Повеќе од сигурно дека си во право, мислам до таму дека таа фирма нуди прифатливо квалитетен производ за најниска сума пари. Не гледам ништо лошо во тоа. Некој нов овде прашува „која клима?“, краткиот одговор е многу едноставен, па макар и ако личи на спозорирање на Гри.
Но тоа е реалноста. Нека понуди (на пример) застапникот за Фуџитсу нормални цени за нивните клими (колку што коштаат во Србија, Грција, Бугарија, итн) - ќе видиш како без ронка предрасуда мнозинството овде ќе почне(ме) да предлага(ме) да се зимаат Фуџитсу клими.
Уште подобро, тогаш и Гри ќе треба да се соберат малку - како што се распослаа и испозанесоа после првичниот успех (јес да и доларот поскапи, ама сепак осетно ги дигнаа цените).
Можеби не прочита поназад за колку пари (со се патот и сите други трошкови) луѓе си купија одлична 18ка Фуџитсу клима од Грчка? За толку пари овде се продава 12ка хансол моделот од Гри, кој и покрај таа цена овде е нешто како бест-бај.
Што мислиш дека повеќето овде не би сакале да ја имаат таа Фуџитсу наместо Гри? Се разбира дека сите би сакале, ама нема, овде таа клима кошта барем 50% повеќе - благодарение на монополот на Хидросет.
Истото тоа со пренапумпаните цени важи и за другите фирми - ама во помала мера, Фуџитсу се апла со преценети цени овде во Македонија.
Како и да ги завртиш работите, таа е реалноста кај нас. Ни се допаѓало нас тоа или не - Гри сеуште се
најисплатлив бренд.
И пази дека не реков ни најдобар, ниту најевтин - туку едноставно
најисплатлив.