Друже, да ти објаснам и дадам пример. Новите инвеститори отвараат нови фирми во Македонија кои треба да имаат милиони евра за да изградат и опремат нови фабрики. Бидејќи фирмата е нова, нема пари, парите за инвестиции се носат од странска сестринска/мајчинска фирма која на својата нова фирма во Македонија и` префрла пари за инвестиции и тие пари се позајмица и така е секаде во светот. Новата фирма кога во Македонија ќе почне да делува и да работи профитабилно, си ја враќа позајмицата од сестринската/мајчинската фирма. Враќањето на позајмиците е сигурен економски показател дека новите фирми се економски стабилни.
Добро е што ни доаѓаат големи сериозни фирми, кои отвараат фабрики, кои за своите производи имаат обезбедено пазар, кои што работат профитабилно и обезбедуваат работни места и друг економски бенефит за Македонија.