ми се свиѓаа flashbacksот, можеа да бидат подобро одработени. Ми се свиѓаше филмот, можеби и затоа сакав повеќе приказна, повеќе да не запознае со светот на карактерот. Добар крај дефинитивно.

Me and You and Everyone We Know - Не знам што да кажам за филмов искрено. Не ми се свиѓаше, едвај го изгледав. Сите карактери како да се ментални, ама буквално сите. Почнувајќи од типот што им лепеше пораки на девојчињата, до таткото што си ја запали раката, до жената што се допишуваше со малото детенце на Мирц. Стварно забеган и језив филм. ))<>(( ... forever!

Го чекам февруари со новата тема и новите пет филма. :)
Браво, браво! Секако дека продолжуваме, барем до крај на годинава, ако ништо друго. Мене ми останаа уште последните два, ама ќе ги завршам и нив. ;)

А за февруари ветувам малку поинтересна тема. :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
The Believer - стварно убаво филмче. Сега, не велам дека е перфектно одработено сѐ, но сепак се работи за инди филм (нормално, Санденс) и повторно уметноста трпела заради огранчениот буџет. Затоа нема да мрчам многу за нештата кои не ми се допаднаа. Она што ми се допадна посебно е Рајан Гослинг, пред сѐ. Дечково растури во филмов! Додека гледав, не сфаќав како е можно некој до тој степен да си ја мрази сопствената култура и сопствениот народ, па да сака да ги испоубие сите, но откако прогуглав, сфатив дека всушност тоа е реален проблем кој го имаат многумина во светот. Ми текна и на многу хомофоби кои се всушност латентни хомосексуалци, па преку хомофобијата сакаат да го негираат сѐ она што го чувствуваат (иако споредбава е малку неумесна). Потоа - ептен ми се допадна и крајот! Не можеле на поубав начин да го претстават тоа. Дефинитивно не можеле! Качувањето по скалите и репликата:
"Where are you going, there is nothing there",
само ја зацврсти поентата на филмов и ме наежи од глава до пети.
Убаво!
7/10
ping @Anon (зашто знам дека и тебе ти се допадна)[DOUBLEPOST=1453469142][/DOUBLEPOST]Me and You and Everyone We Know, за крај на предизвикот за јануари за мене - ме уби! Потпомогнат од главоболката која ме држи утрово, впечатокот едвај успеа да се поткрене до глуждови. Воопшто не ми се допадна. Единствено деловите со детенцето и чат-флертот ми беа интересни и смешни. Остатокот - ужас! 3/10
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom